... те почитувам оти си од постарите генерации, па нема да се налутам на коментарот, оти ова навистина е форум и може било кој на било која тема да одговара, праша, пишува или забавува, а да не биде претендер за сопственост на форумов.
... тоа што ти така ме доживуваш не сум јас крива, туку твојата перцепсија и твоето нетолерантно прифаќање на можни поинакви размислувања, па повикување на твојата проѕирност и во име на други „медицински лица“ на форумов, (наивно, од каде би знаел кои се тие) сакаш да ме деградираш, ама јас сум си обичен член, прочитај ми ник „бијонс“ ми е, а и другите, не читам некои членови со посебни медицински титули, нели Стерн?
... ако те заменам во сала што би работел ти на клиника? значи не треба да се „жалиш“ за тие 4 закажни операции, затоа што тоа ти е професијата, ти си ја завршил супспецијалноста и треба да бидеш среќен за тоа, а не да се жалиш, па уште јас да те заменам.
... дигестивната хирургија бара смиреност, концентрација и спремност за непредвиденото, но тоа не значи да бидеш нервозен овде на форумов, напротив ако некој, еве на пример како мене не соодејствува со твоето мислење, дај да пишуваме цивилизирано, без разлика ако позади никот стои девојче, женска, жена, тетка, мајка, баба, ментор, професор, било што, штом те цитирам значи те ценам, а ти го сфаќаш тоа како негативно,
... да беше покана за кафе или слично можеби ќе те изненадев, ама вака да те заменам, не личи за пациентите, нели?
(штета што сум премногу проѕирна и да дојдам нема да ме видиш, ако читаш меѓу редови!
)