@cholismo секогаш имало избувливи поединци но никогаш немало вакво ниво на насилство, и нетрпение. Немање емпатија и разбирање. Ги губиме културните и моралните вредности кои некогаш не одликувале како заедница. Тоа се обидувам да го посочам. Тоа сакав да го потенцирам кога поназад ти пишав подолг пост, кој патем целосно го ингнорираше.
Но нејсе. Оружјето не е проблемот, луѓето секогаш имаат пристап до вакво или онакво средство за наштетување на другите луѓе. Проблемот е што живееме во средина каде не се размислува многу за наштетување на другите. И не само фатално наштетување, тоа е кулминацијата, туку секојдневни наштетувања, потпикнувања, немање разбирање за потребата на мир и пуштање гласни музики во секакво време. Итн, итн. Таквите настани не се случуваат тек така, имало таму историја повеќе од сигурно. Не дека било што заслужува онаков чин, но еј - за танго обично требаат двајца. Ова не е настан каде некој земал пиштол и излегол да убива случани минувачи. Или соученици.
Или земал со автомобил да гази луѓе.
Патем, автомобилите? Треба да се забранат?
Седум лица загинаа, а најмалку шест се повредени откако автомобил удри во автобуска станица во градот Браунсвил, Тексас, јави денеска АП. Според
makfax.com.mk