Живот назад во природа

Член од
2 април 2023
Мислења
262
Поени од реакции
564
Па мора од некаде да се почне, зошто мора да направам документарец како таму живеам за да направам ваква некоја дискусија? Можеби целта ми беше да направам место каде повеќе луѓе како мене ќе се здружат и заедно ќе пробаат да направат нешто? Зошто секогаш мора да биде ајде може, ама ти прв биди?
Тоа исто како кога треба да се протестира за нешто и сите патат од тој комплекс, еве брат би протестирал ама прво да видам дека на улица има 1000 луѓе, и нормално секој тоа самиот си го повторува.
Ете се извинувам што специјално за тебе не купив куќа на село и не направив фарма за да можам да дискутирам на оваа тема.
[/QUOTE]
Извинувањето е прифатено! :D Шала на страна, далеку од тоа дека си прв, а и не си последен овој муабет да го вози, да можеби целта ти е да ги инспирираш луѓето, без ти да го направиш тоа, но има теоретичари, филозофи, па и гледај еден цајтгаст, иста филозофија, ко што реков, на западу ништо ново, но човекот не се стреми кон тоа, едноставно сака да биде хомо релаксус, што на крај ќе му го стави и крајот (терминатор стил, нуклерна војна ќе видиме), но да, еволутивно човекот сака да му е лесно, и со тоа лесно идат и тие социјални мрежи што ги плукаш (а богами и јас зашто се прикриено зло), но вака како дискутираме, не ми е јасна твојата цел, темата е одлична, но после нејзиното отварање, твоите коментари се некако хаотични, немаат цел ниту поента, што сакаш да кажеш, дека ќе живееш на село, нема да живееш на село, туку инспирираш други да го направат, не ми е јасно?
[/QUOTE]
целта ми беше да направам место каде повеќе луѓе како мене ќе се здружат и заедно ќе пробаат да направат нешто(значи само треба убаво да прочиташ)
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Не е и до толку проблемот во тие т.н. рандом селски активности чување стока и бавчи, мавчи... него луѓето сакаат да живеат во или непосредно близу цивилизацијата/урбанитетот... До пред само 10-15-20 год. дур и овдека у Скопјево да по периферните населби луѓето копаа/садеа бавчи во своите дворишта, а многумина/некои чуваа дур и свињи, па и крави и.т.н. но со тек на време сето тоа замре, се забрани и сл.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Не е и до толку проблемот во тие т.н. рандом селски активности чување стока и бавчи, мавчи... него луѓето сакаат да живеат во или непосредно близу цивилизацијата/урбанитетот... До пред само 10-15-20 год. дур и овдека у Скопјево да по периферните населби луѓето копаа/садеа бавчи во своите дворишта, а многумина/некои чуваа дур и свињи, па и крави и.т.н. но со тек на време сето тоа замре, се забрани и сл.
Па да не се лажеме кога луѓе викаат сакаат да живеат подалеку од цивилизација мислат на Лаутербрунен и Гринделвалд, никој не си фантазира од Скопје да си оди да живее во Сарандиново и Мислешево. Не за џабе викенд населби се најчесто на планини.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
900
Поени од реакции
449
Па да според урбанистички план во таква и таква населба не може да се чува стока, да се има фарма и слично...
Порано многу луѓе чуваа по 1-2 прасиња, теле и друго но веќе долго време тоа не функционира.
Сепак бавча може да се сади па дури и пластеници.
Само проблемот е што и за тука треба секој ден да си тука....и има инвестиција но и равота.

Едно е викенд друго е за живот, за викенд секаде е убаво @Corvus
 
Член од
2 април 2023
Мислења
262
Поени од реакции
564
Veke podolgo vreme go zboram istovo megu luge, deka zivotot vo Skopje konkretno stanuva se ponekvaliteten i potezok za podnesuvanje. Imam zelba i rabotam na toa, vo narednite 5 godini da zarabotam i da mozam da si kupam edna kuka, vikendica vo Rastak. Rastak e prekrasno mesto, so kola ne e poveke od 20 min od grad ili 11km, na nadmorska visocina od 700 m, idealno za kardiovaskularen sistem, ubav cist vozduh, ima voda, ima prekrasen pogled kon Skopje, ima ubavo crkvice, ok narod, kooperacija i mnogu od gradot so vikendici gore. Celosno ne bi se izoliral, ama od prolet do oktomvri bi ziveel tamu, podaleku od gradot, od guzvi, prljavstini, gorestini itn.
Се е тоа супер, мене ми е повеќе цел да можам 365 денови од годината да живеам таму, тоа буквално да ми стане нов начин на живеење, исто гледам да е местото на некоја надморска висина 400-800 метри, да има природен извор на вода и дрва за огрев по можност, нормално и плодна почва и услови за чување добиток.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
900
Поени од реакции
449
Тоа за дрва не оди така...мора дозвола и слично...јас за мој дрва платив од мое место ги сечев а платив за сечење,печат и транспорт...и кога ке видиш исто доаѓа...
Све е супер само не ти сваќам од кого се криеш толку...законите се исти за сите каде сакаш живеј.
Зависиш од системот.
Лична карта имаш,струја,вода,мобилен,интернет, телевизија, канализација,школо,регистрација за кола...
Од кого бегаш не те разбирам...

Ако сакаш да избегаш од системот тоа не пали повеќе.

Можеш да избегаш од системот ако си.
Хакер,ептен поткован со знаење, и ако работиш со bit coins.
Само тука никој не те ТРАКИРА ниту те следи ниту ти зависиш од некого
 
Последно уредено:

Како мислиш од твое место? Зашто знам дека има луѓе кои имаат и свои мали земјишта посадена шума баш за огрев.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Па да според урбанистички план во таква и таква населба не може да се чува стока, да се има фарма и слично...
Порано многу луѓе чуваа по 1-2 прасиња, теле и друго но веќе долго време тоа не функционира.
Сепак бавча може да се сади па дури и пластеници.
Само проблемот е што и за тука треба секој ден да си тука....и има инвестиција но и равота.

Едно е викенд друго е за живот, за викенд секаде е убаво @Corvus
Грото од Скопјаните се доселеници од руралитет/провинција... и сеуште си држат одредени рурални афинитети, бар оние повозрасните генерации и секако истите претежно живеат во попериферните делови од градот, арно ама немоеш ем да живееш во град т.е. главен град ем да копаш бавчи и чуваш прасиња на пр. дур ни кокошки да чуваш, бидејќи такви биле модерните урбанистички правила, прописи, закони...
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
900
Поени од реакции
449
Како мислиш од твое место? Зашто знам дека има луѓе кои имаат и свои мали земјишта посадена шума баш за огрев.
Да но треба дозвола од македонски шуми дека сечиш дрва инаку испаѓа кражба ако те фатат без печат како ги превозуваш.
Не може така...како што мислиш ти, ако сечиш ти така дрва пола шума ке ја оголиш со своите соселани :D
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Тоа за дрва не оди така...мора дозвола и слично...јас за мој дрва платив од мое место ги сечев а платив за сечење,печат и транспорт...и кога ке видиш исто доаѓа...
Све е супер само не ти сваќам од кого се криеш толку...законите се исти за сите каде сакаш живеј.
Зависиш од системот.
Лична карта имаш,струја,вода,мобилен,интернет, телевизија, канализација,школо,регистрација за кола...
Законите, правилата, прописите, а и обврските на граѓаните важат (бар на хартија) ма и не само на хартија туку и стварно/реално секаде без разлика дали си во центар на Скопје или во некое ххх чкљ село !
 
Па тоа од преѓе му објаснувам ....

Неговиве сваќања се малце како еј има светска војна се теоаат со атомски бомби јас ке се кријампод кревет и во планина...ке бегам како гоце делчев по пештери...

ЕДИНО со bitcoin си надвор од системот ме плаќаш данок ни на држава ми на банка никој не знае што правиш со тие пари.
И друго хакер да си некој хардкор.
И последна опција ептен добар научник...но тогаш ке те земат да работиш за системот и ке ти се свиѓа тебе.
 
Член од
2 април 2023
Мислења
262
Поени од реакции
564
Тоа за дрва не оди така...мора дозвола и слично...јас за мој дрва платив од мое место ги сечев а платив за сечење,печат и транспорт...и кога ке видиш исто доаѓа...
Све е супер само не ти сваќам од кого се криеш толку...законите се исти за сите каде сакаш живеј.
Зависиш од системот.
Лична карта имаш,струја,вода,мобилен,интернет, телевизија, канализација,школо,регистрација за кола...
Од кого бегаш не те разбирам...

Ако сакаш да избегаш од системот тоа не пали повеќе.

Можеш да избегаш од системот ако си.
Хакер,ептен поткован со знаење, и ако работиш со bit coins.
Само тука никој не те ТРАКИРА ниту те следи ниту ти зависиш од некого
Не велам да бидам невидлив туку колку што можам помалку да зависам од "системот".
На крај краева се живее и без интернет мобилен телевизија...
Да бидеш независен во смисла да имаш живеалиште твое, храна,вода,огрев.. другото се да користиш додека можеш и не те условуваат
 
Член од
2 април 2023
Мислења
262
Поени од реакции
564
Законите, правилата, прописите, а и обврските на граѓаните важат (бар на хартија) ма и не само на хартија туку и стварно/реално секаде без разлика дали си во центар на Скопје или во некое ххх чкљ село !
кои закони не ме заебавај луѓе газат на пешачки и не лежат затвор, се надевам се заебаваш, иначе да точно е дека на крај ќе апсат некој за пола метар дрво исечено а овие убијците и мафијашите слободно си се шетаат, затоа и сакам што понезависен живот да водам, а дека некој ке дојде у некое село на 1000 метри надморска висина да истражува дали сум исекол пола или цело метро дрва не сум баш сигурен, оти кај нас у сред град нема ред и закон камоли во некое пусто селце.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom