Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
19 април 2014
Мислења
425
Поени од реакции
1.227
Дечки знам дека имаше некој што пишуваше за префрлање пари на ибкр преку нлбклик ама не можам да го најдам мислењето.

Ако некој има праќано и сака да напише тука како оди постапката. :)
 
Член од
23 март 2021
Мислења
19
Поени од реакции
82
Дечки знам дека имаше некој што пишуваше за префрлање пари на ибкр преку нлбклик ама не можам да го најдам мислењето.

Ако некој има праќано и сака да напише тука како оди постапката. :)
Прво си префрлаш девизи на твојата девизна сметка а потоа плаќањето е многу лесно. На НлбКлик одиш на девизно плаќање, потполнуваш точни податоци од инструкциите што ти ги пратиле од ИБКР. Следниот чекор е да ги прикачиш документите Client Agreement и докумнтот што ти го дава кога правиш најава на ИБКР за депозит. Шифра на плаќање 514 мислам беше. Провизијата на товар на налогодавач т.е твоја (поинаку немам пробано). Мора да испратиш пари толку колу што си најавил на ИБКР. Во број на документ полето јас го пишувам бројот на мојата сметка на ИБКР и име. Потоа си потврдуваш преку ОТП лозинка на мТокен и тоа е тоа. За некој саат парите ќе ги добиеш на сметката на ИБКР.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
386
Поени од реакции
880
Ја разгледував можноста за работење со хартии од вредност и полагање на испит па ме интересира горе-долу колку плата се зема месечно?
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87

Колку се чувствувам хендикепиран што се затуцав во СТБ. Можноста на НЛБ погоре дебело ме размислува да се префрлам со се таму.
 
Член од
23 март 2021
Мислења
19
Поени од реакции
82
Колку се чувствувам хендикепиран што се затуцав во СТБ. Можноста на НЛБ погоре дебело ме размислува да се префрлам со се таму.
Преку електронското банкарство е многу лесно. Првиот пат кога уплаќав, пошто не знаев што како, бев на шалтер и малку се збуни службеничката па требаше да праша во Скопје да и потврдат ама и тоа помина за некој саат.
 
Член од
11 септември 2008
Мислења
106
Поени од реакции
89
Buy in March Sell in May and Go Away
US100 ТА 22/3/23

Overview
Rounding Bottom на месечен timeframe, green volume неделно над просечно, bullish RSI на месечно, неделно и тргување над 200 дена просечна цена.
Дефинитивно има интерес од големи играчи и останува да видиме дали bear трендот ќе се смени или е само стапица за bulls.

Bullish Scenario
Затварање на месечна свеќа над 12900 ќе биде круцијална за продолжение на мини трендот кој почна од октомври 2022 при што прв таргет би бил 13700 кој е воедно и најважниот левел од цел чарт бидејќи последниот sell off до 10400 почна од овде.
Reclaim на 13700 на месечно ниво веројатноста дека ќе се вратиме на врвот е голема, а не се исклучува можност за почеток на следен bull маркет.

Bearish Scenario
Ако нема затварање месечно над 12900 ќе се изгуби моментум и најверојатно ќе има тестирање на jaчина на тренд до март отварање и од тука веќе нема да изгледа толку добро ако реакцијата на bulls е слаба.

Conclusion
Ротацијата е во big cap tech што е и разбирливо од аспект на посигурна инвестиција,
бидејќи сепак има докажани компании со Positive Cash Flow кои шансите да преживеат во периодот кој следува се поголеми за разлика од mid cap.

GOLD ТА 22/3/23

Overview
Макро трендот е нагоре.
Sideways од 2020 година.
3 годишна акумулација и компресија на цената која што ќе заврши со ескпоненцијален раст или пад.

Bullish Scenario
Ако продолжи силниов тренд нагоре и Q1 заврши над 2000 долари кој што е сентиментален левел над кој што никогаш нема затворено месечно и се задржи над 2000 долари барем месец дена и стане support, Leonardo Fibonacci вели 3200 долари е следно.

Bearish Scenario
Ако изгуби моментум кој што гледам веќе се случува најверојатно ќе ги пополни гаповите од последниот месец а не се исклучува и можноста да се врати под 1800 долари и да елиминира левериџ позиции после еуфоријава.
Статистички Q2 и Q3 не се добри за металите.

Conclusion
Trade the charts, not the news.
;)

Take profit and enjoy summer!
 
Член од
3 мај 2021
Мислења
2
Поени од реакции
1
Ја разгледував можноста за работење со хартии од вредност и полагање на испит па ме интересира горе-долу колку плата се зема месечно?
И мене ме интересира истово. Дали некој знае подетално да сподели која е процедурата за да се стане брокер ?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.650
Поени од реакции
5.359
Ја разгледував можноста за работење со хартии од вредност и полагање на испит па ме интересира горе-долу колку плата се зема месечно?
Zavisi sto sporeduvas primer ako imas da investiras sam 0€ za pocetok togas platata e pogolema od toa sto bi go napravil ako trguvas za sebe
Ako imas da stavis poceten kapital i do tolku ja razbiras temava da si trguvas za sebe ke zemes poveke pari od bilo koja brokerska kukja sto ke ti ponudi plata vo mkd
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
По можност не го прави фундингот преку Стопанска. Јас пробав првиот пат преку нив, а и други членови на форумов исто пробале, неуспешно. Многу замараат, ти бараат некои рандом документи и непостоечки потврди, и те вртат до бескрај. На крај се изнервирав си ги земав парите и отидов во НЛБ, завршив работа за неколку минути без никакво замарање. Исто други членови ги спомнаа КБ и Шпаркасе дека се ок со праќањето пари. Се освен Стопанска!

А инаку во врска со што ти треба за да пратиш пари на ИБКР сметката, треба првин во системот на ИБКР да направиш Deposit Request да најавиш дека планираш да ставаш пари, ќе ти дадат тие банкарска сметка и детали за СВИФТ трансакцијата, го печатиш тоа, заедно со Account Confirmation Letter, и со тие 2 документи одиш во банка и кажуваш дека сакаш да пратиш пари во странство преку СВИФТ, и банкарите ќе средат се што треба.

Парите обично стигаат на ИБКР после неколку часови, и веднаш ќе ти се додадат на твојот баланс во апликацијата.

Побарај низ темава, имаше неколку детални дискусии околу ова порано.
Фала ти многу. А ако немам сметка на НЛБ како можам да го изведам ова најлесно.
Со кеш да ојдам бива :D ?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.650
Поени од реакции
5.359
Фала ти многу. А ако немам сметка на НЛБ како можам да го изведам ова најлесно.
Со кеш да ојдам бива :D ?
Pa ne znam za so kes zavisi so kolku kes ke pojdis, ama za da izvadis so licna karta treba da e polesno :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Со новиов закон, треба да се плаќа данок на капитална за акции купени пред 1.1.2023? И дали тоа за неплаќање во случај на поседување повеќе од 2 години евентуално важи и за странски акции?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
И темава замре а и беше малку пре шорт терм техникал. Обично нубови така тргуваат. Ај да видиме. @BilboBaggins pred 5-6 strani se e objasneto. Изгледа и ова ќе се прогласува како умрено. Само за глупости остана форумов.
 
Член од
17 март 2023
Мислења
6
Поени од реакции
1
Добар ден луѓе, почетник сум на IBKR и имам едно прашање ако може некој да ми објасни. За почеток инвестирав нешто ситно околу 200 евра, ми пристигна дивиденд од 0,29 долари, дали има потреба тој да се пријави во УЈП и како би го пријавил? Исто така дали треба да се плаќаат други даноци или само кога ке ги продадам акциите и извадам парите?
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Колку се чувствувам хендикепиран што се затуцав во СТБ. Можноста на НЛБ погоре дебело ме размислува да се префрлам со се таму.
Мене во СТБ баш преска ми кажаа дека може преку e-banking-от што им е да се среди и кај нив. Мада утре ќе одам да видам што ќе направам со funding-ot .
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Мене во СТБ баш преска ми кажаа дека може преку e-banking-от што им е да се среди и кај нив. Мада утре ќе одам да видам што ќе направам со funding-ot .
Изгледа почнал да им иде умот. Ако ова со е-банкингот и прошљака, ептен ќе го фатат трендод.
Види те молм како ќе поминеш со ебанкингот и што треба па сподели.

Поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom