Евакуација на Запорожје оти се спремаат за очекуваната офанзива на Украинците, не знаеш дали помеѓу тие цивили има некој што обработува за Украинците и издава позиции и сл така да според мене паметна одлука да ги одалечиш понастрана од фронтот. Е сега изјавава на Пригожин ми е малку чудна, исто ми е чудно и Руската официјална армија да не ги сака овие.. кој не би сакал платеници затвореници и сл што го пробиваат фронтот и жртвите 90% одат кај нив.
Од една страна е добро што Пригожин вака јавно ги прозива и им дава се по список!!!
Пред една година, во иста каша беа регуларни единици на армијата на РФ!
Тогаш никој не се бунеше, напротив баш оние што требаше да се бунат, праќаа лажни извештаи, криеја неуспеси, порази, жртви, лажеа за људска и техничка спремност на единиците… (да не редам, многу гревови имаа генералите!)
Мислев и се надевав дека тие кариеристи кои газеа преку сопствените луѓе за лична корист се тргнати, елиминирани…
Донекаде и американците беа во право со проценката дека командниот синџир во руската армија е трул и корумпиран…
После се што се случи, да не ги исправат грешките… незамисливо ми е.
Ама изгледа не е се розево…
Пригожин е еден едини што се буни и јасно кажува што е и како е!
А колку ли само има што си ќутат да не и го накршат на Москва?!?
П.С. уште не ми е јасно како Шојгу е уште министер после се!
Сталин бил во право кога тркалал глави на генерали додека не ги нашол вистинските!!!