Мислам дека саакат-не сакаат, ќе мора да удрат но сепак мислам дека имаат и страв да офанзивата не успее да направи нешто значително или пак не успее воопшто и тој страв е тоа што воглавно ги спречува да ја започнат. Ако доживеат неуспех тогаш многу веројатно нема да имаат друга шанса а со тоа отиде цела држава, буквално на коцка е иднината на Украина и Украинците. Ако е вистина муабетот со Залужни тогаш тоа е сериозен удар за украинските планови.
ВСУ откога ја почна контраофанзивата кај Харков јуришаше се до Лиман каде што ВСРФ се бореа долго време за да стигнат резервите и направат одбранбена линија долж границата на реката Оскил и ЛНР а ВСУ до ден денес не успеа да ја пробие таа линија која е исто така засилена како и на југот во Запорожје. Мислам дека нема тука да нападнат Украинците бидејќи до сега не успеаја а и да направат офанзива и да биде успешна и да го заземат на пример Старобилск, ова е несомнено силен удар но сепак не е удар кој би ја нокаутирал РФ како пресекот на кримскиот "копнен мост".
Мислам дека ВСРФ нема да прават офанзиви туку ќе ги чекаат Украинците. Единствено може како Бахмут да делкаат дел по дел пример во Авдеевка. Но освен Авдеевка, мислам дека најверојатно е дека ќе одат накај Часив Јар или Сиверск.
Секако ова е мое аматерско гледиште.
@Klinton ти како човек со воено искуство, кое е твоето гледиште каде би одела војната од тука?