- Член од
- 15 февруари 2012
- Мислења
- 435
- Поени од реакции
- 537
Џабе извештаи за астрономски добивки ако постои сомнеж кај малите акционери дека мнозинскиот не сака да ја дели чесно добивката. После ланската тенка дивиденда, ваков сомнеж се вовлече кај дел од инвеститорите, но со овогодишната предложена дивиденда, мнозинскиот акционер докажува дека е чесен и од збор и дека ќе се труди да исплаќа во просек 70% од добивката, како што е објавено во дивидендната политика. Попусто се ветувања, ако не се поткрепени со сува пара.Извештаите не успеаа да ја поместат акцијата ниту за еден процент, ама одлуката за дивиденда (која што делумно беше очекувана) ја носи на плус 10%
Јас ја поседувам акцијава 13 години и на почетокот имав слични сомнежи, посебно после одлуката да не се дели дивиденда 2011-2014, но со тек на време се уверив дека ова е најтранспарентната и најчесна компанија на МСЕ. А парите од годините кога не се делеше дивиденда се искористија да се откупи зградата на седиштето и да биде целосно во сопственост на ТНБ.