Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.002
- Поени од реакции
- 61.832
Не знаат нашиве ниту да најдат извор ниту да преведат цел текст од почеток до крај. Ќе земат ќе преведуваат и ќе го скратат на пола текстот без да стигнат до разврската.![]()
Потенцијално голем проблем во Србија, не знаат што и каде да прават со напаѓачот
Одраз на вистинатаwww.mkd.mk
Одличен пример ќе биде случајов и за македонски стандарди. Како ке му се пријде . Најверојатно татко му ќе го изеде најголемиот товар/затворска казна како старател. Детево е прашање дали да се казни или ослободи ? Ќе натера промена на законска легислатива.
Точно е тоа што пишува дека се зависи од вештачењето но вчера во српските медиуми читав подетално со ова, и во суштина, ќе мораат да му дадат дијагноза и да го пратат во психијатриска установа. Во спротивно, ако се утврди дека е здрав, ќе биде пратен во установа за малолетници и ќе биде пуштен за 2-3 години, бидејќи нема правна основа да се задржи подолго. Ако пак се утврди дека е за психијатрија, тогаш го праќаат во некаква установа додека е малолетник, па потоа во затворска болница до 21 година ако памтам добро, и потоа во зависност од дијагнозата може да му продолжуваат престој теоретски доживотно.
Мое мислење е дека нема да биде вештачен објективно туку ќе изберат решение кое ќе го држи во институции до крај. Ако не е болен, ќе го разболат таму и тоа е тоа. Неговиот живот е завршен, да се пушти на слобода после ваков масакр нема теорија, тоа во некоја скандинавска држава можеби. Да беше во САД веројатно ќе го пукаа без разлика дали се предава, ретко преживуваат напаѓачите таму.