jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.420
Ова беше кажано, можеби погрешно сум разбрал.2. НАТО не остана без оружје, НАТО го даде своето резервно застарено оружје. Леопард 1 и 2, Челинџер 1 и 2, Абрамс М1А1 и едно чудо советско вооружување. Тоа не е најновата генерација, ама не ми верувај мене, изгуглај. Минимум една генерација понапредно оружје имаат ако не 2 и 3
Јас се сложувам дека Леопардите и Челенџерите и Абрамсот се оружја од едно друго време, дел во класата на Т55, Т62, Т72, дел во класата на поновите Т80 Т90. Но од друга страна тоа е грото на оружјето на НАТО земјите. Не измислиле ништо поново, а и да измислиле, све е тоа во прототипи и во неколку парчиња. Како што гледам Русите имаат повеќе Армати, одколку што сите други заедно ги имаат прототиповите на новите тенкови, кои реално најчесто не се нови туку се надградби на старите. Па дури Американците, кој им е новиот тенк? Грифин, колку парчиња имаат.
Сакам да кажам, не може да сметаш Леопард 1 за застарено оружје, ако Леопард 1 ти е 30-40% од MBT активната залиха, тоа им е активно оружје. Има на темава доста исмејување што Русија извадила Т62 и Т55 (којзнае од кои причини ги извадила, претпоставувам дека се некакви експерименти), и морам да кажам дека е многу дебилно тоа исмејување, ако знаеме дека 80% од тенковите на една респектабилна армија попут Турската се состои од М48 патон и М60 Патон, и 70% од тенковите на Грчката армија се Leopard 1 M48A4 и М60
И кога кажуваш
Тоа ме подсеќа, дури и да е вистина дека Русија има масовни губитоци на тенкови, еве што значат „Б и Ц резервите“. Украина ги загуби своите тенкови и да не добиваше на два пати масовна помош од овие земји кои своите резерви и ги дадоа на Украина, што ќе се десеше со Украина? И не е дека само своите резерви ги даваат, во доста случаи помалите земји попут Данска, Македонија, Балтичката боранија, даде и многу повеќе одошто една земја би требало да даде за туѓа војна. Интересно не слушнав дека Албанија дала нешто (може сум грешка).Може да се исцрпени резервите на Б и Ц ешалоните, ама сигурно не ги исчистиле А ешалоните од нивното вооружување.
Значи дури и резервите да се дадени, тоа е пак исцрпување. Тие резерви за да се надокнадат колку треба? На пример сега гледам дека полска ќе правела корејски тенкови со лиценца, планира стотици, ама кога ќе почне да ги прави и како ќе иде динамиката? Еве Трамп спомна дека ќе го распушти НАТО, може само кеки, ама сепак кандидат за претседател на најаката држава во свет е. Бил веќе еднаш претседател, дали мислиш дека неговите зборови треба да се земаат здраво за готово. Што ќе праи Полска ако се распадне НАТО, а доливала масло во Украинскиот котел, и башка си останала без своите резерви? И не само што останала без своите резерви, давала доста и од оружјето што е активно. Да не зборам за смешките попут Балтичката боранија, како може да го јадат немиен.
За другото кога ќе имам време.