Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    732

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.968
ова е све дел од играта што би рекол Клинтон, гудеријанска превара им праат. Они напаѓаат у Белгород, русите ја праќаат целата армија во Белгород и после украинците маршираат до Севастопол и го блокираат Керчовиот теснец.
Ни Владивосток не е далеку, ако не одиш пешки. :unsure:
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.810
Поени од реакции
10.667
@old_School_mk
Лепи, ај пред да ме блокнеш и мене…
Само на брзанка една идеја да ти дадам!

Кога ќе ја делите и парчосувате Русија…
Ургирај таму, негде на 40-та паралела, нека остават америте некоја бавча од 25000км2! Може?

Ако бидне.. Зета Македонија ќе ја правиме ;)
У Нато у ЕУ со све, со тапија…
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Конечно нормален одговор...

Ај по ред. Во мојот оригинален пост го има ова:


Ете мое мислење зошто навистина се војувало за Бахмут.

Дека Русите не можат да си дозволат загуби - се согласувам, но ако историјата ни покажала нешто до сега, тоа е дека Русија не штеди луѓе за да го добие она што го сака. Но нажалост за нив во оваа војна, голем дел од младото население не мисли дека вреди да гинат во неа, а од друга страна освен економијата не ја пренасочат целосно кон воено производство, може да останат и без опрема, така што во доста лоша ситуација се.
Украина е во полоша ситуација, но како што кажа - оваа војна е егстистенцијална за нив, така што немаат многу избор.

Русија го освои Крим во период кога Украинската армија беше скоро непостоечка. Од тогаш до сега многу работи се сменија, а Украинската армија е посилна од било кога. Пак ќе прашам, ако целосно го срушат Кримски мост, што ќе биде планот? Русите ќе се снабдуваат преку вода и воздух со опрема? Зашто ако Украина реши силно да притисне, Русите нема да имаат доволно ресурси да се одбранат со она што веќе го имаат (ете пишав дека Украина сè повеќе спроведува воздушни напади на воени мети на Крим).

Дека ПВО на Украина е деградирано? Не се согласувам. Константно добиваат нова опрема од САД. И ако Русите вршеле напади на први линии, Украина врши многу повеќе. Ете баш последниот пост на @Ne_sum_ja ми дојде интересен. Нов напад на Руска територија.

Околу офанзивата... Веќе имаа еднаш многу успешна офанзива. Точно дека Русите се подобро утврдени овојпат, но и Украинците имаат подобра опрема и поголем морал. Русија дека ќе прави офанзива? Ми нема никакви шанси.
Супер одговор, особено за Бахмут, кој има логика.

Но моето мислење е дека, ако едната страна, еве Русија ги чини тоа градче премногу луѓе и ресурси, зошто трошеа толку време и енергија да го земат? Не велам дека не си во право, но мислам дека е неоправдано да трошат толку ресурси за нешто не вреди толку. Мора да има некоја корист.
Дали тоа е трошењето на Украинската армија, дали со тоа спречуваа офанзива на Украинците, дали е битен симболички, дали е битен центар каде поминуваат неколку рути.... мора да има нешто за кое што ангажираа толку многу ресурси таму.

Во врска со начинот на војување на Русија, да, донекаде тоа е точно, иако во последните војни во кои учествуваше Русија, тоа беше повеќе во Американски стил.
Но сепак, Русија војува против добро вооружен противник, остаток од она што беа една земја, со слични капацитети. Оттука, бројот на жртви мора да е висок, неминовно.

Во врска со Крим. Крим е полуостров, поврзан со копното со коридор широк неколку километри, и уште еден дел кој поголем дел од годината е поплавен, непрооден.
Бранењето на Крим е лесна задача. Ако некогаш дотука стасаат Украинците, во што се сомневам, Русија веќе гради повеќе слојни линии за одбрана во близина на фронтот.
Русија, покрај Америка е една од најголемите воздушни сили, што значи дека можат да го снабдуваат Крим преку воздух како и преку вода, бидејќи Русија држи апсолутна контрола над брегот, Украина тука нема ништо што може да ја загрози морнарицата на Русија.

Но дури и да успее некако Украина да навлегува на Крим, што ќе направат на подолгорочен план, Крим е Руско население.

ПВО на Украина не е уништено во целост, сеуште е функционално, но очигледно е дека е деградирано. Веќе не можат да ги бранат првите линии, Русија врши воздушни напади со наведувани бомби.
Нема Русија развиено капацитети за да изврши комплетно потиснување на Украинската ПВО, но секојдневните воздушни напади со дронови и крстосувачки ракети го трошат Украинското ПВО, како и што повремено Русија ги гаѓа баш самото ПВО.

Од Украинска страна, не можат да летаат авиони на стотици километри од фронтот на поголема висина, бидејќи веднаш ќе бидат соборени. Единствено што можат Украинците се многу ризични и лимитирани напади со ниски прелети, што се малку ефективни.

Ќе видиме како ќе ја употребат новата опрема што им стигна од Запад, особено оклопот кој изгледа е најбитен во оваа војна. Дали имаат доволно сила за уште една успешна офанзива... ќе видиме.

Проблемот кај Крим е дека ако Украинците по некоја случајност стигнат до копнениот мост за пристап на Крим, ситуацијата е веќе многу лоша. Единствен канал за снабдување во тој случај останува мостот а Украина веќе има проектили кои тогаш би можеле да целат и да го уништат или онеспособат. Во тој случај последиците за Русија ќе бидат Херсон х 10.
Не може да си дозволи Русија Украинцие да стигнат до дострел на мостот. Ќе биди многу лошо, ем ќе ја пресечат копнената врска со Крим, ем ќе го рушат мостот, што ефективно ќе ги натера Русите на отстапки.

Крим е минато за Украина, па макар и пола НАТО армија да ја добијаат Украинците.

Само се сомневам дека можат да направат посериозен пробив.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.810
Поени од реакции
10.667
Ќе се моли @мкд владе да се јави на каса!

Бидејќи он како најзагрижен за учење на нови улички, трафики и автобуски постојки…

Специјален брифинг за него:
-Село Козинка, Белгородска област (го нема ни на мапата…)
- с.Глотово
- атар на село Пара Дол
Украинската офанзива пробива до раскрсницата за село Глотово по тешка битка со рускиот макадам..
Нато обучените војници тешко но храбро ги издржуваат сите дупки и вирови на патот!
После првичниот и успешен пробив, и сиот отпор со кој се соочуваа како непостоечки знаци и патокази..
Успешно ја освоија селската кооперација во с.Глотово!
Полниот фридижер со пиво е нивната најголема победа рамна на таа со Изјум!
Жртви не се пријавени ни на двете страни освен едно исплашено магаре во атарот на с.Пара Дол
Руските жители се гневни на неуспехот, што и покрај рикањето на магарето, не успеале да воспостават контакт со непријателот, па славата ја превзема шумската полиција со една Лада Нива, која во брз противнапад го пропушта противникот да избега…

Чекаме да се огласи МО на РФ за повеќе детали…

и стварно очекувам утре ваква приказна во The Sun :ROFLMAO:
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Супер одговор, особено за Бахмут, кој има логика.

1. Но моето мислење е дека, ако едната страна, еве Русија ги чини тоа градче премногу луѓе и ресурси, зошто трошеа толку време и енергија да го земат? Не велам дека не си во право, но мислам дека е неоправдано да трошат толку ресурси за нешто не вреди толку. Мора да има некоја корист.
Дали тоа е трошењето на Украинската армија, дали со тоа спречуваа офанзива на Украинците, дали е битен симболички, дали е битен центар каде поминуваат неколку рути.... мора да има нешто за кое што ангажираа толку многу ресурси таму.

2. Во врска со начинот на војување на Русија, да, донекаде тоа е точно, иако во последните војни во кои учествуваше Русија, тоа беше повеќе во Американски стил.
Но сепак, Русија војува против добро вооружен противник, остаток од она што беа една земја, со слични капацитети. Оттука, бројот на жртви мора да е висок, неминовно.

3. Во врска со Крим. Крим е полуостров, поврзан со копното со коридор широк неколку километри, и уште еден дел кој поголем дел од годината е поплавен, непрооден.
Бранењето на Крим е лесна задача. Ако некогаш дотука стасаат Украинците, во што се сомневам, Русија веќе гради повеќе слојни линии за одбрана во близина на фронтот.
Русија, покрај Америка е една од најголемите воздушни сили, што значи дека можат да го снабдуваат Крим преку воздух како и преку вода, бидејќи Русија држи апсолутна контрола над брегот, Украина тука нема ништо што може да ја загрози морнарицата на Русија.

Но дури и да успее некако Украина да навлегува на Крим, што ќе направат на подолгорочен план, Крим е Руско население.

4. ПВО на Украина не е уништено во целост, сеуште е функционално, но очигледно е дека е деградирано. Веќе не можат да ги бранат првите линии, Русија врши воздушни напади со наведувани бомби.
Нема Русија развиено капацитети за да изврши комплетно потиснување на Украинската ПВО, но секојдневните воздушни напади со дронови и крстосувачки ракети го трошат Украинското ПВО, како и што повремено Русија ги гаѓа баш самото ПВО.

5. Од Украинска страна, не можат да летаат авиони на стотици километри од фронтот на поголема висина, бидејќи веднаш ќе бидат соборени. Единствено што можат Украинците се многу ризични и лимитирани напади со ниски прелети, што се малку ефективни.

Ќе видиме како ќе ја употребат новата опрема што им стигна од Запад, особено оклопот кој изгледа е најбитен во оваа војна. Дали имаат доволно сила за уште една успешна офанзива... ќе видиме.


6. Не може да си дозволи Русија Украинцие да стигнат до дострел на мостот. Ќе биди многу лошо, ем ќе ја пресечат копнената врска со Крим, ем ќе го рушат мостот, што ефективно ќе ги натера Русите на отстапки.

Крим е минато за Украина, па макар и пола НАТО армија да ја добијаат Украинците.

Само се сомневам дека можат да направат посериозен пробив.
1. Тука е клучниот момент: не трошеше Руската армија, туку приватна воена групација. Пригожин е главниот "виновник" за тоа што се случуваше во Бахмут (а претходно и Соледар) заради негови лични причини. Видоа дека имаат успех кај Соледар, па решија да тераат и со Бахмут до крај. Вака он може да се пофали со завземање на град, во период кога Руската војска не завземала ништо веќе 1 година. Луѓето што беа праќани да гинат беа претежно затвореници (барем од она што го знаеме дека Вагнер регрутираат затвореници за на фронт), така што не се во значајна загуба од тој поглед (во нивни очи). За опрема и оружје очигледно не се замараа многу ако се губи, можеби и затоа имаше доста видеа како Пригожин се жали дека не му праќаат доволно Русиве.
Најискрено мислам дека е само оваа причина. Дека нема задни намери, симболики, значење на рути итн... Чисто едноставно - истакнување на поединец што има големи лични претензии.

3. Бранењето на Крим станува експоненцијално потешка задача ако немаат копнена врска со Русија (т.е. мостот). Носење на ресурси со бродови и авиони/хеликоптери би било огромен зафат за Русија на долг рок, па дури и на краток ако Украина има ракети/проектили/дронови кои што би можеле да ги гаѓаат тие бродови/авиони. Само потсети се на Москва.

4. Јас па баш имам добиено спротивен впечаток, дека ПВО на Украина е посилно/поспремно од порано. Ако им веруваме на репортите/статистиките што ги прикажуваат Украинците, пред пола година и повеќе рушеа само околу 50/60% од дроновите/ракетите испратени од Руска страна, за сега таа бројка да е над 90%.

5. Искрено, и мене многу ме интересира ова - како планира Украина да ја користи новата опрема, особено авионите што ги бараат и очекуваат (F-16).

6. Абе, и за Херсон Русиве се јачаа ("главен град на наша нова област"), за на крај да ја здувнат од таму.
"Никогаш не вели никогаш".
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.294
Ќе се моли @мкд владе да се јави на каса!

Бидејќи он како најзагрижен за учење на нови улички, трафики и автобуски постојки…

Специјален брифинг за него:
-Село Козинка, Белгородска област (го нема ни на мапата…)
- с.Глотово
- атар на село Пара Дол
Украинската офанзива пробива до раскрсницата за село Глотово по тешка битка со рускиот макадам..
Нато обучените војници тешко но храбро ги издржуваат сите дупки и вирови на патот!
После првичниот и успешен пробив, и сиот отпор со кој се соочуваа како непостоечки знаци и патокази..
Успешно ја освоија селската кооперација во с.Глотово!
Полниот фридижер со пиво е нивната најголема победа рамна на таа со Изјум!
Жртви не се пријавени ни на двете страни освен едно исплашено магаре во атарот на с.Пара Дол
Руските жители се гневни на неуспехот, што и покрај рикањето на магарето, не успеале да воспостават контакт со непријателот, па славата ја превзема шумската полиција со една Лада Нива, која во брз противнапад го пропушта противникот да избега…

Чекаме да се огласи МО на РФ за повеќе детали…

и стварно очекувам утре ваква приказна во The Sun :ROFLMAO:
Tuka sum. Kazi so treba ?
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.781
1. Тука е клучниот момент: не трошеше Руската армија, туку приватна воена групација. Пригожин е главниот "виновник" за тоа што се случуваше во Бахмут (а претходно и Соледар) заради негови лични причини. Видоа дека имаат успех кај Соледар, па решија да тераат и со Бахмут до крај. Вака он може да се пофали со завземање на град, во период кога Руската војска не завземала ништо веќе 1 година. Луѓето што беа праќани да гинат беа претежно затвореници (барем од она што го знаеме дека Вагнер регрутираат затвореници за на фронт), така што не се во значајна загуба од тој поглед (во нивни очи). За опрема и оружје очигледно не се замараа многу ако се губи, можеби и затоа имаше доста видеа како Пригожин се жали дека не му праќаат доволно Русиве.
Најискрено мислам дека е само оваа причина. Дека нема задни намери, симболики, значење на рути итн... Чисто едноставно - истакнување на поединец што има големи лични претензии.

3. Бранењето на Крим станува експоненцијално потешка задача ако немаат копнена врска со Русија (т.е. мостот). Носење на ресурси со бродови и авиони/хеликоптери би било огромен зафат за Русија на долг рок, па дури и на краток ако Украина има ракети/проектили/дронови кои што би можеле да ги гаѓаат тие бродови/авиони. Само потсети се на Москва.

4. Јас па баш имам добиено спротивен впечаток, дека ПВО на Украина е посилно/поспремно од порано. Ако им веруваме на репортите/статистиките што ги прикажуваат Украинците, пред пола година и повеќе рушеа само околу 50/60% од дроновите/ракетите од Руска страна, за сега таа бројка да е над 90%.

5. Искрено, и мене многу ме интересира ова - како планира Украина да ја користи новата опрема, особено авионите што ги бараат и очекуваат (F-16).

6. Абе, и за Херсон Русиве се јачаа ("главен град на наша нова област"), за на крај да ја здувнат од таму.
"Никогаш не вели никогаш".
Ало пријателе Крим е многу далеку од линијата на фронтот, ама тоа не е пречка за секој што е навлечен на бело да сонува за негово освојување. Надежта последна умира.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.968


ne sum ja и олд скул мкд гледаат превише вакви видеа. Жално е да видиш милион души да паѓаат на овие фејк срања.
Дневна доза копиум им е ова.... Фак, милион прегледи по видео, и тоа со вакви очигледни кликбејт наслови и содржина која врска нема со реалност.


Во меѓувреме, Вагнер прв пат јавно добиваат признание... И тоа ни мање ни више него директно од Путин.

 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Целиот проблем доаѓа од моментот кога ти ме обвини мене дека сум бил во делузија од западна пропаганда, без да кажеш која е таа западна пропаганда или што е делузијата во неа. Уште полошо е што упорно пишуваш дека на мене ми следи тажен период. Преочајно.
Да на тебе. специфично за тебе викам. Не дека сакам да те навредам или нешто. После тоа што си го постирал, после твоето мислење дека враќањето на Крим е извесно, победата на Украина е извесна. За тебе следува тажен период. За било кој следува тажен период кога ќе свати до кој степен бил заблуден и секој би ја изгубил самодовербата после студениот туш што ќе ти следи.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.810
Поени од реакции
10.667
Таман да ја возат учителката до селото..

 

Kajgana Shop

На врв Bottom