Комунизам, злото на 20-от век?

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Пред извесен број години ја читав Црната книга на комунизмот составена од група автори, историчари, акдемици во која што се опишуваа сите комунистички режими и нивниот death toll за време на скоро еден век постоење на бољшевици на власт (1917 па наваму). Од неа може да се заклучи дека политичката идеологија на реалниот социјализам и економскиот модел на Маркс предизвикале десетици милиони жртви, па дури и цели 100 милиони, почнувајќи од гладот 1919-21 па се' до полињата на смртта на Пол Пот.
Би било добро да се избегнат несогласувања од почеток со тоа што Комузнимот како економски модел се дефинира како систем во кој средствата на производство се под заедничка сопственост и каде што секој граѓанин добива според потребите и придонесува според можностите.

Дали може комунизмот да се стави во категорија на историски ужаси како што е фашизмот, или тоа би било неточно?
Што се однесува на животниот стандард и квалитетот на живот, за среќа имаме споредби кај еден исти етникум кој живее или живеел поделено (Западна и Источна Германија, Северна и Јужна Кореја) и можеме да видиме за каков систем се работи.

Ние и особено нашите родители живееја во време на социјализам, но во случајов посебна југословенска врста наречена самоуправен или пазарен социјализам којшто предизвикува сериозни испади на носталгија кај значителен број од население.
Имајќи тоа предвид, а ако се земе дека и ден денес постојат земји со комунистички партии на власт, за каков систем станува збор? Дали комунизмот може да се опише како злосторнички систем или реалноста е со повеќе нијанси?
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.489
Поени од реакции
16.137
Како некој може да каже дека комунизмот е зло? За време на комунизмот различни народи живееле, секако дека имало многу жртви кои биле противници на оваа идеологија, но што правиме со онаа идеологија која доведе до смрт на шест-седум милиони луѓе во тој 20 век?
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Комунизам = фашизам/нацизам е фолксдојчерска подметачина. Комунизмот ја доби Втората Светска Војна во Источна и Југоисточна Европа а во западна беше најсилниот дел од герилските антифашистички движења во окупираните земји, пример Франција и Италија. Сега кога комунистичкото/строгото социјалистичко уредување замина во минатото, потомците на нацистичките соработници, етничките Германци протерани од Источна Европа (фолксдојчери) поради нивната сесрдна поддршка на нацистичките окупатори, настојуваат да прават ревизија на историјата. Тие што го издигнале масовното погубување по етничка основа на степен на индустрија ги едначат со оние кои се дигнале на оружје да си го бранат домот и родот. Срамно, ефтино и искрено, казниво. Неколку примери: ЕУ од своите новостекнати источноевропски членки побара да со декларација се оградат/го осудат комунизмот. Ниедна советска колонија не беше весела за време на постоењето на Варшавскиот Договор- во ред, и Унгарија и Полска и Чешка итн експресно декларираа што се бараше од нив. И оп фатија да никнат на запад иницијативи за ревизии на територијалните отстапки што Германија ги направи како поразена земја во Втората Светска Војна и како страна што нанесе ненадоместлива штета врз источниот дел на европскиот континент. “Територијалните отстапки беа направени за време комунизмот, сега комунистите ги нема, ајде да вратите што земавте“. Само Полска најде за сходно да возврати еднакво, па од Германија побара монетарна воена отштета- комунистите се согласија да не бараат монетарна воена отштета од Германија туку територијални отстапки. Е па комунистите веќе ги нема, ние Полјаците сакаме и монетарна отштета и си ги задржуваме териториите со оглед како Фриц се однесуваше од 1939-1945 со окупирана Полска.
Хрватска исто така декларираше дека комунизмот е репресивна и тоталитарна идеологија. И оп, во Италија никне партија која си ја сака Истра назад. Ниту за време кралска Југославија ниту за време НДХ Истра не беше дел од Хрватска. Истра и Далмација беа припоени кон Хрватска дури како резултат на победата на Титовите партизани во тие територии. Е па сега штом Тито и комунистите ги нема, а Југославија земјата победничка се растури, Италијаните мислат дека е сосема фер првин Истра а потоа и другите делови од Далмација што биле под Италија пред војната да ѝ се вратат на Италија. Пратеникот од Хрватска Пернар мислам најјасно ја исцрта заблудата во која се фати хрватското јавно мислење: кој е од оние што се за дом спремни- повелете тогаш вратете ја Истра на Италија. Тито ви е крив? Назад Далмација во состав на Италија штом така.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.522
Комунизмот како појава е природна реакција,спротивна на другата екстрема во тоа време,суровиот тогашен капитализам.
Едноставно,кога една работа ќе ги премине сите граници,ќе се роди револт и отпор кај луѓето,а со тоа ќе се роди и опозиција.
Е сега,проблемот е што комунизмот преминува во другата екстрема,исто толку лоша,ако не и полоша.
Добрата работа е што мора да постојат и двете страни за да се одржи балансот.Благодарение на комунистите и анархистите луѓето тогаш добиваат работнички права,подобра плата и ред други бенефиции.Дури и држави кои не биле комунистички морале да реагираат во врска со работничките права од страв дека и кај нив ќе се прошири комунизам.
Истото е и сега,ако не е левицата,капитализмот ќе им го расплаче мамичето мамино на луѓето и на светот.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.627
Поени од реакции
8.499
со темава касниш едно 100 години, комунизмот помина и заврши, злото на 21 век ти е нео марксизмот, односно неокомунизам.
Не му одговара тоа, он е замајан од "демократијата" и од божествената природа на окултната олигархија на која се крсти.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.655
Поени од реакции
3.770
Дали може комунизмот да се стави во категорија на историски ужаси како што е фашизмот, или тоа би било неточно?
Ќе да е прилично точно.

Хана Арент ја има напишано “Изворите на тоталитаризмот“ и ако тргнеме на страна дека е/била Еврејка и дека пишувала прилично пристрасно, останува фактот дека фашизмот/нацизмот и комунизмот се деривати од ист извор (гледано историски, од средината од XIX па до раниот XX век) и меѓу нив нема суштинска разлика-доволно е да преброиме колку човечеки трупови остнаа од владеењето на наведените идеологи...
Автоматски споено мислење:

Дали комунизмот може да се опише како злосторнички систем или реалноста е со повеќе нијанси?
Да, може.

Друга е приказната што со тек од време, за да не биде доволно видливо, комунзимот односно соц-реализмот во СФРЈ постигна и некои резултати, но во суштина тие беа само производ од странската помош, бесконечното земање кредити и трајната зависност од лиценци.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.627
Поени од реакции
8.499
Изгледа Аристотел има кажано нешто паметно на оваа тема, каде постојат три типа на уредување, колективно(комунизам), монархија и демократија. Сите се исти курац и знаат да бидат зло у даден момент, проблемот е у коренот....хиерархија е зло по дефиниција. Она што е алтернатива е систем спротивен на хиерархија а тоа е анархија.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.655
Поени од реакции
3.770
Изгледа Аристотел има кажано нешто паметно на оваа тема, каде постојат три типа на уредување, колективно(комунизам), монархија и демократија. Сите се исти курац и знаат да бидат зло у даден момент, проблемот е у коренот....хиерархија е зло по дефиниција. Она што е алтернатива е систем спротивен на хиерархија а тоа е анархија.
Како се воспоставува анархија во едно општество/држава и колку време анархијата може „да држи вода„ пред да прејде во диктатура и авторитарност, кои сами по себе и во себе имаат хиерархија?...
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Секоја идеологија си е посебно „зло“ и си има свој жртви.
Исто така и секоја идеологија е на хартија „совршена“ а во реалност (во пракса) се гледаат нејзините маани.

Власта е слатка и моќна во секој режим и сите се служат со различно оружје како да ја добијат, задржат, зголемат и злоупотребат.
Автоматски споено мислење:

Како се воспоставува анархија во едно општество/држава и колку време анархијата може „да држи вода„ пред да прејде во диктатура и авторитарност, кои сами по себе и во себе имаат хиерархија?...
Анархијата не постои.
Не можеш никако да ја воспоставиш ниту пак да ја оддржиш. Тоа ќе ти биде крвопролевање и буквално hunger games.
Појакиот секогаш ќе го користи послабиот, ќе се прават групации и пак на некој начин ќе се дојде до некое подивјачко општество од тоа што го имаме денес.

Не знам за форумов ама доста често се има порано дискутирано за оваа тема и на крај пак се доаѓало до истото.
Мора да има некој поредок и некакво уредување, без тоа...
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Ќе да е прилично точно.

1. Хана Арент ја има напишано “Изворите на тоталитаризмот“ и ако тргнеме на страна дека е/била Еврејка и дека пишувала прилично пристрасно, останува фактот дека фашизмот/нацизмот и комунизмот се деривати од ист извор (гледано историски, од средината од XIX па до раниот XX век) и меѓу нив нема суштинска разлика-доволно е да преброиме колку човечеки трупови остнаа од владеењето на наведените идеологи...
...
2. Друга е приказната што со тек од време, за да не биде доволно видливо, комунзимот односно соц-реализмот во СФРЈ постигна и некои резултати, но во суштина тие беа само производ од странската помош, бесконечното земање кредити и трајната зависност од лиценци.
1. Дотичната Хана очигледно нема поим од идеологии воопшто, не е тоа кошаркарски натпревар па кој режим потепал повеќе народ неговата идеологија да биде погнасна од онаа спротивставената. И дури и да дискутираш за корените и на нацизмот/фашизмот и на комунизмот, двете идеологии имаат сосема различен корен- и историски како настанале и зошто настанале и како се практикувале, која им е целта...
Погледни само начинот на зачленување во партии кои тие идеологии ги остваруваат:
- кој може да биде комунист: секоја и секаква етничка припадност.
- на кого му е дозволено да биде нацист/фашист: има доооолг список на непожелни етникуми, физички/психички нивоа на способност, крвта и крвното сродство одредува сѐ што ти можеш и си способен во очите на нацистите.
2. Некои резултати, Пророче?! Некои?! 1970-1972 Југославија имала индустриски аутпут рамен на тој на Јапонија. Југославија се изгради од урнатини. Тито при разрушена и обезличена земја имал смелост и доблест да му покаже среден прст на еден од најстрашните деспоти во модерната историја- Сталин. Ја да видам некое од денешниве вазалски режимчиња тнр. бивши југословенски републики каде цвета демократијата, владеење на правото и приватната економска иницијатива макар и припари до индустрискиот аутпут на денешна Јапонија (којашто личи на бавен филм споредена со Јапонија од 1970-тите). Некои резултати?! Некои?!
Некој може веќе ми спрема етикета да ми налепи дека сум југоносталгичар: ова се бројки, статистика, евиденција... ова се факти. На база на тие факти може да се прават и проекции, да се даваат толкувања итн. меѓутоа тие се фактите.
Автоматски споено мислење:

екстремен капитализам = фашизам
екстремен социјализам = комунизам
Да видиме состојбата на терен дали го потврдува ова:
- екстремен капитализам за мене е еднакво на глобализам = глобално користење на човечки и природни ресурси од тесна група на луѓе кои не мора да бидат од еден и само еден одбран етникум. А тоа фашизмот не е. Фашизмот/нацизмот гледаат прво во крвното сродство.
- екстремен социјализам = комунизам. Сѐ што е произведено во социјалистичка земја е произведено како резултат макар и на минимална интервенција на владата, чиј удел во сопственоста над индустријата расте, до степен да ги контролира сите кракови на економијата- и производството на добра, и нивната продажба и куповната моќ на муштериите и нивните примања, за да на крај ги укине парите и секој зема од “продавница“ она и онолку колку што им треба. Јас викам “да“, екстремниот социјализам е комунизам.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.655
Поени од реакции
3.770
Некој може веќе ми спрема етикета да ми налепи дека сум југоносталгичар:
Цитираниов дел од твојот допис кажува се‘ и посочува на твојата пристрасност кон претходниот систем (батали статистики ово, оно...), така да остатокот од твојот допис нема да го коментирам...
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Цитираниов дел од твојот допис кажува се‘ и посочува на твојата пристрасност кон претходниот систем (батали статистики ово, оно...), така да остатокот од твојот допис нема да го коментирам...
“Батали статистики ово оно“ кажува колку на тебе ти е до вистина, релевантност и реалност а колку до хранење сопствени бајки и илузии.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom