Значи би можел да отидам на интерна медицина ( рецимо у жан митрев), со рандом симптоми кои ги иам и би добил дијагноза така? Пошо неможам да најдам океј приватен општ лекар, па сконтав дека би имало иста функција. Проблемите се внатрешно( 24/7 умор, несоница, лошење, главоболки, будење многу пати, чуство на слабост, немир, брзо чукање на срцето етц.), така да I guess е интерно

Прашувам да не закажам па да се избрукам.
Да, можеш!
еве како објаснуваат:
„.Специјалноста интерна медицина специфично се фокусира на превенцијата, дијагнозата и третманот на болестите во возрасната популација. Без фокусирање само на еден дел од делото или еден органски систем, лекарот интернист ја покрива дијагностиката и третманот на целокупниот организам, и ги третира истовремено и честите и покомплексни и потешки болести кај возрасните пациенти. Често пати една индивидуа останува на грижа кај еден интернист во тек на сите етапи од неговиот живот. Дијагнозата и третманот на болестите можат да се вршат или во кабинетот на интернистот или во болнички услови, во зависност од тежината на болеста која се лекува.
Интернистот е трениран за дијагностика и третман на широк дијапазон на заболувања кај адултите. Интернистите можат да се фокусираат на општата пракса или на специјализирано поле на дејност. Исто така интернистите се апликативни и во болнички услови каде можат да бидат третирани адултите со почестите заболувања како и во превентивната медицина.
Интернистите применуваат бројни иследувања и прегледи во зависност од индивидуалните потреби на пациентот, неговата болест, возраст и слично, така што често пати овие можат меѓу себе да се разликуваат.
Рутински физикален преглед: претставува есенцијален дел на запознавањето на лекарот во општото испитување на пациентот. При ова интернистот зема детална анамнеза и прави општ преглед на пациентот. Тука тој се запознава и со неговите навики, како што се животниот стил, пушењето, диетата, земањето на лекови, алкохол и физичката активност. Тука тој врши и мануелен преглед на штитната жлезда, урогениталниот тракт, инспекција и палпација на абдоменот, аускултација на срцето, аускултација на белите дробови и општ невролошки преглед.
Дури и пред пациентот да се пожали на некои знаци и заболувања, интернистот може да го упати на на специфични иследувања за дијагноза на заболувањето. Почети вакви иследувања се:
- Ниво на холестерол и маснотии во крвта: лабораториски иследувања после 10 часовно гладување, ризик фактор за настанок на кардиоваскуларните болести.
- Одредување на поединци со висок крвен притисок : ризик фактор за настанок на кардиоваскуларните болести.
- Одредување на заболувања на тиреоидеата: Т3, Т4, ТСХ во крвта
- Гојазност: одредување на body mass index (BMI) и третман на обезноста.
- Шекерна болест: одердување на шекер на гладно, орален гликоза толеранс тест (ОГТТ) и гликозилиран хемоглобин (ХбА1С).
- Ултразвучен преглед на внатрешните органи: општ ехографски преглед на бубрезите, мочниот меур, црн дроб, жолчнио кесе, штитна жлезда
- Спирометрија: одредување на капацитетот на дишната функција и скрининг на пациенти со ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест) и астма.
Општо земено, од квалитетот на прегледот и правилните препораки кои ги добива пациентот, зависи во голема мерка натамошниот квалитет на живот на пациентот како и правилен третман на веќе постоечката болест кај него...“
ете таман да ги тргнеш лошите мисли дека си болен, па исто да те уверат и таму!