Македонска берза

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Повеќе инфо за тоа како оди тргувањето со акции?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Повеќе инфо за тоа како оди тргувањето со акции?
Еден паметен трговец со акции од америка рече:„Јас ќе купувам денес,а вие како сакате“.Тој трговец е милионер ама од америка:)
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
MBI loves June

Доаѓа јуни - сите на Берза.

Јуни е најбелиот месец во годината - односно во месец Јуни вкупниот број на часови ден во однос на вкупниот број на часови ноќ е најголем со што Јуни го прави најбел месец во годината.

Јуни е и дефинитивно најбелиот месец и на МБ. Во изминатиов период се познати сите фактори за работењето на компаниите, познат е и дивидениот календар, познати се и последните датуми за добивање на дивиденда (т.н. пресек за дивиденда) итн. Со еден збор се е познато!

Сепак горенаведеното не го прави Јуни најпогоден месец за инвестиции. Еден од честите трендови на МБ е купувањето на акции за дивиденда кои потоа не може да се продадат - драстично растење на цената на акциите, нереално во сооднос со назначената дивидента по што следува огромна понуда на акции на продажба со што акциите не можат да се продадат. Ова е честа карактеристика кај новите инвеститори - полакомени од дивидентата купуваат акции во 5 до 12 по цени кои се веќе многу поголеми од вредноста на дивидендата која треба да се земе. За сметка на ова искусните инвеститори, и голем број на брокери, ги „чистат“ своите портфолија продавајќи акции токму во деновите пред стапување на пресекот за дивиденда.

Она што го прави Јуни најпогоден месец на МБ е фактот што по завршувањето на Јуни доаѓа 1 Јули. Имено Македонските задолжителни пензиски фондови (втор пензиски столб) го одврзуваат ќесето токму на 1 Јули. Па затоа совет до новите и неискусни инвеститори кои сакаат брза заработувачка:
1. Задолжителните пензиски фондови инвестираат најмногу во акции од МБИ10 (ВНИМАНИЕ: еден од задолжителните пензиски фондови е во сопственост на Комерцијална Банка; ВНИМАНИЕ 2: можни се промени во акциите кои котираат во МБИ10 - смената на ЗПКО со ТЕТЕ минатата или предминатата година)
2. Посебно внимание треба да се обрати на флуктуацијата на цените на акцијата заради делењето на дивиденда - следствено акциите кои меѓу првите утврдиле пресек најверојатно ќе имаат најголем пад со што најмногу ќе бидат на удар на фондовите со што можностите за заработувачка се најголеми
3. Се ова што е напишано го знае секој искусен инвеститор

Бидете внимателни и постапете како внимателен искусен инвеститор. Претпоставете каде најмногу ќе добиете и играјте. Се надевам дека со овој совет ќе ги избегнете грешките кои секој „rookie“ ги прави на берза.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
незнам зашто, некако сум песимист и мое мислење е дека шпекулативно се создава раст на нашава берза или со други зборови раст во последниве месец, два, три е поголем од реалната моментална потенција на мак берза :toe:

види друже прво ја не сум екперт:nenene: али чим 8 год си чекал чекај уште некоја година од ова подолу *ваљда* неможе да биде, иначе дефинитивно памти што сум ти кажал дека ако се отворат границите (безвизниот режим) ако влеземе у НАТО за некоја година сигурно по автоматизам иде пута два ПСИХОЛОГИЈА е најбитен фактор друже акции се шиткаат кога сите се попалени да купуваат и кога на извештаите ќе нема копанија на која не и тргувале со акции а не како сега нули нули и само нули....

Гледам има луѓе што се разбираат на оваа тема па би ви поставил едно прашање.што мислите за акциите на стопанска банка? како може неколку години под ред да се прогласува за најпрофитабилна банка,еве скоро ја прогласоа и за најдобра."Минатата година оствариле рекордна добивка" а акциите и обичните и приоритетните паднаа на самото дно приоритетните од 2400 на 370 која е логиката.
еј да убаво ме потсети за стопанска банка :helou: ја сеа се мислам дали таму да купам???? сеа се негде околу 210 ден номинална е мисалм 200 али тоа е најламце битно реална незнам колку е али со оглед на тоа дека сите испоземаа кредити од таа банка и со оглед на тоа дека кај нас не се зимаше лесно кредит дури и пред некоја година значи нивните должници добро ќе ја пунат касата со оглед на тоа колкава се каматните стапки така да стопанска банка сигурно нема да пропадне само едно ме премислува:toe: членка е на НБГ групација тоа е грчка банка а таму ситуацијата со банкарскиот сектор не е баш розова односно у кратки црти пак ќе дојде у мода онаа поговорка дужен си ко грчка, немаа да искешираат многу пари од туризам не само ради кризава него и заради ова грипов така да незнам како ќе се рефлетира иако по моја интуиција мислам дека нема да има никакви последици по стопанска безразлика сто ќе се дешава у грчка ама.........
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
57
Поени од реакции
0
незнам зашто, некако сум песимист и мое мислење е дека шпекулативно се создава раст на нашава берза или со други зборови раст во последниве месец, два, три е поголем од реалната моментална потенција на мак берза :toe:

види друже прво ја не сум екперт:nenene: али чим 8 год си чекал чекај уште некоја година од ова подолу *ваљда* неможе да биде, иначе дефинитивно памти што сум ти кажал дека ако се отворат границите (безвизниот режим) ако влеземе у НАТО за некоја година сигурно по автоматизам иде пута два ПСИХОЛОГИЈА е најбитен фактор друже акции се шиткаат кога сите се попалени да купуваат и кога на извештаите ќе нема копанија на која не и тргувале со акции а не како сега нули нули и само нули....



еј да убаво ме потсети за стопанска банка :helou: ја сеа се мислам дали таму да купам???? сеа се негде околу 210 ден номинална е мисалм 200 али тоа е најламце битно реална незнам колку е али со оглед на тоа дека сите испоземаа кредити од таа банка и со оглед на тоа дека кај нас не се зимаше лесно кредит дури и пред некоја година значи нивните должници добро ќе ја пунат касата со оглед на тоа колкава се каматните стапки така да стопанска банка сигурно нема да пропадне само едно ме премислува:toe: членка е на НБГ групација тоа е грчка банка а таму ситуацијата со банкарскиот сектор не е баш розова односно у кратки црти пак ќе дојде у мода онаа поговорка дужен си ко грчка, немаа да искешираат многу пари од туризам не само ради кризава него и заради ова грипов така да незнам како ќе се рефлетира иако по моја интуиција мислам дека нема да има никакви последици по стопанска безразлика сто ќе се дешава у грчка ама.........
бато се извинувам со ти го земам цело твое мислење ама ми требаа двете кои ги имас инкорпорирано и не сакав наназад да барам.Прво и основно да не се лаземе падот на нашава берза е шпекулативен зошто? едини реален пад кој го имавме беше кога испадна малверзацијата со Маврово и кога напуштија странците земјава.Се ова што сега акциите се ниски е резултат на фамата која се крева околу светскава криза што значи дека како што кажа психологијата надвладеа,поен плус е што сега сите акции на берзава или пред некое време беа подценати односно убаво е да ги купис затоа што е прашање на време кога ќе кренат (не правам муабет за колку важно ќе кренат) така да ако некој сега има средства и капитал и секако ако може да си дозволи да купува нека купува.Точно е и тоа дека еве се базираме да одиме на безвизен режим е тоа доведува до нови инвестиции што значи покревање на пазарните индекси, мора да сватиме дека со самото тоа ќе доведеме и по некое странско инвеститорче тука што нормално доведува до нови вложувања.Инаку мора да разбереме дека никогаш и никаде не постои перфекно портфолио зошто?Затоа што ако имаше перфектен систем за тргување немаше да има берза,просто кажано берзата постои благодарение на спротиставените ставови и мислења.

Би сакал да напоменам и за стопанска банка, немој да се залазуваме дека банка која држи да речам еве 1/4 клиенти во земјава може да пропадне,без разлика на која групација припаѓа,би рекоол дека не ерелана цената од 200 денари и не мора ништо да значи тоа што луѓето земале заеми,зошто затоа што ако продлабочи неповолна економска состојба како што е сега голем дефицит во надворешно трговскиот буџет, слаб раст на БДП ненормално низок извоз,голем увоз и "константна'стапка на инфлација со 36% невработеност верувај дека тие заеми може и да може да не се одплатат што значи банката е неликвидна афтоматски,па ако се рашири макар и таква мала шпекулација сите ќе побрзаат да си ги земат средствата па влегува во несловентност и накрај завршува со банкрот што значи не би се радувал на голем број заеми во земја како нашава т.е. со вакви спецификации.
Од друга страна да одговорам на прашањето за тоа прогласувањето на банката за најдобра и цената на акциите.Не мора да значи запаметете се на светов е релативно,прво банката колкава добивка и да прави не е обврзана да дава дивиденда и слично може се да вложува во реинвестирање во нови капацитети што во иднина би довело до пораст на вредноста на акциијата или пак се да оди во дивиденда билансот на состојба да не се менува и акцијата да ја замрзне вредноста,од друга страна за најдобра банка може да се бира од мн аспекти пример по РОЕ,РОА, најдобри услови за кредити, најголеми број средства, најдбора во електронско работење итн итн.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Од друга страна да одговорам на прашањето за тоа прогласувањето на банката за најдобра и цената на акциите.Не мора да значи запаметете се на светов е релативно,прво банката колкава добивка и да прави не е обврзана да дава дивиденда и слично може се да вложува во реинвестирање во нови капацитети што во иднина би довело до пораст на вредноста на акциијата или пак се да оди во дивиденда билансот на состојба да не се менува и акцијата да ја замрзне вредноста,од друга страна за најдобра банка може да се бира од мн аспекти пример по РОЕ,РОА, најдобри услови за кредити, најголеми број средства, најдбора во електронско работење итн итн.
И ЗАБОРАВИ УШТЕ ЕДНО МНОГУ БИТНО ЛОБИРАЊЕ, позз
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Има шанси да се врати берзава на ниво од пред година ипол ??
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
57
Поени од реакции
0
секако дека има, прашање е само во психата на луѓево ама ќе се врати за колку време...... е прашањето
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Има шанси да се врати берзава на ниво од пред година ипол ??
на септември 2007???

нема шанси. барем не следните 5 години. тоа беше коцкарскиот дух на македонскиот народ, надополнет со лакомоста на хрватските и слични „инвеститори“ поединци.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Читам берзиве почнале да растат. најголем раст бележи Српската берза

"Ова се наведува во анализата на агенцијата Блумберг, според која српскиот индекс Белекс во последните два месеци бележи раст од 33 отсто, откако Централната банка ја спушти референтната каматна стапка на 13 отсто и државата склучи аранжман со Меѓународниот монетарен фонд."

Ако се вратат цените на акциите од 2007 све продавам, амаа одма
 

up

Член од
12 август 2007
Мислења
55
Поени од реакции
5
cenite na akciite od 2007 ke se vratat i ke ripnat mnogu poveke,samo prasanje e koga.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom