Еве реално од мене, поддржано со факти, има и слики и видео за се.
ИЗГЛЕД НА ТРИБИНА
БРОЈКА: Одлично, со оглед дека станува збор за Скопје и бараж натпревар - очекувано. Слична ситуација: Лозари бараж - гостување во Струмица, но беа поделени на 2 трибини бидејќи немаше место. Според превоз мерило, бројката е 3/4 во однос на Скопјани сега.
КОМИТИ - ОБИЧНА ПУБЛИКА: Јасно и очекувано, над 70% беа обични симпатизери на ФК Вардар (мешано кавадарчани што гледаа бараж и други од Скопје, Росоман,..), не НГ Комити. Тоа укажува и на фактот дека повеќе од 1/2 од трибината немаше закачено ниту едно знаме, ниту "воѓа" на оградата.
КОРЕОГРАФИЈА: Ништо посебно, но со оглед на бројката изгледа СУПЕР, еден ред бакли, дури и пред обичната публика преку ЕБР.
КОМИТИ - ЛОЗАРИ: Свесни се Комити дека нивни членови/симпатизери изедоја ќотек на повеќе локации во Кавадарци, и притоа се земени повеќе реквизити на групата. Тоа е реакција на секоја НОРМАЛНА група во чиј град се движат репрезенти на ривали. Охриѓани, свесно или несвесно, со години го "дудлаа" на Чкембари, попусто надевајќи се на Анти-СК братство Охрид-Битола-Кавадарци. По "шутот" од Лозари со кореографијата "наспроти нејзе Рибари.." очигледно се надеваат на братство Комити-Рибари во иднина, па ги оставија на целодневна екскурзија среде Охрид, буквално слободно без никаква акција. Тоа не е случај со Кавадарци, и секој што проба да репрезентира друга група освен Тиквеш и Лозари, беше уредно сопрен.
КЛИШЕ ОДБРАНА НА КОМИТИ: "Зошто не нападнавте на стадионот!?" - Глупости. Како прво, при влез на Комити, имаше обрач од ЕБР во радиус од 300 метра и немаше никој пристап. Настрана тоа, ги напучија обичните симпатизери на страната од влезот, се поставија на скроз крајната страна од влезната врата. Па за да стигнат Лозари до вас на трибина, требаше да згазат пред себе 1000 жени и деца што врска немаат со Комити, нели? Глупости, доволно јадеа ќотек вашите низ Кавадарци.
ДО ОРГАНИЗАЦИЈА: "Супер" организирано, среќа ЕБР имаше обрач, па не ви ја собраа цела кореографија и знамиња уште пред да влезите на стадион. Со кој ум ги оставивте сите реквизити во последниот автобус? Плус, дозволивте скопско обезбедување да ви ја заклучи вратата и со сите знамиња и кореографија останавте 5-10 минути пред стадионот сами тие 30 души, а сите други внатре. И пак ЕБР како секогаш ве спаси, интервенираа по токи-воки и ве пуштија внатре, џабе се измава боксови другарот ваш по вратата од нервоза.
За крај - добра навивачка сезона за сите групи. И....да остане запаметено: Не мавајте, македонци сме!