- Член од
- 16 јануари 2013
- Мислења
- 4.008
- Поени од реакции
- 8.306
Не ме личи да речам ама ќе речам
Да си го тргнел јажето ќе имаше еден психо помалку вака 9 деца страдаа, некои се нашле таму во погрешно време, кои најверојатно не ни биле поврзани со тоа наводно малтретирање над сторителот.
Ја слушнав и аудио снимката од пукањето.
Па свака част, онака ни професионален убиец нема да направи.
Некаде прочитав дека еднаш го испразнал шаржерот кога го испукал стражарот и две девојчиња надвор, и пак ладнокрвно го наполнал и продолжил со решетање, и тие булинг да не му правеле ?
Дај бре
Детето било психопат, ако судиме според досегашните информации.
Ладнокрвно испланирал масакр, ги изрешети сите без око да му трепне.
Језиво, кај ја отворив снимката кај се запустив.
Веќе постојат еден куп заборавени случаи кои си го одзеле животот поради предмет на насилство и булинг.
Само од мојот клас имаше двајца кои беа постојана мета цели осум години комбинирано основно и средно и апсолутно во тие осум години никој од училиштето не се потруди да му помогни. И двајцата се моментално „шлакнати“ и имаат упропастен живот.
Кога беа тепани најчесто од повеќе души затоа што насилниците никогаш не одат сами, во нивните очи имаше таква здивеност, жар и желба за одмазда што доколку имале ресусри како што има сега можеби би направиле слична катастрофа.
Еве дваесет години подоцна, ситуацијата во училиштата не само што не е напредната туку е и уназадена. Ама децата еволуираат, пристапот до информации и ресурси е се поголем и поголем, па доколу не се промени ништо, еден ваков поттик може слободно да ја сврти топката и од уплашени самоубијци да гледаме поголеми катастрофи. За жал слики со свеќи на фб и продолжување по старо како што прават моментално сите, апсолутно нема да го решат овој проблем.