- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.980
- Поени од реакции
- 6.468
Пред извесен број години ја читав Црната книга на комунизмот составена од група автори, историчари, акдемици во која што се опишуваа сите комунистички режими и нивниот death toll за време на скоро еден век постоење на бољшевици на власт (1917 па наваму). Од неа може да се заклучи дека политичката идеологија на реалниот социјализам и економскиот модел на Маркс предизвикале десетици милиони жртви, па дури и цели 100 милиони, почнувајќи од гладот 1919-21 па се' до полињата на смртта на Пол Пот.
Би било добро да се избегнат несогласувања од почеток со тоа што Комузнимот како економски модел се дефинира како систем во кој средствата на производство се под заедничка сопственост и каде што секој граѓанин добива според потребите и придонесува според можностите.
Дали може комунизмот да се стави во категорија на историски ужаси како што е фашизмот, или тоа би било неточно?
Што се однесува на животниот стандард и квалитетот на живот, за среќа имаме споредби кај еден исти етникум кој живее или живеел поделено (Западна и Источна Германија, Северна и Јужна Кореја) и можеме да видиме за каков систем се работи.
Ние и особено нашите родители живееја во време на социјализам, но во случајов посебна југословенска врста наречена самоуправен или пазарен социјализам којшто предизвикува сериозни испади на носталгија кај значителен број од население.
Имајќи тоа предвид, а ако се земе дека и ден денес постојат земји со комунистички партии на власт, за каков систем станува збор? Дали комунизмот може да се опише како злосторнички систем или реалноста е со повеќе нијанси?