Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Каде тоа јас се рамнам со гореспоменатите??? Ниту пак сум нешто многу образуван, за разлика од некој овде...
...
Зборот религија, ќе ги избегнувам колку што можам, бидејќи не ми помага многу во денешно време. Со текот на годините, овакви зборови добија различно значење, намерно или ненамерно.
Не наметнувам никому мое верување, по родители православно,
но го доживувам од страна на некои форумски ликови како такво.
Велиш, наназад да прочитам, ама 2000 страни, најверојатно бесмислени расправии меѓу верници и неверници, немам намера ни во сон.
Ако ме примите во дискусија да се вклучам од овој момент, пеким.
Ама ако реагирате како „цвеќката“ кој не сака да дебатира со мене, пак пеким... ке се повлечам во мојата тишина.
Мислев наназад, една или две страници, во однос на ова што ти ме праша за верувањето и разумот и слично... многу се 2000 страници :)

Никој не наметнува ништо тука... на подфорумов Религија сме да дебатираме, да се расправаме, докажување, убедуваме во нашите ставови... едноставно дискутирање.... осетливи теми има, некои намерно доаѓаат и провоцираат, не се заморуваат со религиите во светот, верувањата, но сепак ете доаѓаат и зборуваат... се додека нема лични навреди, дозволено е да се зборува и дебатира.

Тоа дека некој наметнува нешто го велат оние кои немаат што да кажат за своето па мора да го оцрнуваат другото со муабети како се приморува некој да биде нешто што не сака... тоа се стари работи, денес треба да си будала или роб за да дозволиш некој насила да направи од тебе нешто што тебе не ти е во природа да бидеш!

Не можеме никој да натераме да биде нешто друго од она што од внатре му вели да биде...
 
Некој овде од мене бараше да му принесам разноразни докази за Господ.
Можеш да го заборавиш концептот на овоземско докажување, ако сакаш научно да го докажеш Бог. Доказ е сѐ она што, според човечките закони на мислата, не дозволува никаков друг заклучок.
Само математиката ја признавам како доказ, бидејќи математичките резултати не можат да се променат. Но, до ден денешен, ниту таа наука не може да го негира Господ.
 
За ова веќе напишав, за тоа кога некој ви бара доказ.

„Која е смислата да се бара доказ за едно верување? Тоа некои мангупи колку да се изреволтира верникот му пишуваат такви идеи... да докажува :)
 
Среќа не разбирам кумановски, па не се изнервирав...
Автоматски споено мислење:

Инаку, и самите научници, светски познати, па дури и нобеловци, кажуваат дека сваќањето на светот, од страна на верниците (намерно нема да кажам „религија“) и науката, само се надополнуваат и надоврзуваат едно на друго.

Цитат од Алберт Ајнштајн: „Мислам дека науката и религијата не се нужно спротивни. Наместо тоа, мислам дека постои многу тесна врска меѓу двете. Исто така, верувам дека науката без религија е куца, а религијата без наука е слепа. И двете се важни и треба да работат рака под рака“
 
Последно уредено:
ЛоЛ :pos:
Ова е чист хинду концепт.
,,Во Упанишада светата книга на Индијанците, пишува: „Човекот кој е опседнат со волја, мисла и вера е роб, а кој не е опседнат е слободен. Затоа, ако човек се ослободи од волјата, мислата и верата, тоа е знак на слобода, тоа е патот што води до Брама, ја отвора вратата низ која се преминува на другиот брег од темнината'' т.е. преку кој се влегува во Нирвана.

Но, каков смртник е тој, кој не поседува волја, мисли и вера? А кој смртник е тој што се ослободи од сето тоа и остана жив?
Никој; дури ни самиот Буда, главниот учител на индискиот песимизам. Дури и тој не можеше да се ослободи од волјата, мислата и верата до својата смрт; до својата смрт сакал, размислувал и верувал.

Тој цврсто веруваше во Нирвана, постојано размислуваше за овој сенишен, метапсихички, страдален, и за тој несвесен нирвански спокоен свет,тој сакаше конечно,да ја истресе желбата како таква за овој свет и да ги доведе другите луѓе до тоа сознание кое му ја исполнуваше душата..

Луѓето можеа целосно да го достигнат знаењето до кое ги водел Буда, но луѓето не можеа целосно да се откажат од својата волја, своите мисли и својата вера.
Во својот стремеж, да се одречат од волјата,мислата и верата следбениците на Буда успеаја само да ги ослабат трите, кои ја сочинуваат содржината на животот, т.е. успеале само да го ослабат животот.

Што направи Буда со својот песимизам? Тој го направи тоа од еден воинствен и жив народ, каков што беа пред него Индијците, стана слаб,депресивен и заспан народ, кој денес не е способен ниту со својата легендарна бројка од 300 милиони да им одолее на небудистичката христијанска екипа од 50 илјади луѓе.”

п.с.Пишувано пред еден век... (владика Николај) п.п.с.Користев гугл транслејт и некад е позаебан преводот од српски на македонски него од англиски на македонски-луда работа.. :coffee: ;)
 
Проблемот со индијците е едноставен и многу лесно може да се објасни ако ја разбереш трансформацијата на духот од Ниче.
Индијците го скокаат лавот, па сакаат од камила дете да стаанат што е трагично.
 
Некој овде од мене бараше да му принесам разноразни докази за Господ.
Можеш да го заборавиш концептот на овоземско докажување, ако сакаш научно да го докажеш Бог. Доказ е сѐ она што, според човечките закони на мислата, не дозволува никаков друг заклучок.
Само математиката ја признавам како доказ, бидејќи математичките резултати не можат да се променат. Но, до ден денешен, ниту таа наука не може да го негира Господ.

Математиката не може да Го негира Бога, може само да го потврди Неговото дејание.

Што е „divina proportione„?...
 
Всушност, голем број математичари се обиделе да го докажат постоењето Божје низ вековите: од Блејз Паскал и Рене Декарт преку Готфрид Лајбниц до Курт Гоедел.
Но како што овие не успеале во тоа, така НИТУ ЕДЕН математичар не успеал да го побие постоењето на Бог.
Математичари од целиот свет и ден денес не се согласуваат во врска со прашањето за Божјето постоење. Многумина велат дека едноставно не знаат, нарекувајќи го овој проблем „мистеријата на математиката“.
Британскиот физичар и математичар Стивен Волфрам, кој го дизајнирал познатиот софтвер „Математика“, смета дека ова е илузија. Математиката може добро да опише многу работи бидејќи соодветни формули и модели се развиени и оптимизирани но, од друга страна, постојат РАБОТИ кои не можат добро да се прикажат со математика.

Divina proportione
 
Не е ни толку битно дали математичарите се или не се согласни околу Божјото постоење, оти за верните постојат други „докази и согласности„, а патем кажано, математиката не е магија со која може да се докаже се‘, туку идеалитет/и кој/кои најблиску го објаснуваат она кое Бог го створил по својата промисла, во облик од видлив материјален свет.

Математиката укажува на постоење на ред во Светов, а таквиот заклучок укажува на постоење на „некој„ кој во Светов го впишал редот.
 
Па зарем самиот Бог не бил по малку и математичар кога ги создавал сончогледот, шишарките, париче (ти текнуе? Фибоначи) или пак создавајќи геометриски комплексни спирали како на полжавот и галаксијата?
А независно од тоа, ја создал и ДУШАТА. Е таа ДУША, не можат математичарите да ја вклопат во нивните формули, не можат да постават соодветна варијабла, иако некој од нив пробуваат да ја вметнат како непозната променлива.
 
Секако дека ми текнува; не постои класична ликовна уметност (архитектура, скулптура, сликарство...), која во обликувањето на просторот нема бројчани односи/пропорции (аритметички, геометриски, хармонски...), а воено, уметностите Го слават најдобриот Уметник, не смртните луѓе.

Душата не може да биде „вклопена„ во ниту едно математичко толкување, затоа што е едноставна, нематеријална и не доаѓа од створениов Свет.
 
Се обидуваат овде некои, да ја опишат ДУШАТА како животна енергија, па се расфрлаат со странски изрази кои јас не ги разбирам (чи, прана), а не прочитав некој да ми објасни мене неукиот, со прости зборови та да разберам што е тоа. Па, еве јас ќе се обидам сам себе да си објаснам.
ДУШАТА е тоа што боли кога ќе изгубиш драга личност (сродна душа) или пак била дел од твојата душа можеби, тоа што стега под срцето, во висина на плексусот.
Премногу е комплексна, влегува во секој човек со првото вдишување (првиот бебешки плач), а излегува со последното издишување ().
И, како што не учи физиката, енергијата СЕ МЕНУВА, во ШТО??? Нели не се губи, нит се создава??
Сте пробале ли некогаш да дадете вештачко дишење на жив човек
(ДУШАТА се уште е во телото)???
А сте пробале ли некогаш да дадете вештачко дишење на умрен човек
(ДУШАТА веќе не е во телото)???
Кој пробал, мора да ја осетил разликата!!!
Па нека сподели овде, што осетил.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom