Harald
King of Norway
- Член од
- 12 јули 2009
- Мислења
- 3.422
- Поени од реакции
- 9.759
koga vekje povekje od godina dena raspravate na tematikava, razlikuvajte nekoi osnovni poimi.Слободоборци, навистина не сте фер.
Па зарем прекрасната Полска, полноправна членка на НАТО и на ЕУ, која даде и сеуште дава, која направи и сеуште прави толку многу за слободата на нео-нацистичка Украина, не заслужува да биде подеднакво слободна како и Украина ?
Па дајте организирајте се, собирајте донации за оваа прекрасна држава која има само најдобри намери кон Украина, да може да ги прошири сопствените енергетски капацитети.
https://off.net.mk/vesti/svet/polska-kupuva-dva-pati-povekje-ruski-gas-od-cela-eu-zaedno
Полска купува два пати повеќе руски гас од цела ЕУ заедно
5 април 2023 - 14:15
Во 2022 Полска потрошила 710 милиони евра на руски гас, со што на нејзе отпаѓаат речиси две третини од целата потрошувачка од 1,1 милијарда евра на членките на Унијата.
Во март 2022, по руската инвазија на Украина полската влада вети дека ќе го прекине целиот увоз на енергенси од Русија до крајот на годината. Следниот месец премиерот вети дека во истата рамка ќе биде прекинат и увозот на течен гас.
Една година подоцна, состојбата е целосно прекинат увоз на јаглен, драстично намалување на увозот на нафта, додека купувањето на течен гас „не само што не е намалено по руската инвазија, туку е зголемено и непречено продолжува“, тврди варшавскиот тинк-тенк, Форум Енергии, врз основа на бројки од Еуростат.
Од Форум Енергии објаснуваат дека уникатната позиција на Полска се должи на четири фактори. Прво, таа има посебно висок број на коли што работат на гас, околу 3 милиони, заради што и три-четвртини од увезениот гас се троши како гориво за нив. Второ, домашните рафинерии немаат доволен капацитет за производство на течен гас, и покриваат само 16% од побарувачката, заради што „Полска е проколната да увезува“. Трето, терминалите за течен гас се лоцирани на истокот на земјата и се направени за примање на гориво од Русија и Белорусија. Најголемиот дел од увозот околу 71% пристигнува преку железница или пат, а само 29% преку море. Четврто, Полска има многу мал складишен капацитет, еднаков на некои си 4% од годишната потрошувачка, па заради тоа мора константно да се снабдува.
Не само што премиерот на Полска не го исполни своето ветување, туку парламентарната иницијатива од опозицијата, за забрана за увоз на течен гас од Русија, беше отфрлена од пратениците на владејачката Партија на закон и правда.
Опозицијата ја критикуваше владата и за нејзината дволичност бидејќи остро ја напаѓаше Германија за користењето руски енергенси, додека истовремено одбива таа да се откаже од руски гас.
LPG - liquified petroleum gas, (naften gas) po naski / narodno - plin, za koli, skara, gotvenje, svastarija, za sirotinja uglavno.
suma od 700 milki za cela godina e smesna, beter od sitni pari za mastiki.
pod tecen gas voglavno se misli na LNG, a za toa poljacite si pravat terminali na baltikot za uvoz.
tuka sumite se vo milijardi, toa e glavnata borba vo evropa.
ne se ni prvi ni posledni so vovele sankcii, a uste uvezuvaat energensi i drugi produkti.