Оноа што особено иритира последниве неколку години е што секоја втора куќа почна да глуми лудило и да чува кучиња,дел од нив големи како волови што многу лесно може комотно да искасапат човек или дете.
Едно обично одење до продавница мораш да го трпиш теророт на лаење кон тебе,многу пати ќе се излета од нигде никаде и од памет ќе те извади.
Е сега,еднаш враќајќи се накај дома една госпоѓа ја отвара вратата од нивниот двор и едно ѕвериште што не знам ни што раса беше од што беше одвратно,за малку ќе и се протнеше низ вратата и партали ќе ме направеше.
Кога и да поминам кучево крволочно ме лае,апла се гледа дека ако го испуштат на улица буквално може човек да осакати.
Муабетот е,која потреба е бе мајка му стара од чување на вакви дебили дома?
Без разлика кучето дали е затворено во двор,секогаш има потенцијал да се протне,да најде некоја дупка,да избега на било кој начин.Кој е тој што ќе внимава на него толку многу?
Од километар се гледа дека во повеќето случаеви се лечи некоја нездрава психопатолошка потреба.
Зел другар ми Димко еднаш да шета два волишта со него и онака горделив глуми модерен либерал,го гледам и му викам"Абе пеер нели ти е малку шубе да ги шеташ вака по тесни улици без маски,ами ако нападнат некое дете?
Не бе мирни се ми вика онака без никаква свест и совест.
Има многу што да се пишува на оваа тема,сакам животни,ама спрема кучињава почнав да развивам сериозна омраза последниве години баш поради нападиве.