Мој пријател има земено преку 150.000 денари од повеќе такви места, не им ги враќа веќе година и пол, и не планира да им ги врати. Слободно земај си уште, па после пресели се и немаш гајле.
твојот пријател се усрал, ете.
како некој кој е млад, а има искуство со кредити и во банка и по финансиски друштва, а воедно и има и работно искуство по финансиски институции, мислам дека тоа што го пишав одозгора доволно ја објаснува ситуацијата у која што се упикал твојот пријател.
првенствено, 150.000 мкд (2432 eur +-) се ептен смешна пара за да си нарушиш кредитна историја (пријателот твој може да се збогува со кредити или било каков посериозен договор у државава), да те носат по извршители, да те вознемируваат секојдневно по телефон и на теренска наплата.
значи пријателот ти се усрал за пари што у година дена работење на минималец скоро два пати ќе ги заработел (20.500 минималец * 12 = 246.000 мкд / 4000 eur +-), да биде комплетно блокиран, да не може да работа осигуран (затоа што ќе му кинат од плата), да го даваат на извршители и да се збогува со било каков кредит во иднина.
буквално сега е комплетно избацен од системот на државава.
да не навлегувам во тоа што пријателот сигурно не крева повици, константно се крие додека го бараат по телефони, константно е у стање на вознемиреност, сигурно и причина за невраќање на тие кредити покрај тоа финансиската неписменост, неодговорноста, истотака е голема шанса да е зависник од нешто.
и за крај - уживај дека нема да му ги наплатат.
прво ѕвонат и пробуваат да најдат решение, испраќаат опомени, бараат блиски лица на должникот за контакт, за на крај при првото противење и изразување желба да не ги плати доспеаните рати ќе резултира во тоа да го дадат кредитот на агенции кои се брутални, скапи и ќе ти го усерат животот.
немој да спиете на тоа уво дека пари земени од финансиска институција, за што си потпишал десетици документи нема банката или финансиското друштво да ви ги наплатат, дали сега, дали за неколку години.
Ама ако нема што да му земат?
Нешто над 1000 денари е дневница за лежење затвор.
зарем се исплати да лежиш затвор за 2500 евра, да бидеш кривично осуден и изолиран од системот, ај да се 100.000 еур, ја сум прв што би ви рекол земите ги и никад не ги враќајте, ама за вакви смешни суми?