Jaс за себе зборував, не се дрзнувам на други јас да им прејудицирам што тие треба да претпочитаат.
На аутоматикот (механички часовник) не му треба ни батерија, ни полнење, ни навивање. На повеќето Casio часовници што ги имам батериите им траат по 3-5 години (сам ги менувам, имам алат), на соларниот хибрид часовник батерија му немам сменето едно 9 години. Да ме тера сега некој да се заебавам да пазам до каде му е чарџот на часовникот и да пазам дали утре ќе ми се испразни кога можеби најмногу ќе ми треба, за мене тоа е замарање, непотребно замарање. За мене, не велам за тебе. Ти како сакаш, што сакаш тоа ќе правиш. Јас за мене кажувам.
Инаку ич не ме погоди со претпоставките. Јас смартфон користам повремено, а повеќето време користам глупфон. Смартфонот ми е со е-инк екран кој на сонце се чита одлично, и батеријата му трае подолго отколку на стандарден смартфон. Што друго те интересира? ОК, нокти сечам ама не се шишам и не се бричам, пошто имам долга коса и брада.

Исто така мочам редовно, ама ни тоа ни ништо од погоре кажаното не значи дека сакам да се замарам со „паметни“ часовници.
Ете уште една причина да не користам смартвоч, штом лесно се прегрева. Јас сум outdoors лик, поголемиот дел од времето (кога не сум на работа) сум надвор. Па и кога е жешко.