- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.988
- Поени од реакции
- 6.472
Кој е одговорот? Тоа што никој не дава одговор зборува гласно и јасно. Ајмо мишеви, што е разликата? Тоа што сакаа да го вратат прорускиот режим? Молчење и навреди и тоа се повторува цело време, на моменти е тажна таа предвидливостaj ne dosagaj
Сите овде трљаа раце на почетокот и ете 14 месеци подоцна сеуште опричњината е заглавена во блато, не можат едно гратче да го освојат 7 месеца еееј 7 месеци борби, жртви, активираа 300.000 мобици, ги испразнија затворите од манијаци кои ги пуштаат на фронт, па дури и сеуште имаме украински авиони кои напати даваат подршка на трупите после 430 дена војување па како е тоа можно?
Но да го оставиме времето да покаже, со новата НАТО граница од 1300км работите на стретешки план сериозно се поместија, кој можеше да каже до 24,2,2022 дека строго неутралната Финска ќе се зачлени во НАТО како резултат на агресијата а на пат е и Шведска која иако нема копнена граница сепак е во Балтикот и со својата скромна но одлично опремена и модерна флота може да биде дополнителен адут.
Ако некој може да каже која е разликата меѓу Финска полноправна членка во Нато и Украина можеби евентуално некогаш во Нато и ЕУ? Триумф на москаљската дипломатија и воена сила?
Но треба да се има и разбирање за руската дилема. Државотворниот руски мит е оној за руската мечка, за големата воена сила со која може да се победи било кој, немаат ништо повеќе од брутална сила како кохезивна сила во општеството.
И сега одненадеж тој мит за чие егзистирање се жртвувале генерации, одвојувале леб од уста од своите деца, оставале коски во рудници, сето тоа заглави низ непрегледните рамнини на Украина. Што сега? Армада од 15000 тенкови и 25000 оклопњаци кои како бран продираат низ преминот Фулда и ги сјебуваат декадентните западни педерчиња, раша стронк мемиња, сето тоа испадна гола вода.
Каде понатаму? Что делајет?