Пукање во школо во Белград

  • Креатор на темата Креатор на темата Sladoledzija
  • Време на започнување Време на започнување
Да им скршел нос на некој од "другарчињата" кои го малтретирале, можеби немало да дојде до таков резултат, можеби ќе имале повеќе почит кон него и немало да го гледаат како плен за малтретирање.
Ама зошто не сакаш да сфатиш дека баш тоа кршење нос е можеби причината зошто дојде до овде?
 
Свесен си дека ова и за нас важи..?
(Бтв, тој е шаблонот на идиократијата која ја донесе ген Z)
Не...дека не пратам многу ни јутуб а ТВ скоро и да не гледам.
Пто е тога ген З...не разбирам...
 
Не...дека не пратам многу ни јутуб а ТВ скоро и да не гледам.
Пто е тога ген З...не разбирам...
Gen Z или генерација З, се дегените родени помеѓу 90’-ет и некоја до кај 2010-2014!

Генерација родена со компјутери, телефони, интернет и социјални мрежи…

И во право беше некој погоре кога искоментира дека денешниве деца не ги воспитуваат родителите и училиштата, туку социјалните мрежи и трендовите по интернет!
 
Ама зошто не сакаш да сфатиш дека баш тоа кршење нос е можеби причината зошто дојде до овде?
Не е тоа причината, баш напротив. Да му скршел некому нос кога го малтетирале, потоа поинаку ќе го гледале останатите, со повеќе стравопочит. Следствено на тоа немаше ни да дојде до ова што се случи, невини деца, ни криви ни должни да загинат како последица на фрустрациите и гневот на малтретиран малолетник.
 
Грешка си скрос. Ако му скршел нос, ќе му кршеле нос него секоја недела.
 
1683144804383.png

Ова е најголемиот канцер. Директна изјава од наголемиот во целата држава.

Не се проблем нефункционалниот систем, нефунцкионалното образование, нефункционалното воспитување, некомпетентни професори, директори, психолози кои се партиски вработени фикуси без нималку грижа за работната позиција.

Ова е директно охрабрување за тие кои што вршат насилство и иссмевање, поттикнување на истото и правење жртвите да се чувствуваат уште понемоќно.

Срам и брука за тоа што првите луѓе на државата не можат да увидат на главните проблеми и удираат со камшик и решенија кои наместо да помогнат ќе создадат уште повеќе слични случаи.

Едно што е сигурно е дека една ваква искра може да распали оган кај многу други на кои им жари во душата и главите, па во дадениот момент воопшто нема да размислуваат дали ќе завршат во затвор, лудница или гроб.

Ебати државите и оние кои ги водат.
 
Gen Z или генерација З, се дегените родени помеѓу 90’-ет и некоја до кај 2010-2014!

Генерација родена со компјутери, телефони, интернет и социјални мрежи…

И во право беше некој погоре кога искоментира дека денешниве деца не ги воспитуваат родителите и училиштата, туку социјалните мрежи и трендовите по интернет!
Море ако децата имаат малце акал во главата на Интернет се учи повеќе него од нашколо....но на децата ги интересираат глупости и тоа е страшното...
Побрзо ке го гледаат бака прасе и кнеле него некој поучен јутуб канал или слично....бидејки со тоа може да си "фраер"...

Бидејќи да си најдобар во исправни и корисни работи во денешно време е срамота опасно...
Како што иде времето малце е глупаво во државни училишта да се пуштаат децата...

Па со приватно ич мака нема да видат...цел живот ке го поминат слепи и нема да видат како работи системот...
Како еден мој другар што вика...абе стварно не знам како може толку да сте глупави да паѓате предмети на факултет...јас до сега ништо немам паднато...а имам тежок факултет...но рој ме може да свари дека на приватен факултет не може да се падни...
Па смешно му било како докторите по 5-10 години не можеле да дипломираат на тој факултет.
 
Државата треба да почне да контролира што се пласира по медиуми и социјални мрежи. Секоја песна што искача од Балканов моментално е за криминал, бесни коли, гзови, ебење, пари. Во мое време наблиску до вакви песни била Candy shop, што е ништо во споредба сега што се слуша. Ова треба да се прекине, да постои некоја агенција која ќе одлучува какви песни се дозволени. .
Исто и за овие што прават подкасти или стримаат по ју туб. Видете ги само последните гости на Лазаров и се ќе ви стане јасно на што се пали младината.
 
Грешка си скрос. Ако му скршел нос, ќе му кршеле нос него секоја недела.
Така ако гледаме, можеби немало ни нос да му скршат, туку ќе го испукале, од кај знаеш. Поарно со тепачки да ги вади фрустрациите, отколку со пиштол, така барем ќе изгуби страв од ќотек и ќе добие поголема самодоверба. И плус огромна шанса да биде повеќе почитуван меѓу врсниците.
 
Кај нас младинава се пали на:
Зоки фаци.
Тара.
Брз кредит.
Таа некоја што снимала онли фенс.
И слични не битни личности најверојатно.
 
Не е тоа причината, баш напротив. Да му скршел некому нос кога го малтетирале, потоа поинаку ќе го гледале останатите, со повеќе стравопочит. Следствено на тоа немаше ни да дојде до ова што се случи, невини деца, ни криви ни должни да загинат како последица на фрустрациите и гневот на малтретиран малолетник.
Баш тоа е причината, една од многуте. Она што се случи денес е само последица на таквата толеранција на вербалното и физичкото насилство во едно општествo. Насилството секогаш ќе резултира само со фрустрации и насилство, а постојат други начини преку кои може да се влијае на промена на проблематичното однесување од најмали години.
 
Да им скршел нос на некој од "другарчињата" кои го малтретирале, можеби немало да дојде до таков резултат, можеби ќе имале повеќе почит кон него и немало да го гледаат како плен за малтретирање.

Браво. Се ставам во позиција на детево, зошто на пример на мене во тие години никој не ми вршел булинг? Или макар да пробал? (На страна тоа што бевме и сме едно 10 пати понормални и подобри од овие денешни олоши)
Зошто се биле свесни дека кроше и кршење на муцката и носот не им бега. Во тие години децата/тинејџерите се полни со зло и се хранат со слабост, ако покажеш и најмала слабост готово си ја наебал. Мораш да покажеш заби и да застанеш за себе, инаку ти нема спас.

Баталете тоа што ви пишува @Aceso и останатите што живеат во розов свет, немаат они никаков допир со реалноста. Совети од само љубоф луѓентза не треба ни да се земаат во обзир.
Ви се допаѓало или не, ќотекот е од рајот излезен.

А на овие денешни мрсуљавци кои немаат почит кон ништо, многу многу ќотек лежи во нив.

Уште полоши се овие просечни Задруга гледачи, на нив сите им се криви за денешниов инцидент, те Задруга, те Жељко Митровиќ, те Бака Вепар, никако да се почне од себе. Нити па да се стави прст на чело и да се запраша дали можеби нивното дете е монструм, а тие не се ни свесни за тоа, батали тоа, да видиме Маја Маринковиќ со кого ќе се изебе во Задруга.

Најпарадоксално е тоа што тие што најмногу треба да молчат, најмногу јадат фекалии, ако си дозволил ти детето интернетот да ти го воспитува и да следи тикток трендови, грешката е во тебе, не во интернетот.

Доволен е само еден поглед на просечна македонска и српска страна да видиш каква багра живее на овие простори, од таму не треба ни да се чуди што се децата толкави олоши, доволно е да се погледнат креаторите. Толку.
 
Државата треба да почне да контролира што се пласира по медиуми и социјални мрежи. Секоја песна што искача од Балканов моментално е за криминал, бесни коли, гзови, ебење, пари. Во мое време наблиску до вакви песни била Candy shop, што е ништо во споредба сега што се слуша. Ова треба да се прекине, да постои некоја агенција која ќе одлучува какви песни се дозволени. .
Исто и за овие што прават подкасти или стримаат по ју туб. Видете ги само последните гости на Лазаров и се ќе ви стане јасно на што се пали младината.
Ја се слажем прв за ова..!
Како сталинст во политичка смисла, тоа е тоа што му фали на општествово!
Луѓето се овци, а демократијата е владеење на слабите… Затоа и нашава култура и образование го допре дното и уште буши надоле!

Море комисија! Две врати!
-Кажи лепи ти што ќе ни пееш денеска?!
По кратка постапка!

Филмови да минат цензори, литература исто!
Телевизија, се знае… Мечето Ушко и во кревет!

Фб, Тик-ток и остали срања забранети!! Како во Кина! Една државна мрежа што ќе биде контролирана..!

И да не редам уште..
 
Malive psihopatcinja sto vrsat buling treba da se naucat deka ne sekoj ima visok prag na tolerancija i deka ako probaat da maltretiraat nekogo treba da razmislat 2 pati posho moze toj nekoj da gi likvidira.

Ja voopsto nemam tolerancija a miren sum prv ne pocnuvam, eden u sredno proba da me zamara instantno jadese jaka kloca u preponi i ne smeese da mi zucne.
A nekoj konstantno da me maltretira ladno bi go roknal da imam pistol.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom