Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Би сакал да поставам компарација на детали сликани со Nikon D3200 и D5300 со ист објектив Nikkor 18-55mm f/3.5-5.6 VR (кит)
Компарацијата помеѓу двете тела ја направив завчера, за да ги споредам јас самиот а постот го поставувам чисто со цел да им помогнам на идните купувачи во изборот.
Напревен е кроп на 200% на одредени идентични детали од фотографијата каде што е воочлива разликата.
Сликав со идентични подесувања f/18, 1/50, ISO-200 на 55mm (White Balance -AUTO; VR-ON) без никаква пост-обработка во Фотошоп, направив само кроп.

Детал 1
D5300
Прегледај го приврзокот 269720

D3200
Прегледај го приврзокот 269721

Детал 2
D5300
Прегледај го приврзокот 269722

D3200
Прегледај го приврзокот 269723

Детал 3
D5300
Прегледај го приврзокот 269724

D3200
Прегледај го приврзокот 269725

Разликата во спецификација помеѓу двете тела не е голема, но во пракса е огромна. Се надевам дека овој пост ќе биде од корист за некого. :)
Е сега ме премислуваш! Јас сум ептен почетник, на стари години:), мислев да почнам со Д3500. Ќе правам во принцип стокфото, да си правам промоција на робата што ја продавам. Пола работа е на отворено, пола внатре и плус по едно видео на платформа која се врти!
Предлог?
Не е толку ограничен буџетот, колку што јас сум ограничен со знаење и искуство, па да пукам високо од почеток!
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610

Јас имам Д3500 и сум задоволен. Исто почетник тука, троа помлад само.
За сликање
Надвор дневна светлина одличен. Навечер сосем солиден.
Внатрешно сликање е исто топ, тука игра улога и осветлувањето нормално.
За сток фотографија треба да ти врши работа.

За видео е добар, 1080п вади. но не му е баш најјака страна и нема приклучок за додатен микрофон. Сепак ако ти е цел да снимаш видео за на социјална мрежа или веб страна не гледам зашто би имал некој проблем. (немам снимано многу видеа до сеа)

Само си бара и сталак (трипод), т.е каков апарат и да земеш најдобро е и еден сталак да си земеш со него. За видео особено, многу значи.
Се на се лесен е за работа вака апаратот, интересен за учење.

Ако те интересира нешто поточно у детали пиши ќе проверам што и како е. :D
 
Фала и јас мислам дека ќе биде добар. Ама ја видов компарацијата на Трендс па си викам подобро сега да додадам 150 евра плус, отколку за неколку години 600. Инаку се слагам за троножец или сталак, ама тоа ми е најмал проблем. Прашав некни една фотосесија колку апаратот излегува, плус стално ќе сум врзан за тајмингот со фотографот, вака време имам не е нешто силно захтевно тоа што ми треба.
 
LP1519

ЧастиОбраз
Член од
2 февруари 2012
Мислења
405
Поени од реакции
298
Некој од поискусните да сподели мислење за купување на добар апарат, со пристапна цена?
И која е разликата помеѓу дигитален и дслр?
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2014
Мислења
123
Поени од реакции
40
Дали може предлог за апарат, би го користела за патување, воглавном - градби, портрети, пејзажи. Не ми е за професионална употреба.

Буџет - до 800 евра.

Не сум многу стручна, па не сакам да утнам, и да си ги фрлам за џабе парите.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
105
Поени од реакции
35
@SunnyGirl ако ти е за патување, препорачувам mirrorless, заради тежина. не би сакала да носиш FullFrame od ~1kg+ објектив.

Canon имаат доста солидни во тој ценовен ранг
canon m50 II, m200.

помини до pix+, реално за 500-600E ке се земе солиден, останато сочувај да видиш каков објектив ке ти треба, мислам дека доаѓаат со 15-45, Што е добар опсег за улична фотографија, пејсажи, за портрети може ке сакаш нешто поголем зум
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
3
Поени од реакции
0
Се продава Nikon d3300. Објективот е af-s Nikkor 18-55mm, shooter count 4675. Со апаратот се вклучени полнач, SD 32GB и торбица. Користен е минимално и аматерски без никакви недостатоци. IMG-4b11cf5ab6d1cc383bcf3ad672724cee-V.jpg
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.416
Поени од реакции
9.741
Canon EOS M200, go ima na nekoja promocija za okolu 500e

nemam dosega kupuvano kamera/aparat, dosta vreme samo gi gledam i nikako da se resam.
neznam ni za so tocno bi go koristel, na pocetok od radoznalost, da vidam dali bi mi bilo interesno nesto :D

prasav eden kolega vika OK cena kako za pocetnik, gledav 2-3 video review, generalno dobri komentari imase za ovoj model,
posebno za snimanje video.

ako nekoj go ima/imal da spodeli iskustvo i mislenje?
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
939
Дали во Скопје постои можност да се изнајми фото-апарат на недела дена?
Едно време знам имаше можност од Генел.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.013
Дали во Скопје постои можност да се изнајми фото-апарат на недела дена?
Едно време знам имаше можност од Генел.
Зачлени се и напиши во ФБ групата -Фото берза
Знам дека има луѓе кои изнајмуваат, по која цена и услови не знам.
 
Член од
12 јули 2023
Мислења
2
Поени од реакции
0
Каде може да се рента, да се изнајми Canon eos r6 со zoom објектив? Освен Skopje Rental или да се прашува на фејсбук на фото берза?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom