Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ако стратешката цел била неутрализација на заканата која доаѓа од Украина кон Русија со воени средства па од таму да изнудат политички договор со САД каде што ќе се затвори украинското прашање во полза на Русија и САД ќе ја легитимира таа територија за руска зона, во тоа целосно потфрлија. Во моментов и не гледам како би го изнудиле тоа. Изгореа воени ресурси создавани со децении од гигант како СССР, а Русија нема економски капацитети да ги надомести тие загуби во скоро време и да создаде повторно офанзивна моќ за повторно воено да ја смени ситуацијата на терен. Иако одлично ги издржаа и ги издржуваат санкциите, за да се надомести изгубеното треба многу повеќе.

Гледам единствено две можности за Русија тука. Слабостите на западните демократски системи да изиграат во полза на Русија и Украина да падне жртва на внатрешно политички превирања во САД, и второто е похрабро и по директно вклучување на Кина во конфликтот (не воено туку во смисла на големо снабдување со ресурси и пари). Првото ми е помалку веројатно зашто САД моментално поминуваат многу ефтино за тоа што го добиваат и секој американски политичар го знае тоа. Втората можност со Кина ми е голема енигма иако до сега Кинезите историски се покажале многу резервирани за вмешување во вакви ситуации.
Целта на Русија е Украина како држава да престане да постои. Ако тоа може да се случи во 2030та, убеден сум дека ќе војуваат до 2030та. Политички и економски нивното општество може да го издржи тоа.

Дека губат оружје, губат. Ама тоа што го добиваат за возврат не е наивно. Територија пребогата со ресурси, и тоа од истата тешка индустрија што е потребна за да се реобновиш. Единствен начин САД да го спречи тоа тивко гинење на Украина е директно да се вмеша во војната, па оружјето што го губи Русија да се покаже како опасно по нив. Вака, не се чувствуваат загрозени.

Ама не мислам дека тоа е целта на САД. Мислам дека САД ќе се задоволи со тоа што се западно од Украина ќе стане нивна кучка, без право на збор, Русија ќе ја изгуби воената сила за нова офанзива и затоа што не ги загрозиле директно руските интереси, ќе може да ги сметаат како сојузник во некоја тивка соработка против Кина. И да, што Кина ќе направи тука ќе биде многу интересно да се гледа.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Пак ли истиот муабет. Тоа со 3 дена си го пишувавте вие самите тука на темата.

Што се однесува до офанзивата на украинците, нит има дата кога ќе почне ни прогноза колку ќе трае. Ама логично е да е летово, и ќе видме што ќе испадне. Членот се чудеше кај се бредлињата. Не треба да си генијалец за да сватиш дека ги чуваат за офанзивата. Божем русите не виделе бредли па од нив ги кријат.
А да не збориме за естимациите за економската пропаст за Русија. Пардон, неминовната економска пропаст на Русија, без оставање можност за грешка.

Малку ми е неверојатно дека нема некаква координација преку back channels помеѓу некои од западниве земји и Русија. Преголеми сили се во прашање и ова е голема воена интервенција за да се дозволи ситуацијата да има непосакуван тек и неочекувана ескалација и последици. Не мислам дека седнале заедно да ги договараат санкциите, ама мислам дека имаат постигнато меѓусебно разбирање кои сектори, индустрии и компании не смее да се чепкаат.

Ако ја опустошат руската економија и предизвикаат социјални немири, руската политичка елита може да стане нервозна и агресивна. А кога политичката елита што ја контролира втората најмоќна армија во светот заедно со најголемиот нуклеарен и хемиско-биолошки арсенал станува нервозна и агресивна, не е баш добра работа. Мислам дека Русија, САД, Франција, Германија и евентуално УК имаат некое разбирање за рамката на оваа ситуација и што не смее да излезе од нејзе.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.882
Поени од реакции
12.989
@jamajka Аууу. Немој со овие куршуми :icon_lol:

Сите редум ги фати. Бвулгарот, вебдевелоперот за НОРАД и скромниов дечко.

Сума сумарум. Баба ми има поразумно размислување од сите тројца на кантар:ROFLMAO:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Од прилика, состојбата на терен, третиот ден од нападот.
1683059624551.png

После обезбедување на копнен коридор на Крим со Русија. дефакто после опколувањето на Мариопол, почна повлекувањето од север, од прилика месец дена после почетокот на операцијата. Притоа, не се забележани никакви проблеми со логистика на југот, какви што наводно имаше на северот. Северот нападнаа со 30К луѓе максимим, додека на Југот учествуваа 130К војници + ЛНР ДНР.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
А што ќе постои на таа територија?
Јужните делови (тоа што Русите го викаат Новорусија) би биле области (провинции) во Руската федерација. Северно од нив би била Република Украина би била република (со што има право на свој претседател, Устав, парламент и службен јазик различен од руски) во состав на Руската федерација.

А западните територии мислам дека радо би ги поклониле на Полска, Унгарија и Словачка. Со тоа би се лишиле од проблем да имаат население што ќе биде сецесионистички настроено, би ги одоброволиле своите нови соседи, а и имаат доволно шуми, не е нешто посебно богат тој дел.

Секако, ова е моја теорија за што рускиот политички врв би направил како идеална ситуација, ако излезе како апсолутен победник во војната. Ама сметките дома и на пазар најчесто не се исти.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.882
Поени од реакции
12.989
Целта на Русија е Украина како држава да престане да постои. Ако тоа може да се случи во 2030та, убеден сум дека ќе војуваат до 2030та. Политички и економски нивното општество може да го издржи тоа.

Дека губат оружје, губат. Ама тоа што го добиваат за возврат не е наивно. Територија пребогата со ресурси, и тоа од истата тешка индустрија што е потребна за да се реобновиш. Единствен начин САД да го спречи тоа тивко гинење на Украина е директно да се вмеша во војната, па оружјето што го губи Русија да се покаже како опасно по нив. Вака, не се чувствуваат загрозени.

Ама не мислам дека тоа е целта на САД. Мислам дека САД ќе се задоволи со тоа што се западно од Украина ќе стане нивна кучка, без право на збор, Русија ќе ја изгуби воената сила за нова офанзива и затоа што не ги загрозиле директно руските интереси, ќе може да ги сметаат како сојузник во некоја тивка соработка против Кина. И да, што Кина ќе направи тука ќе биде многу интересно да се гледа.

Јас само би го спомнал демографскиот буст. Над 5 милиони се веќе во Русија. Голем процент веќе и со Руски пасоши.

Поточно околу 5.3 милиони.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.810
Поени од реакции
10.673
Ќе си ја поделат Русија и Полска,а можно е и Белорусија да чепне некој дел.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Не си прајте филмови, Полска може само к*р да фати!
Цела Украина е во сферата на интерес на РФ!
Било какво вмешување на НАТО та дали преку Полска или не, и нуклеарки ќе летаат!
Тоа само пољаците можат филмови да снимаат, како Русија ќе им даде третина од Украина и сама ќе си намести граница со Нато.
Ќе биде на крај исчистена Украина. Дали со 7 миљона или 70 миљона население, небитно. Ќе имаат пак некоја Влада, ќе бидат бафер зона, и така…
Што си посадија, тоа ќе си жнеат!
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.470
Поени од реакции
24.704
Тука има повеќе нијанси. САД го сака тоа, да. ЕУ и Европа, не баш. Тоа е ебената страна, без право на збор.
abe kakva eu, nebitni se.

pod zapad mislam anglosaksonski svet.

svabi, svajcarci, holandzani, francuzi toa se boranija drzavi so pomalku nezavisnost od nekoj africki banana republiki. moze imaat podobar standard od ostatokot na svetot ama jasno e deka nemaat nikakva mok da odlucat za sopstvenata idnina, ako nesto seriozno treba da diskutiras so EU javi se u vasington inace si go gubis vremeto.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Од прилика, состојбата на терен, третиот ден од нападот.
Прегледај го приврзокот 377335

После обезбедување на копнен коридор на Крим со Русија. дефакто после опколувањето на Мариопол, почна повлекувањето од север, од прилика месец дена после почетокот на операцијата. Притоа, не се забележани никакви проблеми со логистика на југот, какви што наводно имаше на северот. Северот нападнаа со 30К луѓе максимим, додека на Југот учествуваа 130К војници + ЛНР ДНР.
Дечко, Русија го анектираше Херсон и го прогласи за дел од Руската Федерација за после месец и пол да им го предадат на Украинците. Локално руско население на ферибродот преку Днепар бегаа со куфери и покуќнина ко Србите што бегаа од Книн. Од град кој пред месец дена стана дел од Русија.

Објасни ми како не е тоа најголем геополитички пораз и срам за Русија во последниве 30 години.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.470
Поени од реакции
24.704
Дечко, Русија го анектираше Херсон и го прогласи за дел од Руската Федерација за после месец и пол да им го предадат на Украинците. Локално руско население на ферибродот преку Днепар бегаа со куфери и покуќнина ко Србите што бегаа од Книн. Од град кој пред месец дена стана дел од Русија.

Објасни ми како не е тоа најголем геополитички пораз и срам за Русија во последниве 30 години.
pak ovoj... se brzas ti ocigledno? :lolzz:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Да продолжиме со ќе паднат за 3 дена естимациите.

Воениот" дел од оваа војна е веројатно веќе завршен. Ама тоа не беше воопшто спорно уште од старт. Никој не очекуваше дека на ваква географија и диспаритет во воена моќ, Украина ќе успее да даде некој долг отпор.
Мојот одговор на претходниов пост:

Дечко 2 дена поминаа, никој за ништо уште не е зачуден. Украина е Армија со стотици тенкови, наоружувана и координирана од најсилната армина на свет. Да си имале Русите бајки во главата не би распоредиле 200К сила спремна за инвазија. За Грузија им беше потребно 5 дена да ја капитулураат, Украина е најмалку 10 пати поголема и помоќна. Така да не верувам дека очекувале нова 5 дневна војна. Ниту пак се надевале на расположението на народот, Украина не се наоѓа во централна Африка па да не го знаат точно нивото на Про-руско расположение.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.169
Поени од реакции
12.972
Не си прајте филмови, Полска може само к*р да фати!
Цела Украина е во сферата на интерес на РФ!
Било какво вмешување на НАТО та дали преку Полска или не, и нуклеарки ќе летаат!
Тоа само пољаците можат филмови да снимаат, како Русија ќе им даде третина од Украина и сама ќе си намести граница со Нато.
Ќе биде на крај исчистена Украина. Дали со 7 миљона или 70 миљона население, небитно. Ќе имаат пак некоја Влада, ќе бидат бафер зона, и така…
Што си посадија, тоа ќе си жнеат!
Полека Наполеон,смањи доживљај :)
Нигде не реков дека Полска би се фатила воено да се надигрува со Русија.
Мое мислење е дека на зелена маса културно ќе си ја поделат.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
pak ovoj... se brzas ti ocigledno? :lolzz:
Кој шарлатански потег е тоа на земја пто се декларира како велесила. Да прогласи град за дел од својата територија и после да се евакуира од него. Таков политички кикс одамна не сум видел. Само покажува дека не знаеле да ја проценат ситуацијата ниту месец дена во иднината а камоли за повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom