Вашето возило различно од другите, или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
А ова сам го имаш измислено? Знам дека е тешко да се направи сам и мора да оди на мајстор. За идејата ми е прашањето. Во секој случај одлична работа.
 
Моја идеја, со еден другар го правевме.

Фала Струмикс.
фала Џиш.
 
Моето возило е многу различно од другите ретко кој има како мене, имам комбе Хјундај хехех и тоа големо е не е пикапче имав и кола форд фиеста ама ја шитнавме есента хехех.
 
Mоментално ептен ми е кастомизирана Ксарата...а за тоа е заслужно едно Форд Транзит комби кое изврши еден убав зафат на браникот и левото крило во саботата...
И сега привремено сум ептен уникатен...
 
Уф... лошо :( Ја знам Ксарата од албумот кај тебе, баш штета, солза е колата.
 
Уф... лошо :( Ја знам Ксарата од албумот кај тебе, баш штета, солза е колата.
Ништо страшно...утре стига ново крило и браник, па ќе ги носам на фарбање, и за викендот најверојатно ќе ги сменам...малце да поработам околу кола после долго време.
Иначе, колата си вози, се е ОК, на трапот нема ништо, само естетиката е малце нарушена :)
 
Јебига, има од оние шо положиле со ќебапи... и на таков ќе му дат да вози комбе. Како и да е, се матерјално се оправа.

Патем, до кај си со Фиатот? Ќе се возиме за брзо?
 
Јас за малку се спасив. Колата си стои паркирана пред дуќан, од друга страна застанува Мондео караван. Човекот излегува, ниту рачна крената ниту во брзина и Мондеото тргнува право во Партнерот. Тато колку што можел го задржал фордот, немал време да влези во него ама морал да се тргне... Цела среќа не успеала солидно да забрза и удрила во гумата. За малку ќе отишле и фарот и крилото, на прво место браникот.
 
Јебига, има од оние шо положиле со ќебапи... и на таков ќе му дат да вози комбе. Како и да е, се матерјално се оправа.

Патем, до кај си со Фиатот? Ќе се возиме за брзо?

Се прави...мал ѓавол, голема нервоза...јеби га, се вози, на патот е, не е во стаклено звоно...
Со Фиатот сум отприлика на 6-тото селење на делови :)
Купив уште некои лајснички, па сега од некои имам по 2-3 примерока, битно се е тука, оригиналната машина е спремна за вградување, школката конечно е во СОПСТВЕНА (МОЈАААА!!!!!) гаража, и чека подобри денови за фарбање, а влезе и една идеја за вградување на DOHC 2.0 од Фиат 132 сосе менувач и диференцијал од 131 па малце спортски дух да биде, ама не верувам оти такво нешто и ќе направам...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom