ТОМОС за Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија, Јустинијана Прима

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.926
Поени од реакции
5.066
Класично извртување!
Да не е случајно Вартоломеј избрза и сакаше да даде регистрира некаква си нова црква во Македонија па да доделува свој томос?
Погледни ја хронологијата и достапните информации, од кога се започнати преговорите со СПЦ за добивање на томосот и кој посредуваше во сето тоа.
Сега е потполно небитно „кој беше првиот„.

Вартоломеј, во обид да го „реши„ проблемот од МПЦ-ОА по веќе „утабаната„ шема (како „решавањето„ со ПЦУ...), упати кон истата нешто кое повеќе наликуваше на уцена и омаловажување, отколку на признавање, во времето кога преговорите меѓу СПЦ и МПЦ-ОА беа прекинати и паузирани, од за мене непозната причина.

СПЦ се сети дека сега е моментот на признавање на МПЦ-ОА, покрај толку децении непризнавање и покрај веќе почнати и никад довршени разговори меѓу СПЦ и МПЦ-ОА. Томос од Вартоломеј кон МПЦ-ОА не „пристигна„, ама затоа стигна томос од СПЦ.

Има мубаети дека СПЦ ја призна МПЦ-ОА на „намигнување„ од РПЦ, што е многу веројатно, имајќи на ум дека СПЦ и РПЦ имаат добар муабет, а РПЦ и Вартоломеј нешто не се поднесуваат...и ете прилика за себепромовирање на СПЦ за фактор во признавањето и доделувањето томос од СПЦ кон МПЦ-ОА.

СПЦ не пропушти да ја повтори веќе напишаната уцена од Вартоломеј, дека МПЦ-ОА ќе мора (пак, аман више!) користењето на своето име да го решава во преговори со гркофоните Цркви. А гркофони Цркви има пола дузина!...

Убајна!....Аирлија томосот! Со среќа во „преговорите„ со Елините, односно Грците, односно Хелените, односно Македонците!....
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.447
Поени од реакции
5.165

Секако дека за крајниот исход не е важно “кој беше првиот“, но е многу значајно за да се согледаат и разберат работите!

Точно Вартоломеј се обиде и не успеа.
СПЦ не се сети туку некој и шепна да се сети. Исто како што некој цело време и шепкаше на СПЦ да го држи прашањето на МПЦ-ОА отворено.
Секако е познато дека се работи за два центра кои имаат свои интереси.

Не се само муабети, сепак се работи за настан од поголем значај, но онаа што мене лично ми се допаѓа е што со овој ТОМОС македонците добиваат и на духовен но и на политички план, сепак како што велиш нели резултатот се брои.

Тоа што СПЦ издала томос не значи дека во таа иста СПЦ нема кругови кои и понатаму се на страната на Фанарот и дека и понатаму ќе се обидуваат да ги усложнуваат односите помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ исто како и односите помеѓу Македонците и Србите, оној што мисли дека нема да има такви обиди не треба да се занимава со овие работи.
Околу препораката таа и понатаму само останува препорака и најмногу ќе зависи од прифаќањето или одбивањето на МПЦ-ОА.

Не сум дел од клирот така да твоето “Аирлија“ би го прифатил како Македонец на кој му значи добивањето на томосот, така да Благодарам!

П.С.
Се надевам нема сега и ти да ги мешаш поимите Елини и Грци или тоа само така попат го правиш;)
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Сега е потполно небитно „кој беше првиот„.

Вартоломеј, во обид да го „реши„ проблемот од МПЦ-ОА по веќе „утабаната„ шема (како „решавањето„ со ПЦУ...), упати кон истата нешто кое повеќе наликуваше на уцена и омаловажување, отколку на признавање, во времето кога преговорите меѓу СПЦ и МПЦ-ОА беа прекинати и паузирани, од за мене непозната причина.

СПЦ се сети дека сега е моментот на признавање на МПЦ-ОА, покрај толку децении непризнавање и покрај веќе почнати и никад довршени разговори меѓу СПЦ и МПЦ-ОА. Томос од Вартоломеј кон МПЦ-ОА не „пристигна„, ама затоа стигна томос од СПЦ.

Има мубаети дека СПЦ ја призна МПЦ-ОА на „намигнување„ од РПЦ, што е многу веројатно, имајќи на ум дека СПЦ и РПЦ имаат добар муабет, а РПЦ и Вартоломеј нешто не се поднесуваат...и ете прилика за себепромовирање на СПЦ за фактор во признавањето и доделувањето томос од СПЦ кон МПЦ-ОА.

СПЦ не пропушти да ја повтори веќе напишаната уцена од Вартоломеј, дека МПЦ-ОА ќе мора (пак, аман више!) користењето на своето име да го решава во преговори со гркофоните Цркви. А гркофони Цркви има пола дузина!...

Убајна!....Аирлија томосот! Со среќа во „преговорите„ со Елините, односно Грците, односно Хелените, односно Македонците!....
Мислам дека и оваа прикаска многу се врти за врската меѓу СПЦ и РПЦ
Ама некако никој не ги споменува редоследно настаните што се случија

1. Вселенската патријаршија издава известување во кое бара да си го решиме статусот на црквата со СПЦ и исто спомнува дека приматот на црквата потпишал дека прифати да не се користи терминот македонски во името на црквата.

2. СПЦ ја враќа МПЦ во автономен статус ист како од 1959 та.

3. СПЦ издава томос во кој ДВА ПАТИ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДА СЕ ПРЕГОВАРА за името.

Ако може некој да ми одговори што бара СПЦ да ги вметнува интересите на фанар во томосот?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.926
Поени од реакции
5.066
Не се само муабети, сепак се работи за настан од поголем значај, но онаа што мене лично ми се допаѓа е што со овој ТОМОС македонците добиваат и на духовен но и на политички план, сепак како што велиш нели резултатот се брои.
Не ја спорам потребата од „решавање„ на статусот на МПЦ-ОА и нејзините односи со другите помесни Цркви.

Туку, каква е користа која Македонците ја добиваат на „духовен план„ од добиениот томос? Еве, јас сум дел од верниот народ од МПЦ и томосот кај мене не промени ништо во веросиповеста (се‘ уште се исповедам за правоверен...), туку создад револт кон односот и начинот на кој тој толку посакуван томос е добиен...

А политичката корист, која е?...Зашто ја вметнуваш политиката во духовноста?
Автоматски споено мислење:

Не сум дел од клирот така да твоето “Аирлија“ би го прифатил како Македонец на кој му значи добивањето на томосот, така да Благодарам!
Молам...
Јас сум дел од верниот народ (пишав погоре...) и томосот ич не ми прај мерак, особено не вака стекнат...и подарен.
Автоматски споено мислење:

П.С.
Се надевам нема сега и ти да ги мешаш поимите Елини и Грци или тоа само така попат го правиш;)
Не, не ги мешам, туку само укажувам на тежината и опасноста од „преговорите„ за името кое МПЦ-ОА ќе мора (!) да го стори, водејќи преговори со припадници од народ кој своето национално име го менува „по потреба„, па затоа денешниве Грци (кои се Грци колку што сум јас Кинез...) се именуваат де за Елини, де за Хелени, де за Грци, па чак и Македонци....замисли.

Тешко си го на преговорите со превртливи луѓе...
Автоматски споено мислење:

Мислам дека и оваа прикаска многу се врти за врската меѓу СПЦ и РПЦ
Ама некако никој не ги споменува редоследно настаните што се случија

1. Вселенската патријаршија издава известување во кое бара да си го решиме статусот на црквата со СПЦ и исто спомнува дека приматот на црквата потпишал дека прифати да не се користи терминот македонски во името на црквата.

2. СПЦ ја враќа МПЦ во автономен статус ист како од 1959 та.

3. СПЦ издава томос во кој ДВА ПАТИ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДА СЕ ПРЕГОВАРА за името.

Ако може некој да ми одговори што бара СПЦ да ги вметнува интересите на фанар во томосот?
И уште едно битно прашање; од каде е моќта и правото од Фанар да издава томоси за нечија автокефалност?...
Ако Руската Црква се гледа себе си за „Трет Рим„, тогаш од неа треба да се бара и очекува издавање „документ„.
 
Последно уредено:
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
И уште едно битно прашање; од каде е моќта и правото од Фанар да издава томоси за нечија автокефалност?...
Ако Руската Црква се гледа себе си за „Трет Рим„, тогаш од неа треба да се бара и очекува издавање „документ„.
Еве вака јас да пробам да одговорам од она што разбирам.
Томос е документ кој има за цел да канонизира некој статус на црква или некој однос помеѓу цркви.
Има томос за доделување епархии, томос за признавање цркви(признавање афтокефалии), ама има и томос за ДОДЕЛУВАЊЕ афтокефалија.
Томосот на СПЦ доделува афтокефалија на МПЦ со томосот.
Според мене, побитно прашање е, зошто луѓето ова глатко го прифаќаат? НЕ е исто црква да ти издаде томос во која братољубиво ти го прифаќа статусот на црквата за кој МПЦ си се избори, и да ти додели томос.

Пак ќе прашам, зошто мораше томосот на спц да ја вметни препораката за преговарање за името ДВА ПАТИ?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.926
Поени од реакции
5.066
Според мене, побитно прашање е, зошто луѓето ова глатко го прифаќаат? НЕ е исто црква да ти издаде томос во која братољубиво ти го прифаќа статусот на црквата за кој МПЦ си се избори, и да ти додели томос.
Веројатно се работи за лично убедување дека документирните договори или обврски, ставени на хартија, „гарантирани„ со потписи и печати, по автоматизам и сами од себе решаваат или спречуваат одредени посакувани или непосакувани нешта и состојби....
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.447
Поени од реакции
5.165
Туку, каква е користа која Македонците ја добиваат на „духовен план„ од добиениот томос? Еве, јас сум дел од верниот народ од МПЦ и томосот кај мене не промени ништо во веросиповеста (се‘ уште се исповедам за правоверен...), туку создад револт кон односот и начинот на кој тој толку посакуван томос е добиен...

А политичката корист, која е?...Зашто ја вметнуваш политиката во духовноста?
Ако навистина не ги гледаш придобивките од томосот тогаш не вреди никаква елаборација, ти си одлучил дека нема придобивки и тука завршува целиот муабет.
Сепак еве мал обид, ако решението на спорот помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ произведе релаксација тогаш некои надворешни и внатрешни фактори многу тешко ќе може да се повикуваат на проблем кој е решен и неговата употреба во политчки цели е нецелисходна.

Јас сум дел од верниот народ (пишав погоре...) и томосот ич не ми прај мерак, особено не вака стекнат...и подарен.
Ма јасно е дека томосот тебе не ти праи мерак проблемот е што ти се обидуваш да им го расипеш меракот на другите во случајот на Македонците.

Не, не ги мешам, туку само укажувам на тежината и опасноста од „преговорите„ за името кое МПЦ-ОА ќе мора (!) да го стори, водејќи преговори со припадници од народ кој своето национално име го менува „по потреба„, па затоа денешниве Грци (кои се Грци колку што сум јас Кинез...) се именуваат де за Елини, де за Хелени, де за Грци, па чак и Македонци....замисли.

Тешко си го на преговорите со превртливи луѓе...
Ако мислиш на некакви преговори помеѓу МПЦ-ОА и гркофонските цркви тоа е за сега невозможно (прво мора да се смени односот на Грците кон Македонците), инаку таквите процеси траат со децении па и со векови, во случајот никаков Црпе не може да биде употребен.
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Може некој поддршувач на томосов да објасни зошто едноставно томосот мораше да содржи препорака за преговарање за името со елиноговорните цркви?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.447
Поени од реакции
5.165
Може некој поддршувач на томосов да објасни зошто едноставно томосот мораше да содржи препорака за преговарање за името со елиноговорните цркви?
Верувам имаш очи, уши и нешто меѓу ушите но постојано инсистираш на недоносени прашања, зошто?

Никој од оние што го прифаќаат Томосот не рече дека го прифаќа и оној дел во кој се препорачува разговори со гркофонските цркви околу спорни прашања, туку го прифаќа оној дел во кој за ПРВ ПАТ во познатата историја се има томос за ПРИЗНАВАЊЕ на МАКЕДОНСКА црква која е наследничка на Охридската Архиепископија. По се изгледа вам ви смета тој дел, а за да се маскира се фаќате за делови од томосот кои немаат никаков значај за МПЦ-ОА!

Како што реков зошто СПЦ вметнала и таква препорака е за нив не за нас Македонците односно МПЦ-ОА, а верувам тоа го направиле за да не ги целосно раскинат односите со гркофонските цркви, моја претпоставка не можам да тврдам.

Бидејќи при отварањето на темата пред се имав во предвид ИМПЛИКАЦИИ од ПРИЗНАВАЊЕ на МАКЕДОНСКА Православна Црква - Охридска Архиепископија, еве да речеме ти се фати за препораката во томосот, па повели запознај не со твоето гледиште, какви импликации ќе има таа препорака во томосот???

Понатаму ако веќе инсистираш запознај не и со твоето гледиште за импликациите во Македонија и регионот од ваквиот чин на СПЦ и РПЦ за ПРИЗНАВАЊЕ на МПЦ-ОА, што според тебе е спорно и какви чекори би можеле во иднина да очекуваме од гркофонските цркви, дали се тие од некаков значај за Томосот и признавањето на МПЦ-ОА??????

Морам да признам дека вешто се маскираш и водиш инфантилна “расправа“ за небитни прашања, со замена на тези сакаш препораката да ја ставиш на место кое не и припаѓа, а цело време одбиваш да прифатиш дека Томосот е Признавање на МПЦ-ОА, онаа што е инаку порака на секој томос признание на фактичка состојба и никако не препорака, не се издава томос за препорака туку за признавање!
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.781

Томосот се прифаќа комплет со сите обврски во кои спаѓа и прифаќањето на распопот Вранишковски а и обрската МПЦ да си го смени името во Црква на Северна. Тоа се импликациите од прифаќањето на томосот од СПЦ.
 
Ова ти се сони или само изнесуваш скриени желби?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.447
Поени од реакции
5.165
Секој документ се чита и толкува од почеток до крај а не само деловите што ти се допаѓаат.
...така е постои документ и постои интерпретација, твојава е карактеристична за дислексични капацитети...

И што ќе правиш кога нема да се смени името на МПЦ-ОА, ќе се отселиш ли конечно?
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.781
...така е постои документ и постои интерпретација, твојава е карактеристична за дислексични капацитети...

И што ќе правиш кога нема да се смени името на МПЦ-ОА, ќе се отселиш ли конечно?
Поентата е што ем името ќе го сменат ем расколникот владика ќе го направат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom