- Член од
- 12 ноември 2008
- Мислења
- 2.095
- Поени од реакции
- 2.925
Овде убаво си е објаснето, така џабе везеш.Ех...
Некоректно е ако „моделот„ за диктатор, кој навистина потекнува од „модерново„ време (ја наведов славната „револуција„, која во суштина е преседан за „државен удар„, односно преседан во кој рајата си го менува и монархот и политичкото уредување...), го проектираш историски/ретроактивно.
Неспорно е дека диктаторско однесување може да се „запримети„ во сите минати/историски уредувања, иако кај нив не постојат идеологии во модерна смисла, но не и во мерка и начин на кој диктаторството е практикувано како во претходниот век.
Сите познати диктатори од XX век се имаат огледано на Французите, поточно Робеспјер (така ги учеше Маркс...), затоа што временски и идеолошки им беше поблизок, отколку огледувањето на лик од Римската Империја, која се води по својот светоглед.
Последно уредено: