Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Читајќи те тука па и не е од „нигде никаде“ дека не знаеш за религиите нешто прецизно.

Доволно е да знам за што не се религиите, исто како што доволно знам за свештениците ко тебе дека сте штетници. :kezec:

ТИ се налути што некој ти рекол дека не знаеш, па ти се наруши форумската слика што ја даваш тука или градиш?

Оф мори мајко, пак ги проектираш своите особини кај други...
Сум се наљутил на телетабис :pos:
Веќе ти кажав, не си ласкај, не може телетабис да ме наљути, исто како што не може да ме прелаже, а тоа е тоа што тебе те пецна па неколку поста ти се лажни обвинувања, заклучоци врска мене. Истиот принцип го користеле оние против кои 24/7 блуеш, не гледам разлика меѓу тебе и други религиски чиновници. Ти дури и полош си, бараше социјална дистанца и затварање.

Доволно си се познавам, да пробаше пред 10тина години, лесно ќе успееше, како членот Мац(д) што го навлече, да ви биде нов поданик :D.

бафра, само молитва и крстена вода попрскај тастатурата кога дискутираш у овие теми.

Бисерко ти си се вакцинираше со света водичка па немаш гајле, ни клетва те фаќа, ни молитва ти помага.
 
Доволно му било да знае што не се религиите... ај оди боцкај роквици некаде, ајде... :LOL:

Јас сакам само да дебатирам, но види ти кај замина на кое ниво... иако се обидувам малку да кренеме од тињава твоја ти пак упорен во намерите

П.С. И како ти дојде до тоа да знаеш „што не се религиите“? И за кои религии зборуваш? Сите не е валиден одговор... бидјеќи некои религии ти и други ги сметате ЗА религии, а не се :)
Тоа наназад го спомна некој, не ми текнува кој...
 
Последно уредено:
Едно прашање: зборуваш за докази кои ти, јас или било кој друг ги презентираме тука на форумов или зборуваш за докази кои ги има само во светите книги, во овој случај христијанската библија?

Ако некој не ги прифаќа нашите докази и нашето објаснување, не значи дека некој не ги прифаќа доказите во светите книги... повеќе сме ние виновни со нашето ограниченост во зборовите и разбирањето на нештата.
Ако пак не ги прифаќа доказите во една света книга за постоење на богови, за духовни нешта, тоа не значи дека толку му е дадено на човекот сега и тука?

Кои сме ние да се повикуваме на свети книги и индиректно или директно преку нашето верување во истите да проповедаме како некој ќе биде казнет за нештата кои ете ние сметаме дека тој и тој треба да биде казнет според „отфрлените докази“ од негова страна?

Мммм...да не веруеш, ама овој пат морам да се согласам со тебе...:)...без мајтап.

И не се работи само за докази во облик од запис во кој напросто се има доверба од страна на читателот, туку и за докази во облик од лични сведоштва за искусени нешта од областа на духовноста и тоа „на својата кожа„.

За разлика од овој вид на докази, јас се‘ уште немам видено доказ од ниту една световна наука, во која, нели, вистините се засновна на докази по начелото „...Научно е докажано дека...„.
 
Хмммм...

Не ни преостанува ништо друго, туку токму ти да станеш референца која одредува што може а што не може, што е вистина а што е лага...се‘ додека не те викнат „од озгора„ на отчет за начинот на кој си го потрошил животот.

Но немај гајле, не си ниту првиот ниту последниот на Земјава, кој смета дека токму нему треба да му бидат приложен „докази„ и тоа не докази кои веќе постојат, туку докази засновани на лични желби и предуслови...

Да поедноставме:
- докази постојат,
- доказите не ги прифаќаш,
- наметнуваш потреба од друг тип на докази, иако самиот не знаеш како треба да „изледаат„.

Ајде истово постави го и пред науките и ним наметни им начин на докажување за нештата за кои науките ни трдат дека се докажани.
Хахахахах, не бе друже, не е до мене што може а што не може, туку само пат до вистината. Многу сте осетливи ако човек проба да ги верификува тврдењата, што значи дека нешто смрди, не ќе да сте сигурни во верувањето.
Пак ќе ти повторам, ако до толку сите веруваа дека после овој земскиот живот постои вечен живот, каде ако си бил арен човек ќе уживаш во рајските градини, сите ќе трчаа да отидат таму, а не за најмала кашлица да вјасате на лекар.
 
Не го разводнувај и не го пренасочувај муабетов непотребно, оти и вака и така си т‘нок со знаење.

Ај вака...

Задгробниот живот го познаваа сите „заостанати„ народи, низ целата досегашна историја-освен тебе (и сличните). Затоа и до ден-денешен постои култ кон предците кај мнозинвото од народите.

Неверувањето во задгробниот живот е прилично нова појава, од средината од XIX век, од времето на појавата на двете големи лаги, кои ја заменија вистината.

Ако сметаш дека медицината е чисто атеистички „производ„, и тука се лажеш-медицината постои долго пред атеизмот, ја познаваа и идолатриски настроените народи, но и рисјаните. За пример, Св.Ап. Лука беше лекар во првиот век од н.е., исто како што и Св. Лука Војно-Јасеницки беше лекар (и свештеник) во средината од XX век.

Патем кажано, ако еволуцијата беше вистина, тогаш медицината немаше да постои. Бидејќи еволуцијата е одамна разбиена лага, останува само фактот дека медицината е само „крпач„ на сите фалинки кои еволуцијата ги остава на човекот, или поточно и најточно, медицината е само „крпач„ на отпадната човекова и смртна природа.

Но ајде да причекаме па можеби медицината ќе го реши и најголемиот здравствен проблем во човечкиот род.

„Светлата будуќност„ само што не почнала...
 
Не, ваквите како мене дигаат глава "кога и падна газот на црквата", претходно ќе не запалеле на клада.
Кај муслиманите, и Евреите, и денес ретко кој смее да писне.
 
Не, ваквите како мене дигаат глава "кога и падна газот на црквата", претходно ќе не запалеле на клада.
Кај муслиманите, и Евреите, и денес ретко кој смее да писне.

И, што постигна со „дигањето глава„?
Црквата исчезна, Бог престана да постои?....:icon_lol:
Лагата стана вистина?
„Намали доживљај„, што би рекле некои....

Црквата Христова постела, пости и ќе постои се‘ до крајот од Светов, и без твоето мислење за неа.
 
Пак ќе ти повторам, ако до толку сите веруваа дека после овој земскиот живот постои вечен живот, каде ако си бил арен човек ќе уживаш во рајските градини, сите ќе трчаа да отидат таму, а не за најмала кашлица да вјасате на лекар.
Затоа што порочниот живот на оваа планета е краток и „вкусен“, а и „нечистиот“ многу е силен па ги убедува „неверниците“ полесно, та си велат луѓето, да сторат уште некој грев поише дур се живи.
Во „рајот“ после ќе си бидат, и онака, за век и векови, АМИН.
 
И, што постигна со „дигањето глава„?
Црквата исчезна, Бог престана да постои?....:icon_lol:
Лагата стана вистина?
„Намали доживљај„, што би рекле некои....

Црквата Христова постела, пости и ќе постои се‘ до крајот од Светов, и без твоето мислење за неа.
Таман работа да прекине да постои таква Блу чип компанија, менаџира повеќе асети од Блекрок.

Не бе онака, за мој кеиф, мора ли да се постигне нешто?
 
Таман работа да прекине да постои таква Блу чип компанија, менаџира повеќе асети од Блекрок.

Не бе онака, за мој кеиф, мора ли да се постигне нешто?

Пааааа едно е сигурно; ќе те покопаат на црковни гробишта, не на будистички, ќе те „оптее„ православен свештеник, не карате будустички монах, а што е најбитно, ќе се сретнеш со Судијата па пред Него чатали се колку сакаш...

Ете гледаш, нешто мора да се постигне...:icon_lol:
 
Во тестаментот ќе им пишува да не викаат поп, инаку ќе одат во добротворни цели за работничките на шипка.
 
Да знам во кој правец размислуваш.

Набројав неколку видови смрт.
Сега, за каков живот после смрт јас и ти треба да дебатираме, кога немаме исти разбирања за смртта?
Видови на смрт:eek::facepalm:.....прв пат да прочитам вакво нешто.
Човекот поминува низ многу фази во текот на својот живот, од раѓање па до неговото крајно, умирање, а како ќе умре, дали насилна или природна смрт ке има, тоа никогаш не знаеме..но... АЛф...пред многу години паметиш и ти, за луѓето болни од срце немаше лек, ниту пак имавме појма дека може да се оперира, пресадува, дека ќе измислат вештачко срце итд..Како ке ја крстиш оваа смрт денес, кога има многу луѓе со вештачко срце, со туѓи органи???
Куршлус, откажале батериите или??????
Факт е дека постои ВИСТИНА а таа не треба да се бара во духовниот свет, бадијала е..оти се се менува па дури и човечкиот изглед кој се повеке личи на робот отколку на творецот негов.
 
Последно уредено:
... за луѓето болни од срце немаше лек, ниту пак имавме појма дека може да се оперира, пресадува, дека ќе измислат вештачко срце итд..Како ке ја крстиш оваа смрт денес, кога има многу луѓе со вештачко срце, со туѓи органи???
...
Факе е дека постои ВИСТИНА а таа не треба да се бара во духовниот свет, бадијала е..оти се се менува па дури и човечкиот изглед кој се повеке личи на робот отколку на творецот негов.
За болните со пресадени органи, сѐ уште нема лек... тоа твоето објаснување се вика ПРОЛОНГИРАЊЕ, а не лек.
...
Како да го разбереме ова второво „ФАКЕ“ или „ФАКТ“???
Велиш постои научна вистина, а ТАА Е??
И штом си толку по научните објаснувања, зошто тогаш го спомнуваш Творецот на крај на реченицата?
 
FAKT e deka pogresno razbra...jaj ne se ni obidov a nitu imam pojma za da davam bilo kakvi naucni objasnuvanja.
Boidejki so vekovi se baraat dokazi ZA i PROTIV postoenje na Bog a dosega nisto ne e iskristalizirano, objasneto, dokazano, kako sakas,zatoa pisav deka vistina ima, no nema nikogas da se pronajde i badijala e da se bara.
 
Во тестаментот ќе им пишува да не викаат поп, инаку ќе одат во добротворни цели за работничките на шипка.

Да, можеш и такво нешто да сториш и да ти биде услишано...ама не знам во кој тестамент можеш да изразиш желба за избегнување на неизбежната средба со праведниот Судија...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom