Помош - сакам да градам!

  • Креатор на темата Креатор на темата santo
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да се наруши статиката од неколку тераси сигурно. Веќе има згради каде не знам според која процедура ама сите имаат тераси веќе +10 години.
Samata konstrukcija I materjal e 400-500kg minimum. Toa pomnozi go so 12 sprata maximum vo idnina zasto sekoj saka kako komshijata da ima terasa pa vidi kolku ne e mnogu.
 
Ме интересира која е постапката за изведба на нова тераса/балкон во зграда која нема и дали реално може да се добие дозвола од општина (или од каде и да треба) и дали треба да се добие дозвола од станарите на зградата (претпоставувам како и за друго треба повеќе од 51% согласност).
На сликата со Црвена боја треба да е новата тераса која би се извела со челична конструкција анкерисана на бетонските столбови и греди од зградата.
Прегледај го приврзокот 366588
Прегледај го приврзокот 366589

Треба да се направи Основен проект за доградба на балкон, треба да се види дали има услови за такво нешто, законски, да извадиш ДУП, да направиш нумерички итн... и треба да го помини статичарот проектот во ИЗИИС. Исто како што пиша ти треба 51% согласност од станари.
 
кои керамиди ги препорачувате, што да гледам при избор?
 
Здраво, ми треба услуга од архитект човек или фирма , што ќе ми изработи комплетна докумнтација за надградба на балкон и реновирање на гаража. Дали има некој контакт од некој архитект кој би бил заентересиран. Знам дека проектов е мал и не е интересен за големи фирми. А проект мора да изработам за да добијам соодветна дозвола од општина.
Ви благодарам
 
кои керамиди ги препорачувате, што да гледам при избор?
Ќерамиди Tondach Continental 9
 
Ќерамиди Tondach Continental 9

Пофални зборови има и за „Кањижа„ ама повеќе како сеќавање на минат квалитет...
 
Потребни ли се дозволи за градба за тие монтажните куќи? Не е во урбана средина, за викендица ми е на место шо го имам скоро во планина.
 
Пофални зборови има и за „Кањижа„ ама повеќе како сеќавање на минат квалитет...
Јас ставив од Тондах задоволен сум, а и општо гледам видеа за покриви гледам доста ги земаат тондах ќерамидите, тие што се во боја се доста убави, се малку поскапи во боја али изгледаат доста добро, е сега многу е битно да ги местат добри мајстори, доколку не ги штрафи капаците ги лепи со малтер, ќе ти го грди покривот. Тондах капаците си имаат штрафови како и лим под нив се мести исто. Многу е битно мајсторите да се искусни и да го направат како треба покривот.
 
Потребни ли се дозволи за градба за тие монтажните куќи? Не е во урбана средина, за викендица ми е на место шо го имам скоро во планина.
Дозвола за градба треба за било каков објект, нема врска од што е направен. Ама ако не те пријави некој не верувам дека во планина некој ќе ти направи проблем, а ако те пријави ќе си имаш проблеми
 
Потребни ли се дозволи за градба за тие монтажните куќи? Не е во урбана средина, за викендица ми е на место шо го имам скоро во планина.

А како ќе добиеш одобрение за градење за објект на парцела која е надвор од опфатот од одредена планска документација (град, село, вон населено место...) и како ќе добиеш приклучоци на инфраструктурните водови (ако ги има во близина)?...

Штом не си во урбан(изиран)а средина, можеш да градиш само „на диво„.
 
Со урбанистички проект, ама колку му е исплатливо тоа е друг проблем
 
Со урбанистички проект, ама колку му е исплатливо тоа е друг проблем

И пред урбанистичкиот, мора да постои планска документација од повисок ред, така да работите се условени едни со други...
Исплатливоста е релативна работа, особено ако градителот нема проблем со финансирање на потребната документација и градењето на посакуваниот објект.
 
Не мора да постои планска документација од повисок ред, има некои услови нормално, како на пример да има пристапен пат, ама има начин како да се заврши работата легално доколку се исполнуваат условите. Ќе си најди архитект кој откако ќе ја види локацијата ќе му кажи што и како натаму.
 
cena za rabotna raka za lepak mreza abrib???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom