Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Значи дека не си го разбрал вицот...

Божјите Заповеди превенираат чинење зло, укажуваат на последиците од злото и посочуваат дека наместо зло, треба да чиниме добро, за да станеме слични на Бога.

Световните правни закони казнуваат веќе сторено зло и тие (законите, нели...) не се насочени кон превентивно нечинење зло, туку на казнување на веќе стореното зло, кое би било предмет на судска одлука и казна.

Па затоа има казни смотан еден дека да нема казни гајле им е на луѓето за гревовите. :pos::pos::pos:
Тие со казни + гревови све и све што прават не па без казни.

Дај не пишувај вицови
 
Во христијанското учење постои судска одлука и казна според она што е веќе сторено, судијата, џелатот и оној што ти го спрема патот на Земјата е нивниот концепт на бог..
Проблемот е што сезнајниот бог според нивното зборување, барем на некои кои се упорни во проповедање и оцрнување на другите, сепак знае кој каде и што ќе згреши, затоа само 144K ќе бидат спасени, според Откровение...
Освен ако таму не се кријат кабалистички финти како во законот на евреите познат како стар завет заради христијаните.

П.С. Пеколот е собран од евреите и постои во сите други наследни религии чиј корен се еврејските мистерии :) А пеколот е место каде што богот (од знаете каде) ги казнува оние кои веќе сториле зло... дури и оние кои не сториле зло но сепак не се христијани, според христијанската логика, етика и морал - и тие ќе одат во пеколот, бидејќи богот е премногу човечки според нивното толкување.
 
Па затоа има казни смотан еден дека да нема казни гајле им е на луѓето за гревовите. :pos::pos::pos:
Тие со казни + гревови све и све што прават не па без казни.

Дај не пишувај вицови

Ај иди на „Тик-ток„, таму имаш содржини соодветни на твојата возраст...:icon_lol:
 
П.С. Пеколот е собран од евреите и постои во сите други наследни религии чиј корен се еврејските мистерии :) А пеколот е место каде што богот (од знаете каде) ги казнува оние кои веќе сториле зло... дури и оние кои не сториле зло но сепак не се христијани, според христијанската логика, етика и морал - и тие ќе одат во пеколот, бидејќи богот е премногу човечки според нивното толкување.
Пеколот(адот), постои во сите религии без исклучок, пагански и монотеистички.
 
Не само што постои во религиите, како доктрини/теории, туку постои реално, согласно искуствата собрани во Црквата.
 
Пеколот(адот), постои во сите религии без исклучок, пагански и монотеистички.
За се можно пробувате да дешифрирате во Библијата, само за ова немате креативност :D
Кој вика дека пеколот не е тоа што ќе завршиш под земја да те јадат црвите, или пак горење во крематориумот?
 
Не зборувам за дешифрирање, зборувам за концептот пекол, дека не е измислен од јудеизмот и христијанството, туку дека постои во секоја митологија.
 
значи во било што да веруваш ќе завршиш во огнот. Иначе сигурно има некоја социјализација доле во пеколот освен горење. Ваљда има пауза малце за кафе муабетче.
 
Za kafe i cigarce obavezno.
 
Не зборувам за дешифрирање, зборувам за концептот пекол, дека не е измислен од јудеизмот и христијанството, туку дека постои во секоја митологија.
Ова ми мириса на мултилевел маркетинг.
Кој е на врвот на пирамидата?
 
Ова ми мириса на мултилевел маркетинг.
Кој е на врвот на пирамидата?
Ке ми извиниш, ама не можам да те следам, не се разбираме ни ти што сакаш да кажеш, ни јас што сакам да кажам :)
 
Епа ете викаш дека концептот постои во сите религии, значи сите препишувале еден од друг, и ваков концепт ме потсетува на 2 работи: или христијанството е плагијат, или дел од мултилевел маркетинг шема каде секој маркетер си има своја приказна за истиот производ.
 
Иначе сигурно има некоја социјализација доле во пеколот освен горење.

Нема; никој со никого не се гледа, оти душите битисуваат во мрак и во постојано измачување...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom