Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Класичен верник, малку зорт и одма пробувате да забошотите.
Ако си вистински верник треба да пробаш да ги научиш тие што не го разбираат, тие што започнале да го шират христијанството не објаснувале со 2 зборови, туку шетале од село во село и поминувале време со народот.
Tocno.
Pominuvale so onie koi gi povikuvale i koi gi interesiralo. A onie koi ne go prifakale nivnoto zboruvanje gi klevetele i gi vregale. Od toj aspekt gledam 2000 godini nisto ne se smenilo.

Seedno, moeto objasnuvanje dodusa i ne se odnesuvase na hristijanstvoto, tuku na covestvoto odnosno antropologijata.
Toa sto ne mozam da ti objasnam ne me pravi los vernik, tuku nemam trpenie nesto sho sum pominala godini vo samostojno istrazuvanje da go dzvakam vo dolg post.
 
Во христијанското учење постои судска одлука и казна според она што е веќе сторено, судијата, џелатот и оној што ти го спрема патот на Земјата е нивниот концепт на бог..

Ај пак?...
Автоматски споено мислење:

Проблемот е што сезнајниот бог според нивното зборување, барем на некои кои се упорни во проповедање и оцрнување на другите, сепак знае кој каде и што ќе згреши, затоа само 144K ќе бидат спасени, според Откровение...

Грешка си....Таа цифра се однесува само на бројот од спасени кои ќе живеат во последните времиња.
Автоматски споено мислење:

Освен ако таму не се кријат кабалистички финти како во законот на евреите познат како стар завет заради христијаните.

Кабалата, „увезена„ од Евреите при нивното ропство во Вавилон и Стариот Завет, запишан од пророците и патријарсите, немаат благе везе едно со друго...
Автоматски споено мислење:

П.С. Пеколот е собран од евреите и постои во сите други наследни религии чиј корен се еврејските мистерии :) А пеколот е место каде што богот (од знаете каде) ги казнува оние кои веќе сториле зло... дури и оние кои не сториле зло но сепак не се христијани, според христијанската логика, етика и морал - и тие ќе одат во пеколот, бидејќи богот е премногу човечки според нивното толкување.

Пеколот не е створен ниту од Евреите, ниту за Евреите, ниту за било кој посебен народ.

Пеколот е створен од демоните и во пеколот „идат“ сите грешни и непокајани поединци, а како стојат работите во Светот, „идат“ и цели народи, согласно нивните лажни религии.

Оние кои не се рисјани а не сториле зло, не „идат„ во пеколот автоматски, оти Бог и за нив остава прилика за спасение и места во Рајот.
Автоматски споено мислење:

ова теорија е, у пракса си видел како е дали е вака у пеколот? Пошто пекол асоцира на оган, лава и луцифер како ги измачува проколнатите, ова твоево делува ко да пеколот е ептен chilled place.

Лично, не сум го видел пеколот, но во Црквата веќе постојат ликови кои го виделе и кои потврдуваат дека учењето за пеколот е вистинито.

Лавата и огнот се метафори, кои укажуваат на маките кои ги трпат лицата кои се наоѓаат во пеколното опкружување. Да, и Луци е таму, оти тој и неговите го имаат створено пеколот па во пеколот се „како дома„.
 
Последно уредено:
Tocno.
Pominuvale so onie koi gi povikuvale i koi gi interesiralo. A onie koi ne go prifakale nivnoto zboruvanje gi klevetele i gi vregale. Od toj aspekt gledam 2000 godini nisto ne se smenilo.

Seedno, moeto objasnuvanje dodusa i ne se odnesuvase na hristijanstvoto, tuku na covestvoto odnosno antropologijata.
Toa sto ne mozam da ti objasnam ne me pravi los vernik, tuku nemam trpenie nesto sho sum pominala godini vo samostojno istrazuvanje da go dzvakam vo dolg post.
Еве ме интересира, тргни од претпоставката дека сум некој што нема појма за религија и обиди се да ми ја продадеш приказната за христијанството.

Инаку антрополошки и религиски нема допирна точка, затоа и те прашав погоре кога мислиш дека сме настанале ние и планетата. Согласно првото имаш фосили (карпи) создадени од слоеви на едноклеточни организми кои се преку 3.5 милијарди години, а според твојата религија планетата е стара околу 6600 години.

Одбери дали ќе се повикуваш на наука, или ќе тераме дискусија каде ќе ми ги презентираш религиските факти.
 
Еве ме интересира, тргни од претпоставката дека сум некој што нема појма за религија и обиди се да ми ја продадеш приказната за христијанството.
Ne mozam, smetam deka nemam karakteristiki na dobar ucitel.
 
Epa tuka lezi zajakot zosto poleka religiite (osobeno hristijanstvoto) gi gubat vernicite.
Istiot odnos kako tebe go imaat duri i tie sto navistina treba da ja sirat hristijanskata filozofija.
Религиите не функционираат на база на филозофии туку на база на догми. Или прифаќаш или не, нема таму колку е стара земјата, дали имало слободна волја и сл.
 
Колку што знам хиндуизам е нај стара религија, а има и други што се постари од христијанството.


Планетата настанала под дејство на атмосферски влијанија пред 4-5 билиони години.

Све почнало со биг банг све е енергија. Што како ме знаеме , све почнало од ништо...


Све има почнато да се развива од
Protons,neutrons and quarks.

Бог на Човекот го направил од земја а пред земјата имало многу други елементи (кислород,хелиум,азот,водород)
од кои настанала земјата. кој ги створил нив не знаеме...мада повеќе ми се верува дека Бог го створил тоа ништо и од тоа започнало све !!!
Ова е точно дека знаеме дека земјата е доста комплексна и е создадена од минерали, органска материја, вода, воздух и живи организми како што се бактерии, габи и инсекти.
А тие се настанати од други работи...да не навлегувам.
Пример земја + одредени климатски и атмосферски промени и одма никнуваат печурки...без никакво семе и сличен човечки труд
По олуците од куќите полно е трева и мов но никој никогаш тука ништо не посадил...

Така да можеме да кажеме дека првите не апстрактни елементи од кои почнал животот се минералите

Затоа ако сакаш физичкото тело да ти е здраво треба витамини,минерали,вода,бактерии и друго баш како земјата.

Е сега според верниците сите животни ги направил Бог (денешните) а има доста цврсти докази дека имало диносауруси и други рептилни животни...и дека све се сведува а еволуција.
Тогаш било Giraffatitan сега е жирафа.

Што е постаро кокошката или јајцето логично е дека е јајцето постаро дека пред кокошката имало многу други птици и со спој на некоја од нив настанале јајца и од нив се родиле кокошки и петли.
Било некако :D

Не знаеме што било пред сингуларноста, реално тоа е надвор од наше разбирање (во моментов).
Во врска со кокошката и јајцето е интересен филозофски концепт, тешко да му најдеме чаре на форумов.

Тоа со животните не се разбирам јас, може да ти објасната религиозните каде ги чувале на арката, како не се изеле едни со други, како во Библијата не се спомнати живинки што живеат само во Австралија, како возат секое сабајле на дизел настанат од диносаурусите, а никаде во нивната религија не пишува дека постоеле.
 
Epa tuka lezi zajakot zosto poleka religiite (osobeno hristijanstvoto) gi gubat vernicite.
Istiot odnos kako tebe go imaat duri i tie sto navistina treba da ja sirat hristijanskata filozofija.
Ne bi rekla. Pravoslavieto belezi rast vo SAD osobeno, a i vo arapskiot svet, samo sto ne se slusa za toa bidejki znaeme kako zavrsuvaat onie koi se otkazuvaat od islam.
Nema sekoj isti sposobnosti, ne moze sekoj da bide ucitel :)
 
Тоа со животните не се разбирам јас, може да ти објасната религиозните каде ги чувале на арката, како не се изеле едни со други, како во Библијата не се спомнати живинки што живеат само во Австралија, како возат секое сабајле на дизел настанат од диносаурусите, а никаде во нивната религија не пишува дека постоеле.

Потопот го преживуваат само праведниот Ное, неговата сопруга, трите синови, нивните снаи и еден внук, спасени во Ноевиот ковчег/арка, кој бил дрвен брод, изработен по насоки од сам Бог, за да може да ги собере сите тогаш познати животинки, по еден пар од нив (машко/женско).

Животинките не се изеле едни со други, затоа што се повикани да влезат во бродот од Ноета лично, за да се спасат, а од друга страна, животинките се солидарни кога треба да „спасат кожа„ и во таква непогода, како Потопот, не покажувале непријателство едни кон други.

Тоа што наводно во Австралија живеат животинки кои не се споменати е само твој погрешен заклучок; после Потопот, релјефот од Земјава е битно променет, така да животинките од Австралија (кенгурите...) не ни битисувале во Австралија пред Австралиското копно да го добие денешниот изглед.

Нафтата ни случајно не е настаната од „саурусите„, туку избива од внатрешноста од Земјава, во плитките шуплини од Земјината кора.

Просто е; пресметај колку нафта е потрошена од втората половина од XIX век до денес, или колку нафта се испумпува тековно и ќе ти текне колкав број од „саурису„ би требало да загинат за да од нивните тела се добијат милијарди и милијарди тони нафта...
 
Библијата како книга која содржи историски факти не е воопшто паметна работа :)
Посебно еврејскиот дел кој што е основа на денешните две религии кои се негираат меѓусебно: христијанство и ислам.

Бидејќи веднаш одиме со прашања: а чии деца се потомците на Ное? Праведните нешто многу матни работи правеле ако вака ја толкуваме сказната за потопот и Ное... и сите што сметаат дека се наследници од Ное па наваму...
 
Ноевиот син Сим е прататко на семитите: Евреите и Арапите. Синот Хам е прататко на Африканските црнци, а синот Јафет е прататко на Евроазиските народи...
 
Ноевиот син Сим е прататко на семитите: Евреите и Арапите. Синот Хам е прататко на Африканските црнци, а синот Јафет е прататко на Евроазиските народи...
Кој со кој водел љубов, море Мики? :) Кој какви деца изродил и што роднини биле тие неколкумина на „бродот на човештвото“ и тоа се собрани праведници?

Прататко... еми прамајката што ќе ја правиме? Таа не знае кај е од водење љубов по се изгледа според овие дрдорења за еврејските книги и философии од страна на „многу учените христијански верници“.
 
Потопот го преживуваат само праведниот Ное, неговата сопруга, трите синови, нивните снаи и еден внук, спасени во Ноевиот ковчег/арка, кој бил дрвен брод, изработен по насоки од сам Бог, за да може да ги собере сите тогаш познати животинки, по еден пар од нив (машко/женско).

Животинките не се изеле едни со други, затоа што се повикани да влезат во бродот од Ноета лично, за да се спасат, а од друга страна, животинките се солидарни кога треба да „спасат кожа„ и во таква непогода, како Потопот, не покажувале непријателство едни кон други.

Тоа што наводно во Австралија живеат животинки кои не се споменати е само твој погрешен заклучок; после Потопот, релјефот од Земјава е битно променет, така да животинките од Австралија (кенгурите...) не ни битисувале во Австралија пред Австралиското копно да го добие денешниот изглед.

Нафтата ни случајно не е настаната од „саурусите„, туку избива од внатрешноста од Земјава, во плитките шуплини од Земјината кора.

Просто е; пресметај колку нафта е потрошена од втората половина од XIX век до денес, или колку нафта се испумпува тековно и ќе ти текне колкав број од „саурису„ би требало да загинат за да од нивните тела се добијат милијарди и милијарди тони нафта...
Ме бендисуваат вакви одговори, ме потсети на забавиште :D
 
Ме бендисуваат вакви одговори, ме потсети на забавиште :D

А на што те потсетуваат оние неизброви години од староста од Земјава и од Вселената, или оние смешни толкувања за староста од фосилите?....:icon_lol:

Еве, мене ме асоцираат на малоумие и бујна фаназија, комбинирани со суетен обид за објаснување на Светот и животот.
Автоматски споено мислење:

Кој со кој водел љубов, море Мики? :) Кој какви деца изродил и што роднини биле тие неколкумина на „бродот на човештвото“ и тоа се собрани праведници?

Прататко... еми прамајката што ќе ја правиме? Таа не знае кај е од водење љубов по се изгледа според овие дрдорења за еврејските книги и философии од страна на „многу учените христијански верници“.

Намали си од дрдорењето, батали ја лагата позната како „Телема„ и дај конечно, почни да учиш здрава наука...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom