Да гасоводот е стратешка цел, и ќе биде гаѓана во евентуална војна. Ти можеби не ја разбираш стратешката важност, но тие кои стојат позади развојот на настаните многу добро разбираат.
Како ќе биде гаѓан ако не постои?
Ова нема никаква врска со фактичката состојба на власта во Ерменија.
Повторно примерот со Украина: САД направија државен удар и ја сменија власта. Во Ерменија немаше државен удар, ама имаше обоена револуција... Или не го знаеше тоа? Не знаеш како Пашанјан и другите сорошоиди дојдоа на власт?
И не, руските мировници не ја прават Ерменија руски играч.
Кој пример кои глупости.
Ерменија беше и сеуште е на Руска страна, какви црни вазали на САД.
Руски војски има во Ерменија, Руски мировници го обезбедуваат Нагорно, Русија активно истураше оружје во Ерменија за време на војната, Русите гинеа кога патролираа на Ерменски граници.
Се што имаш пишано на таа тема е погрешно. Светот го гледаш само САД вс Русија. Се останато не постои, сите останати немаат свои интереси.
По дефиниција, туѓа војска во друга земја е доказ за влијанието на истата врз неа.
Ќе правиш гимнастики и на оваа тема сега?
Читај полека: ПВО системот има капацитет,
конечен капацитет. Да, навистина може да се справи со „многу мети“ истовремено. Но „многу мети“ не значи и бесконечно многу мети.
Една Панцир единица колку цели може да ангажира? Јас на
вики читам 4. Ете 40 нека бидат... Што ќе се деси непријателот ако прати 6, или 60 дронови? Тоа е заситување, и не дека не разбираш - со сила се правиш глуп.
Не знам што читаш, имаш примери каде Панцир соборува наведувани ракети (химарс), имаш примери каде соборува swarm од дронови во Сирија.
Ако не може да собори повеќе од 4 или 40 дронови, ниту непријателот може да прати 4 или 40 дронови одеднаш.
Метите не се појавуваат одеднаш, не е ни можно тоа да се случи. Системот пресретнува неколку мети, веднаш откога една ќе биде елиминирана преминува на друга. Тоа е и поентата. За тоа е дизајниран. Да победи повеќе мети одеднаш. Не се идиоти дизајнерите, знаат дека непријател можи да испрати повеќе единици кон една цел. Знаат Русите, знае Израел, затоа имаат системи што лесно може да победат многу мети одеднаш.
Особено мети со двотактен мотор.
Прво беше дека немале извидувачки дронови, после дека им биле макети, па сега дека не можеле да погодат мета во движење, ваљда кога веќе направиле нешто што лета со ракети на него и ракетите ги направиле исто како и ракетите што ги имаат авионите и хелихоптерите, нема да измислуваат топла вода на нешто што веќе постои, да речеше дека неможеле да носат нуклеарки, ајде да ти веруваме ама оваа.
Во пред 2 поста напишав што пишуваше на Википедија
дека во 2014 имале 10 батерии, планирале уште 5, батеријата имала од 3 до 4 лансери секој со по 20 ракети, една батерија ефективно покривала 120 километри квадратни.
Израел е 20000 километри квадратни и ако си видел на мапа е едно д'лго а тесно земјиче и ракетните напади доваѓаат од Газа и можеби од Либан, во западниот брег палестинците се со бодликави жици околу секое населено место, значи треба да бранат 20 километри од Газа и околу 50-100 километри кај Либан и Сирија и ако пресметаш 15 батерии им се 1200 ракети спремни за пукање во секој момент.
И јас како тебе додека не видам не верувам дека е способен за соборување на балистичка ракета, пред некоја година залутана С-200 ракета од Сирија прелета пола и повеќе во Израел пред да падне, рекордер ракета од својот тип, на русите ако и останала некоја по магацините можат слободно да си ја употребат како мамка.
Извиднички е различно од разузнавачки. Примерот со дронот што личи на
Рипер e разузнавачки, во суштина лета позади хоризнтот, на големо растојание. Тој што е на сликите и видеата, не лета.
Нема ни видео кај што лета.
Пишувам за ова бидејќи за такви дронови потребна е друга технологија што Иран не ја поседува (најверојатно)
Знаеш, бидејќи има разлика во дронови, како што има разлика во авиони.
Од мали, управувани од еден човек со дострел од 20 минути, до огромни, на ниво на мал патнички авион кои се управувани од другата страна на планетата.
Пишав дека Иран има голем број дронови, веројатно повеќе од било која земја. Меѓутоа тоа се дронови какви што ги користи Русија, какви што користеше Иран врз С. Арабија.
Едноставни, следат навигација, и удираат во целта. Без камери, без трансфер на податоци, без оператори.
Не го пишувам ова без врска, пред неколку години Иран се фалеше со домашни авиони, па беа од 5та генерација, па имаше некакви футурустички тенкови, па не знам што. Тие што личат на Рипер се само пропаганда.