...читам, убави искуства споделувате, како да се применуваат забранети супстанции на „коректен начин“, мислев дека си коректен член на поинаков начин, ама очигледно си опасност за околината, а и за самиот себе!
да, споделуваме искуства.
не, во тој цитат не зборувам како се применуваат забранети супстанци на ,,коректен начин", туку со што се прска марихуаната во светот и во Македонија, а го пишав од причина за конзументите тука на форумов што се регистрирани или само читаат да можат да приметат кога има синтетика во марихуаната, како и поради тоа што вашата генерација сеуште мисли дека марихуаната ја прскаат со спрејови за коса или некои други морбидни работи, па затоа била толку јака, хаха.
не можам да бидам опасност за околината затоа што конзумирам од 14 години и тоа за тебе незамисливи работи, продуктивен сум далеку повеќе од тебе секојдневно, може и повеќе пари да правам од тебе иако сум помлад, а сево ова е поради тоа што како дете сум читал вакви постови кои ме натерале да истражувам и да пазам што конзумирам, а ако конзумирам, да направам се што е можно да ја намалам потенцијалноста за било каква психофизичка штета.
кога ќе сфатиш дека за психотропните супстанци треба да се разговара отворено и да се разговара околу harm reduction за истите, ќе увидиш дека темава е една од подобри на форумов кои што можат и да спасат нечив живот.
Батали било што од стимуланси освен кафе и црн чај.
Амфетаминот е катастрофален иако е најмалку штетен споредбено со кокаинот,метамфетаминот и екстазите.
Кај мене лично создаваше психолошка еуфорија првите 2-3 саати,потоа телесна еуфорија пропратено со екстремна желба за секс и перверзии.Целата крв после 2-3 саати ми се сконцентрираше во делот околу пенисот и задникот.
Зголемениот фокус е константен(единствено нешто за што вреди да се користи),ги зголемува грандиозните фантазии(овоа е една од причините зошто се закачува параноја од амфетамин),социјална самодоверба хард-кор итн итн...
Во целиот процес може да се јави и анксиозност од време на време.
Севкупно е многу лоша дрога,дрога која е најзаслужна за еден куп психолошки пореметувања,најчесто депресија и параноја.
Многу луѓе што ги познавав од порано не се повеќе истите,некои спасот почнаа да го бараат во православно христијанство,други западнаа во лоши психолошки трипови,а еден од најтешките случаеви е веќе години наназад на антипсихотици.
Амфетамин само во случај на студирање или ако си со девојка цела вечер и знаеш дека ќе падне секс.
Настрана од овоа,никако!
кафе и црн чај и не е некој стимуланс (како и сите) кога секој дневно ги конзумираш.
за мене лично амф е мојот drug of choice, сум го конзумирал можам да кажам од дете, секогаш со паузи од по неколку месеци, некогаш и година проаѓало без истиот да го чепнам иако ми го нуделе у меѓувреме, никогаш не сум го конзумирал без контрола т.е огромни дози или константно да редозирам или не спијам, секогаш било пропратено со витамини, минерали, терање сам себе да јадеш барем малку, никако дозирање ако имам обврски утредента или пак ако за кратко време планирам да заспијам.
за мене е неспоредлив со кокаинот, иако и кокаинот е интересен, едноставно амф е тоа на што можат да се водат некои многу јаки разговори, можеш да си екстремно продуктивен, добар е и во социјална средина, има стварно многу примени и не е ни чудо што се користел назад во историјата во одредени моменти, додека кокаинот повеќе ме става во стање кај што се нешто чекам да почне, двете супстанци имаат некоја своја примена и свое место, ама ја сепак амф преферирам.
со претпоследниот/последниот дел се сложувам, реално најголема штета што сум видел кај конзументи било прво од табли, а потоа од неспиење од амф, реално амфот е многу сериозна супстанца и не е баш за неодговорни луѓе кои влагаат у скарфејс филмови кога мркаат, па после не спијат, редозираат и почнуваат аудио и визуелно да халуцинираат - сум бил сведок на вакви работи и можеби е тоа причината поради што секогаш сум се понашал одговорно и со почит спрема супстанцата.
Се глеа дека си информиран за претпазливи мерки,тука би додал и 5-HTP таблети и можеш слободно бензо(диазепам,лоразепам..итн) да земеш ако сакаш побрзо да спиеш и да ублажиш краш.
Немам пробано одамна но од тоа шо случајно иам видено не мириса како порано а и порано имаше амф паста шо е премиум верзија на амф и порано повеќе се носеше од татариве и централна Европа.Ова маде ин мацедониа е када микс у некој затуцан стан или куќа без фасада.
5-HTP е ок, ги има секаде и низ Македонија во облик на таблети, ама тоа ми е повеќе доколку бинџаш или пак јадеш МДМА, затоа што амфетаминот при некои помали дози не би ти го исцрпил толку сератонинот, дури и некогаш ден после амфет се чувствуваш свежо (реткост, обично првите пати).
углавном, амф не секогаш (поготово ако не конзумираш често или многу) ќе те стави во депресивно стање утредента.
амф паста има и во Македонија, чистотата на амфот у Македонија не е за замерување (нормално ако имаш добра шема) затоа што во Македонија до пред неколу години Зарубица имаше лабараторија, а и амфот не е воопшто тежок да се исчисти од причина што многу од работите кои што се користат за сечење на истиот се раствораат во одредени течности, а амфот не.
Tooa so seks i perverzii vi e oti shmrkate efedrin i methkaninon koi gi turaat od 2019ta pa nataka vo grutkite...
Da ne se chudite od sho vi e .. amf ne e seks droga
не е точно, амф дефинитивно е афродизијак исто како што е и метамфетаминот, буквално на амф можеш да влезеш у еден loop каде што 20 саати ќе мастурбираш од првото палење на порно.
адералот што им го даваат у САД не е само еден вид на амфетамин, туку четири различни видови на амфетамински соли плус се работи за ептен помали дози него што кога се користи паста.
јас ќе се сложам со
@Dopamine и ќе ти кажам дека на амф можеш да се чувствуваш премногу напалено и да имаш камен тврди ерекции, плус ако го мешаш со алкохол ќе резултира во тоа уште повеќе да си напален.
Amphetamine, methylphenidate, and methamphetamine are phenethylamine derivatives which are known to increase libido and cause frequent or prolonged erections as potential side effects, particularly at high supratherapeutic doses where sexual hyperexcitability and hypersexuality can occur
...јас сум медицинско лице и имам блиски средби токму со ваква категорија на пациенти, ве читам, ама кога гледам ,,водушевување,, и описи како да се комбинира и ,,испрска,, забранетите супстанции, посебно потенцирање како наречена ,,секс супстанца,, , а тука читаат млади кои може имаат ерективни проблеми морам да реагирам, добронамерно, да не се земе погрешен правец во дискусијата, а сега како е пролет се активираат и зависниците и муабетите околу ,,дрогите,, што со закон се забранети за конзумирање, а богами и за промовирање.
...министерство за здравство троши големи ресурси за ова категорија на најчесто млади пациенти кои токму од вакво читање и ,,ај да пробам,, да биде фит, влегува во тој лавиринт каде тешко се излегува.
...читам какви искуства, дури и дилерски има!
интересно е како ти имаш блиски средби со такви лица, а притоа не ти е ОК на јавен форум да се информират луѓето во врска со психотропни супстанци, тоа ме заплашува.
дали знаеш дека доколку си информиран за супстанци, начинот на кој што функционираат и како да избегнеш несакани дејства или зависност може да го намали бројот на такви лица со кои што ти се среќаваш?
дали знаеш дека со стигматизирањето само правиш тинејџерите да посегнат по тоа забрането јаболко?
ние не разговаравме тука КАКО, туку со ШТО се прска марихуаната, ваљда подобро ќе беше да не дискутираме, нека се дават луѓево во синтетички канабиноиди кои те ставаат у уште поголема шанса да добиеш психоза или шизофренија (ако имаш предиспозиција) него регулар трава.
на кој начин ние тука промовираме дрога? скоро сите тука што коментираме и што имаме искуство со овие работи имаме пишано милион пати на темава дека до одредена возраст кога човекот психофизички се развива не ни треба да се конзумира било што и дека конзумирањето бара одредена зрелост и инфоримрање, ама нејсе, ти се фаќаш за тоа што ти одговара.
ти смееш да конзумираш, како не смееш? не смее државата тебе да те казни затоа што отров внесуваш у себе, лол, не постои таков закон.
имаш член 215 од КЗ кој што е производство и/или пуштање во промет и член 216 од КЗ кој што е овозможување на друго лице, единствените закони поврзани со дрога, не постои закон кој тебе ти забранува да внесеш нешто во сопственото тело затоа што тогаш се работи за човекови права.
министерството да трошеше повеќе пари на информирање на младите, носење зависници по школи да им зборуваат и слично можеби немаше пола младина да е осакатена од дрогирање (поготово во Скопје), а не зависниците да ги лупате на метадони па да ,,снемува" метадон на неколку недели или месец за да ги вратите на жуто.
у држава каде што пола население ни е на бензодиазепини и тоа на сериозни дози каде што веќе има потенцијален апстененцијален синдром, ние тука стигматизираме супстанци кои ако ништо друго не носат физички болки при апстинирање.
сврти неколку страници и види дека имаме пишувано дека НЕ СМЕ ЗА ТОА ДА КОНЗУМИРА НИКОЈ ДРОГА, ТУКУ, ДОКОЛКУ КОНЗУМИРА ИЛИ ПЛАНИРА ДА КОНЗУМИРА, ДА СЕ ЕДУЦИРА И ИНФОРМИРА СЕ СО ЦЕЛ ДА СЕ ЗАШТИТИ СЕБЕСИ И ДА НАМАЛИ БИЛО КАКВИ ПСИХОФИЗИЧКИ ПОСЛЕДИЦИ КОИ НАСТАНУВААТ КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОНЗУМИРАЊЕ НА БИЛО КОЈА СУПСТАНЦА.