Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Близнакот на Хепта. 2 страни од иста паричка. Тајни па тајни. Ако случајно не е тајна, луѓето што ќе направат со тоа знаење... ќе се тепаат, пукаат без страв, оти после ќе воскреснат.

Зборот Христос во некој јазик значи уље. Човекот во себе има уље па може и вакво знаечение....

Да, воскресението Христово е тајна, една од најголемите која Бог не му ја објавува на човекот, а за човекот е сосема доволно да верува во тој натприроден настан.

„Христос„ значи „помазаник„, односно лик кој е од Бога одбран за да изврши одредена задача, а помазувањето се врши на косата од одбраниот, со за тоа соодветно подготвено и благословено масло.
 
Толку си прочитал...
Днк се менува според животна средина со тек на време...
Црнец/белец/азиец
Ист вид на змија може да биде разлика од 5м во големина во зависност од околината на живвење...

Не можам веќе...
Не се менува...gene expression се вика тоа, епигенетика. Гледам се интересираш, еве ти уште нешто интересно покрај другото.
 
Не се менува...gene expression се вика тоа, епигенетика. Гледам се интересираш, еве ти уште нешто интересно покрај другото.
Ако не се менува..дали значи дека сите религии се во заблуда...дека све почнало од нив ...и дека тие се првите.
Инаку што спомна дека мора да има некоја информација за што и лако да се развива,расти понаша и прави...
Е баш Бог тоа можда го креирал....
 
Последно уредено:
Ако не се менува..дали значи дека сите религии се во заблуда...дека све почнало од нив ...и дека тие се првите
Религиите имале своја функција у време у кое свеста не била вообичаена ствар и у кое се раѓал по еден Буда на 1000 години. Сега живееме у време кога Буда ќе го најдеш у секое село...време на сингуларитет што би рекол Теренс Мекена
 
Со тоа што го пиша се слагам...дека Бог дадол информација како све да функционира и да се развива но во сите книги и науки пишува дека веќе све постоело од стално....
Но никој нема објаснување зошто и како баш така да реагира,се развива, размножува.
Инаку видеово ми е creepy не верувам баш во вакви нешта :)
 
Кој би можел да знае, за да разбереш некоја проблематика мора да бидеш едно ниво погоре од тоа со кое е поставен проблемот. Ние сме заглавени у еден свет и сакаме да погледнеме надвор од границите кои не дефинираат. Појди од самиот факт на временско ограничување кое го имаме како луѓе...животниот век ни е по 80 год. а од тие 80 само некои 20 сме максимум продуктивни. Потоа процесуирачките можности на мозокот како и импутот кој од мали нозе ни е каша попара. Очигледно некој по некад има нафрлено по нешто, или останало од друго време како Кабала на пример и други системи.
Она што никој не може да ни го земе е спознавањето на нашата природа и нашата суштина, односно егзистенцијалниот дел....Декарт скапувал у затвор ама никој не му ја земал способноста да се самоспознае, иако дошол до грешен заклучок ама нема везе.
Пишувајки дека никој не може да ни го одземе најдрагоценото ми текна дека цело она труење по медиуми како и наметнување на начин на живот, преку навики и исхрана не е без ефект. Па така ако човек има среќа може еден ден да се разбуди како Бог, едно со универзумот.
 
Не го разбав овој дел ама ич
 
Не го разбав овој дел ама ич
Прво напишав дека никој не може да ни го земе нашиот поглед на универзумов, ама после се подразмислив....може да има влијание од надвор. И тука ги наведов пречките, како медиумите и т.н.
Како и да е, да го искористам ова за крај.
No human being who is in their centre can be hypnotised. That's what needs to be remembered. No human being who is in their centre, who is being guided, who is close to their intuition, who is a sharp, critical apparatus, who has got a sharp sense of judgement, can ever be manipulated.
 
And how to :
Have Sharp sense
Be in center
Be guided
Have good intuition

Подобро читај шо е исправно и прави го тоа...него да се потпираш ма интуиција..
 
And how to :
Have Sharp sense
Be in center
Be guided
Have good intuition

Подобро читај шо е исправно и прави го тоа...него да се потпираш ма интуиција..
Не функционира тоа така, види пример муслиманиве што правеле порано у комунизам, тоа е типичен пример. Јаде свинско и пие алкохол додека други муслимани не го гледаат а у група се прават верници. Сите религии даваат инструкции за групно однесување. Истите правила на пример у војна се менуваат затоа што групата нема колективна одговорност.
Стварта е што системот промовира колективна одговорност у која на офците не им треба офчар, меѓу себе се пазат.
 
Мака ми е да пишувам но ајде пак истото.
Според мене све е направено од "ништо" со тек на време....
Пример дома ти исчисти све и заклучи и не чепкај ништо 1 година кога ке се вратиш ке има 1цм прашина а таа иде од "ништо"
Види на постарите куќи има мов и трева по чатиите и олуците па и по ѕидовите иако никој не посадил тука ништо
Исто е и со печурки одредена атмосфера+одредени минерали= печурки...сами од себе изникнуваат никој не ги посадил...

Тоа е под влијание на атмосверските влијаниа..пример ке врне дожд со кал/земја и бидејќи во земјата има како што спомнав минерали и други работи потоа кога ке излезе сонце изникнува трева/мов.

А од каде иде све тоа пишав дека никој не знае...и дека све е направено од "ништо" ( пример гас , вакум ,небитно како го викаат)

пример сонцето е од хидроген и хелиум а тоа протони,неутрони quarks и друго...

Е сега нормално дека има креатор само не знаеме што креирал прво па потоа од тоа све почнало да настанува....

Нема баш точни докази од што настанала почвата, земјата исто е и со другите планети.

Но пак е до минералите и до атмосферски влијанија за тоа што расте на нив.
На марс кога ке речат дека има живот мислат за некој едноклеточни организми,растение,бактерија,мов не за марсовци од каде дошле овие, најверојатно по дејство на атмосферски влијанија???

Исто и со тоа што имало вода на Марс ке заврни ке има вода нормално.

ПС. Можно е и од ова да настанале првите бактерии
primordial soup
iron-sulfur world
А овие од "ништо" - нешто што не можеме да си го објасниме.

Но никој не знае точно
,, .....затоа,секоја наука е теологија, бидејќи секој во системот претставува говор за Бога, и секој научник е теолог затоа што сите зборуваат за делата Божји. Лавоази е теолог како Волтер, Тесла како Штросмаер.

Залудно некои научници зборуваат против Бога, нивната наука зборува за Бога.

Сите ние, свесно или несвесно, сакајќи или несакајќи му служиме на Бога.
Нашата генерација, бидејќи е понаучна, не стои подалеку од Бога од поколението Сирахово туку поблиску, и поблиску до степен до кој е понаучен.

Секој чекор напред во науката е чекор поблиску до Бога.

Ако некој атеист од времето пред династијата на египетските фараони би прочитал учебник по хемија од 20 век,тој би верувал во Бога.
Така, денешната хемија е убедлива теологија и толку супериорна во однос на светите теологии од фараонските времиња!
Кој знае колку од нашите современици - атеисти - би верувале во Бог ако читаат учебник по хемија или астрономија од ХХХ век?

Зашто денес тие се атеисти не затоа што нема да веруваат во Бог, туку затоа што не можат да веруваат во хемиски или астрономски закони или затоа што денешното учење по теологија не им изгледа доволно убедливо.

Теолошките учења на денешницата укажуваат на атеистите друго време и друго место надвор од ова, каде што живееме денес, како време и место каде што може да се види Бог.

Пренесете се во времето на Аврам,се вели, и таму ќе го најдете Бога! Или одите во Мека, таму ќе го видите!
И тие одат и наоѓаат и гледаат што наоѓаат и гледаат сега насекаде околу нив, и се жалат дека не го нашле и не го виделе Бога”

(владика Николај)

п.с.А?
п.п.с. целиот текст - https://svetosavlje.org/religija-njegoseva/8/
 
Последно уредено:
Јас никаде не спорам дека е све креирано од Бог/supreme being само муабетот ми беше да се изнајде што е тоа што е прво направено.
И каде е тоа прво направено.

Затоа можда звучи глупаво..
 
Јас никаде не спорам дека е све креирано од Бог/supreme being само муабетот ми беше да се изнајде што е тоа што е прво направено.
И каде е тоа прво направено.

Затоа можда звучи глупаво..
Да не ме сватиш погрешно..ја не те доживувам као негативец или не знам што,само се надоврзав на твоето мислење..;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom