Попара со кисело млеко

  • Креатор на темата Креатор на темата gurba
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2011
Мислења
35
Поени од реакции
32
Возраст
35
Да започнам од почетокот растев и живеам во село блиску Скопје. Чувавме крави на времето до накај 10 година и мајка ми у вечерни часови ни даваше попара со кисело млеко и домашен леб стоен и обавезно стар кромид со сол. Сега исто уживам во тоа врчерни чсови да јадам истото иако немаме крави купуваме млеко ама некој пат не испаѓа малку кисел . дали има некој кој има вакво хоби за попрара или само јас сум и ако има да донесе или да му носам
 
купувај битолско, нема промашај на нивното, ептен малце варира у квалитет, за разлика од други. Можеш овес да ставиш место лебови, многу хранлива работа и добра ужинка.
 
купувај битолско, нема промашај на нивното, ептен малце варира у квалитет, за разлика од други. Можеш овес да ставиш место лебови, многу хранлива работа и добра ужинка.
ај ке пробам од купените најблиску се доближел од миневера има еден ама баш ке пробам кисело млеко од ботолско
 
ај ке пробам од купените најблиску се доближел од миневера има еден ама баш ке пробам кисело млеко од ботолско
Е бш од муневере си нашол млеко да купиш. Млекара што не врши откуп на млеко.
 
Да започнам од почетокот растев и живеам во село блиску Скопје. Чувавме крави на времето до накај 10 година и мајка ми у вечерни часови ни даваше попара со кисело млеко и домашен леб стоен и обавезно стар кромид со сол. Сега исто уживам во тоа врчерни чсови да јадам истото иако немаме крави купуваме млеко ама некој пат не испаѓа малку кисел . дали има некој кој има вакво хоби за попрара или само јас сум и ако има да донесе или да му носам
Не знам дали се сменило нешто во изминатиот период, ама додека бев таму најмногу земав Бучен Козјак. Киселото млеко и јогуртот од овие ми имаат најблизок вкус до "домашно".
 
Да ти носи некој млекар млеко е најдобра опција доколку имаш време за да го чекаш да го свариш одма.

За да направиш дома кисело млеко ќе си купиш и едно мало кантиче кисело млеко.
Млеко 1 литар ќе го свариш во тенџере да изврие да се направи добра кора кајмак горе. Кога ќе се свари добро го тргаш настрана за да почекаш млекото да се подолади ама да не биде премногу ладно да може кога ќе чепнеш да не те гори, потоа во млекото ставаш 2- 3 лажици од киселото млеко зависи колку сакаш погусто да биде киселото млеко и го мешаш. Го затвораш со капак тенџерето и цело тенџере го свиткуваш во некое ќебе или чаршав да биде од сите страни затворено. Такво завиткано нека стои на собна температура 6 -7 часа додека не се направи кисело млеко. Кога ќе се направи кисело млеко стави го во фрижидер да се олади добро.

Ќе си имаш за цела недела тенџере кисело млеко да јадеш и тоа подобар вкус од купечко фабричко припремено. Плус ако има и водиичката сурутка ќе може да ја вадиш во чаша и да си пиеш. За наредно правење пак кисело млеко ќе оставаш од веќе направеното за да не купуваш секогаш кисело млеко од маркет.

Ладно кисело млеко со леб попара е нешто најдобро.
 
Последно уредено:
Не знам дали се сменило нешто во изминатиот период, ама додека бев таму најмногу земав Бучен Козјак. Киселото млеко и јогуртот од овие ми имаат најблизок вкус до "домашно".
Овчо кисело млеко од Бучен Козјак е број еден, пече од што е кисело - позитивна критика е ова.
Другиве кисели млека се бљантави и светлосни години од домашните.

Олд скул сиромашно јадење е дробено кисело млеко, барут сув леб надробен у кисело млеко, немаш мука.
Летно време со вода да го раздредиш е број еден освежувач, матеница или мукеница во зависност од кое село си па од таму и називот.
Тоа курајбер Цепенков се разбира у селски дијалекти.
 
И кравјото им е одлично.

Јас било какво кисело млеко дали овчо или кравјо го сакам она што има горе кора/кајмак и да е погусто. Битолското е исто добро кога ќе го разматиш има кремаста структура.

Сепак како што кажав најдобро е да се прави во домашни услови ако има некој да ти носи од селава директно од крава или овца млеко.
 
Дедо ми сакаше да поткиселува млеко ама зошто не сфаќам кога си го купуваш, не испаѓа поефтино.
 
Кисело млеко само од Муневере, или Бучен Козјак. Сите други се со вештачки состојки. Доказ, остајте отворена пластика во фрижидер, и сите други ќе останат исти, освен овие две, кои ќе се скиселат. А и како маја се најдобри, кога ќе го „ферментираш“ (или како и да се вика овој процес) домашното млеко, за да стане кисело млеко. Проверено од првa рака.
И да, попарата обавезно со пченкарен леб, не со бел леб, тоа е Next Level ;)
 
Abe odam kaj komshijava, 50 Kravi chuva, BIO Certifikat, Zemam 5 Litri.
2 Litri varam za blago mleko, 3Litri za Kiselo,
Go prevrtuvash loncheto i ne padja. Toa e za mene Kvalitet.
I sega zamisl, so przheni jajca, so Burek(maznik) Razmateno kamen ladno vo leto na 40 stepeni kavo osvezhuvanje,
uh ligi mi potekoa.
 
Јас прво се смеев на ова пошто нели од Скопје научени на купечки производи. Леб на кришки, кисело млеко што има и било какво сирење. Се додека не појдов на село кај дедоми.

Домашен леб, домашно кисело млеко, домашно сирење. Значи врска нема со ова купечкиве гомнарии.
Дефинитивно како што пишувате многу многу значи квалитетно кисело млеко, леб, сирење.
Од едноставно јадење станува стварно нешто што би го јадел секој ден.
А и со пченкарен леб како што спомнаа мислам тоа достигнува врв.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom