Дали позитивен SLE тест а негативен ANA тест може да значи дека за во иднина може и АNA да стане позитивен?
Systemic lupus erythematosus (SLE), дијагнозата на лупус се заснова на клинички симптоми (минатите и сегашните), семејната историја, медицинската историја на членовите на блиското семејство како што се баби и дедовци, родители, браќа и сестри, тетки, чичковци, братучеди и лабораториски тестови.
... не постои единствен дијагностички тест за системски лупус, тест за антинуклеарни антитела (ANA) не е специфичен тест за лупус, така да повеќето пациенти со лупус ќе имаат позитивен резултат од тестот АНА, а многу ретко, но можно е да има и негативен АНА тест и сепак да има лупус, во овие случаи, постојат и други антитела.
... ниту еден лабораториски тест не може да утврди дали некое лице има лупус, резултатите од тестовите кои сугерираат дека лупус може да се должи на други болести, па дури и може да се види кај здрави луѓе, така да резултатот од тестот може да биде позитивен еднаш, а негативен следниот пат, дури и различни лаборатории може да дадат различни резултати од тестот.
... друга опција е тестот AVISE, кој е тест на крвта кој може да им помогне на лекарите да дијагностицираат лупус и други автоимуни болести како што се ревматоиден артритис, склеродерма, исто така тестот може да биде корисен за луѓе кои имаат позитивен тест за антинуклеарни антитела (ANA), или за секој кој е загрижен дека може да има лупус или слична автоимуна состојба,
...општо земено, ревматолозите сè уште не го усвоиле овој тест како стандард, иако е корисен за дијагностицирање, сепак не е признат единствен дијагностички тест и треба да се земат предвид други фактори како што се симптомите и други дијагностички размислувања.
... пациент скриниран за СЛЕ со АНА тест без прво да се земе предвид проценката и корекција на витамин Д !!??
... дополнителни ревидирани студии кои ја потврдуваат врската помеѓу лажно позитивното тестирање АНА и хиповитаминоза Д најверојатно поради имуномодулација, СЛЕ и хиповитаминоза Д се манифестираат со впечатливо слична и преклопена клиничка слика, дефицит на витамин Д е многу повеќе распространет кај населението, дури и кај пациенти доволно изложени на сонце, така да нивоата на витамин Д треба да се измерат и последователно да се третираат доколку е потребно пред да се започне скрининг за автоимуни состојби како што е СЛЕ.
... дополнително, третманот на хиповитаминоза Д кај вистински пациенти со СЛЕ ги модулира и ги подобрува симптомите на СЛЕ додавајќи поголема доверба и помалку емоционален клинички пат.