...каква Влада, таков Министер за здравство, таков ФЗОМ, таков МАЛМЕД, такво здравство, такви услови во клиниките и болниците, таков медицински персонал, се додека не се почнува одозгора надоле со работа но одговорност за таа работа и казнување за неработење, промени кон подобро не може да се направат!
... на пример, кога прават инспекција од санитарната инспекција од Министерство за здравство на оперативните сали, секогаш претходно вработените во тие институции добиваат телефонски повик дека ќе им се направи инспекција земање брисеви од операциони сали, па вработените се мобилизираат и за два, три часа ќе направат целосна дезинфекција на просториите, стерилизирајќи све што треба да се стелизира и дезинфицира секој ден!
... немало сирупи од увозно потекло како Амоксиклав (Лек Љубљана, Словенија), Оспен (Крка Словенија) или суспензија Панцеф (Алкалоид МКД), па нормално ќе нема кога дозволените - референтни цени се испод цената на чинење на тие лекови, македонски пазар за толку малку пациенти како население,
...странски фармацевтски фирми не идат испод цена на производство, оти Владата/Бектеши така ќе каже, ниту се трудат да ги убедат властите за покачување на цените на лековите, едноставно си ги затвораат преставништвата во МКД и се повлекуваат од македонскиот пазар, а со тоа преку ноќ веќе лекот станува дефицитарен, оти нема веќе увоз,
... за менаџирање на сите овие ситуации со лекови ја има институцијата МАЛМЕД која е под ингиренции на Владата, а не под Министерство за здравство, порано како Биро за лекови си беше под ингиренци на Министерството за здравство т.е. Министерот за здравство даваше инструкции, денес МАЛМЕД инструкциите директно ги добива од владата, па ако мислат дека МКД ќе има лекови испод цена како што прават со лебот и други производи „смрзнување на цени“, се лажат, странските фармацевтски производители на лекови не зависат од македонски пазар, па ќе се ценкаат тука, ќе си затворат преставништвата чао довиџења!
Прегледај го приврзокот 375505
Прегледај го приврзокот 375506
Прегледај го приврзокот 375504
...исто и Алкалоид не може испод цена да иде со лековите, затоа што референтните цени владата ги нема покачени со години, па не може еден фуросемид таблети кутивче да има референтна цена 13,67 денари, а една најлонска ќеса да е 15 ден, не знам зошто не ја кажуваат и причината за дефицитарност.
... новинари, прочепкајте малу видите како идат процедурите, слушнете се со странските фармацевтски куќи зошто нема дистрибуција на лекот, а не само ќе констатирате што го нема лек и толку?
... доколку не се изврши ревизија и оправдана измена на референтните цени според реалните цени во производство на лековите, верувајте на нашиот пазар ќе бидат присутни само лекови од трета рака кинеско производство, албанско производство и турско и ништо друго, тоа лекови од ЕУ нема да има, па според какви референтни цени одредени од Владата такви и лекови ќе има или пак никакви лекови нема да има.
... кога последен пат е променета позитивната листа на лекови ? нели е малку трагикомично што на позитивна листа има лекови кои веќе не се произведуваат или лекови кои не се применуваат веќе, па затоа пациентите многу лекови ги купуваат со свои средства !
...што работи МАЛМЕД ?
1. „...Четринаесет вработени на МАЛМЕД беа на студиски посети со цел унапредување на знаењата во областа на употреба на лековите, клиничките испитувања и инспекцијата....“
Тука!
2.„...Ова беше одлична можност за вработените на МАЛМЕД да ги зајакнат своите капацитети во клучните сегменти од своето работење
....
“ Тука!
3. „... Планот за тренинг на вработените, обуките кои се спроведоа во делот проценка на документацијата за лек при постапката на маркетинг авторизација, инспекцискиот надзор како и воспсотавувањето на систем за следење на потрошувачката на лековите согласно препораките на СЗО ...“
Тука!
4.„...Планирано е во следниот период да се пуштаат во употреба повеќе модули, и тоа: модулот за следење на потрошувачка на лекови, модул за добивање на одобрение за прва серија на лек, модул за апликација за Клинички испитувања, модул за медицински средства...“
Тука!
5.„...Casual Friday“ си организираше секо петок МАЛМЕД , со кои средства и што научиле, што напреднале?
Тука!
... едно пишуваат што е нивна улога, а на терен во реалноста е сосема друга ситуација!
Прегледај го приврзокот 375513
вкупно наведени
46 вработени во МАЛМЕД по хиерархија, да не можат да ја креират проблематиката со лекарствата и околу лекарствата во МКД ?

цел батаљон!
Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД)
„...активно учествува во промовирањето на рационална употреба на антибиотиците, континуирано поттикнувајќи ја нивната рационална и правилна употреба во Република Северна Македонија. Како дел од процесот на одобрување лекови, МАЛМЕД ги одобрува и индикациите за кои се користи одреден лек. Антибиотиците се индицирани за третман на бактериска инфекција, но не и вирусна. Исклучително е важно да се придржувате до пропишаните индикации и другите упатства за начинот на примена на лекот, кои се наведени во упатството за употреба и збирниот извештај за особините на лекот. Упатствата за употреба за сите одобрени лекови во РСМ се јавно достапни во базата на податоци за лекови на веб-страницата.
МАЛМЕД ја следи безбедноста на сите лекови, вклучително и антибиотиците, и ги користи сите достапни информации за континуирана проценка на нивните безбедносни профили. Затоа ги повикуваме пациентите и здравствените работници да ги пријават сите сомнителни несакани реакции од употребата на антибиотиците, на веб страната на МАЛМЕД, вклучително и секој случај на нивна неефикасност. Исто така, МАЛМЕД ги повикува сите лекари и пациенти одговорно и совесно да препишуваат и користат антибиотици....“
- а антибиотици нема за лек!