jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.498
- Поени од реакции
- 27.316
Иако немам експлицитен одговор прашањето е на место, пошто можеби ќе ти ја долови поентата. А и башка заслужуваш одговор.Друже, цело време со сарказам се обраќаш кон неуспешната операција на север. Се ти е во стил: не се филмајте дека сакаа да го освојат Киев и беа запрени....бла бла бла...
ОК, се тоа добро, ние сме делузивни, ама ниту еднаш не понуди нормално решение, освен што еднаш рече дека „се прошетале до Киев“
Има видео докази за падобранци, има видео докази за акцијата, конвојот долг километри, колони оклопни возила уништени, стотици тенкови пепел направени, паднати хеликоптери и авиони..... Што правеа таму? Која логика имаш ти да ја понудиш?
Вака, не гледај што правеа таму на северот. Туку гледај што не правеа. Кога почна војнава, јас појма немав што се дешава. Јас искрено не ни верував дека ќе нападнат. А и кога нападнаа мене ми беше јасно дека се спрема долга војна. Немав никакви илузии дека Украина ќе падне за 2-3 дена. Кога ги постирав пред некој ден мислењата на апологетите на западната пропаганда, како очекуваат за 2-3 дена да заврши све, јас уште првиот ден (26 Фебруари пошто форумот беше паднат) постирав дека ќе гледаме многу долга војна.
Зошто постирав така? Дека знаев дека Украина, после Русија има најопремена армија во Европа. Украина војуваше 8 години во Доњецк, Украина беше вооружувана и обучувана 8 години од НАТО. Украина беше длабоко милитаризирана земја. Затоа и првично мислев дека Русија нема да нападне. А веќе кога нападна, знаев дека ќе има долга војна.
Значи збориме за работи што мене како лаик што ја следи ситуацијата ми се јасни. А главен аргумент за фејлот на офанзивата на север ви беше, дека фејнало разузнавањето. Како може да им фејлне разузнавањето на Русите во сопствениот двор во држава во која има најмалку 10 милиони Руско население.
Второ, нормално е дека има докази за акцијата во Хостмел или како и да се викаше аеродромот, пошто CNN по грешка отидоа на лице место и ги затекнаа Русите, веќе после неколку часа одкако почна акцијата и одкако Украина тврдеше дека ги одбила сите напади Но пак ќе кажам, каков доказ е акцијата во Хостмел дека на сама граница со фронтот ќе слетуваат Иљушини. Па ти си воено лице, мислам дека треба да знаеш каков дизастер план е тоа. Или па например падобрански десант со Иљушини, при 400 ПВО батерии од кои 200 С300 и којзнае колку букови кубови и разни тракатанци. За да некој тоа го испланира, треба да е ментално ретардиран. Значи не неспособен, туку ментално ретардиран.
Трето, ако веќе Русите пуштиле патка со десантов. Што ги коштало да пуштат патка и со колоните. Ајде еве објасними, сагата со колоната траеше една недела, како преку ноќ ја снема колоните? Како прво зошто би заглавил конвој на 100 километри до граница. Зошто побогу би имало логистички конвој воопшто?
Четврто, загубите, официјалните загуби на Руската опрема се превземаат од орикс Украински сајт. Постирана е тука повеќе пати сликава:
Ниту е руска хаубицава, ниту е уништена, а се брои како уништена, го тргнале човекот ама му ја забораиле сенката . Па дури и една бројка Руска опрема се брои десетици пати. Покажано и докажано. Но нејсе, според западни извори, Русија користи 30К војска на север, не повеќе. Кога ќе ги видиш загубите кои ги проектира Украина за север, можда ќе сватиш дека не се соодветни.
Петто, дали не гледаш контраст помеѓу север и југ. На југ глатко тече акција, без никакви проблеми се врши логистика, која е речиси невидлива за непријателот. Додека од друга страна гледаш пародија на север. А пази според тебе, северот треба да е најважен и со најголемо влијание да се планира. Дали мислиш дека е возможно една војска да не е запознаена со толкава разлика на квалитет во својата армија? Дали мислиш дека немаат механизми за евалуација? Ова е она што го зборам, вие поаѓате од премиса, дека Русите се идиоти и ментално ретардирани, па било можно ова да им се случи.
Шесто, според тоа што се случуваше првите денови, вооружувањето на цивилите итн, јасно беше дека тоа што го очекувал западот е брзо освојување на Киев, и паѓање на Русите во стапица на хаотична цивилна војна, најчесто урбана герила. Едноставно Русија знаела што очекува западот и затоа северот го искористи како ќе се изразам со твој речник, делузија. Што било целта на југот јас неможам да кажам точно, ете јас си мислев дека прават футхолд, ама не било тоа. Но факт е дека на југот се спроведе една хируршки прецизна воена операција, додека сите го гледаа театарот на северот.
Седмо, каде имаше битка на северот, што наликува на битката за Мариопол, Бахмут, Авдивка или Маринка?
Логиката на северот е да се направи тензија за да се сврти фокусот на север, за да се разводени одбраната и да може без проблем да се завршат оперативните цели на југот. Операцијата дефакто е успешна. Не било да се направи футхолд (како што тврдев јас), туку да се одржи референдум, за да може територијата да се клејма во иднина и да може да се донесе редовна војска. Пошто ако нема воена состојба, Русија не смее да користи редовна војска, надвор од својата територија.
Зошто не продолжува Русија со нова офанзива? Според она што го гледам, заради причина што многу полесно и е да се бори во своето предворје, отколку да прави скапи офанзиви. Офанзива ќе се случи во оној момент, кога моралот на Украинците ќе падне на земја, а како што гледаш и самиот, почиња да паѓа.
Што се однесува до оружјата, како што викаш старите оружја што ги чисти западот, не ми одговори кои се тоа нови оружја (од типот на Бредли, Леопард 1 и 2, Челинџер 2 и Абрамс) со кои може да се пофалат западните армии, и колку им се на број.
-------------------------------------------------------------
Дури и кога споредуваме, кога ќе направиш една подлабока анализа, ќе видиш дека се додека има воља за војување, војската нема тек така да се повлече. Добар пример ти е интервенцијата на НАТО во СРЈ. Едноставно НАТО не ги порази Србите, па затоа и не можеше копнено да влезе. Да издржеа уште малце, најверојатно ништо немаше да се случи. Истото е и во Украина, додека има воља, ќе има и војна. Во моментов Украина е бомбардирана повеќе одколку што се бомбардира Југославија, загубите што ги трпи и во људство и во опрема се бајаги поголеми од тие што ги трпеше Југославија, но позади нив стои НАТО и едноставно сеуште имаат воља да се борат, иако веќе почнува да стои на стаклени нозе моралот.
Последно уредено: