Живот назад во природа

Член од
23 септември 2015
Мислења
900
Поени од реакции
449
Што врска имаат социјалните мрежи со градовите и селата...не му даваш телефон на детето и готово.
Игралишта има повеќе од било кога мо деца нема
Се зафркаваш со нас ???
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.246
Поени од реакции
23.833
Јас немам нокти, би убила да живеам во село и уживам во риболов. Јас и Мари Каше, ние сме тие!
Ti da sakase da zivejs na selo nemase da mu ja zduvnis od Veles taka da aman ne se ubivaj do tolku :sneaky:
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Под ризик да сум хејтер на темава, ова е глеано у филм или нешто се изнервирал членот што ја отворил темава па ајде оп село.

Тука си е цела анализа у игра:

1. Веќе сме имале полни села, сега се празни, значи ако било добро и идилично, немало да бидат селата празни денес нели, значи селаните бегале/бегаат од нешто, иако ние градски деца се филмаме
Животот по руралитетите е реално тежок, многумина од нас овдека што дрндаме и пишуваме по нетов или живееле или па престојувале по такви средини во некој одреден дел од животот да речеме младост, летни одмори по месец дена, кај роднини, дедовци, баби и.т.н. и знаеме каков е тој живот, не сто, туку илјада пати потежок, мачен, гневен од градскиот, не дека градскиот живот е лесен, секојдневни гужви у сообраќај, гужви по пазари, маркети, разно-разни институции и.т.н. Но сепак да се надоврземе на муабетов за селскиов живот, станување со петлите рано наутро уште во ноќ и легнување веднаш штом сонцето падне таму на запад. Чување стока, добиток, живина, чистење штали, копање лозја, бавчи, палење по неколку пати на ден ќумбиња, шпорети на дрва и сл. пошто како инаку ручек ќе напраиш/свариш, а денес треба три пати да јадеш, насабајле, па ручек и вечера... Ако селото има струја ок, супер, но ако нема тогаш свеќа/свеќи, ако има водовод/вода ок, ако не ќе точиш стомни, шишиња, бокали од некој најблизок селски извор, а тоалет, се знае полскиот клозет таму одзади во полето/нивата... Во ред е да се биде гневен и незадоволен и од градскиот/урбаниот живот, густ сообраќај, метеж, асфалт, бетон, загаден воздух, ѓубре на секој чекор и.т.н. но сепак она другото ("алтернативата") е многу многу потешка/помачна варијанта за избор !
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2021
Мислења
347
Поени од реакции
717
Гледам дека има повеќе замерки и претпоставки од некои, па ќе пробам со еден статус да одговорам.
1.Да знам кој е Мирољуб и мислам дека има многу паметни работи што промовира, тоа сепак не значи дека го подржувам во се што прави, многу добро знам дека тој вели едно а потоа секој втор ден е во Белград по телевизии и емисии. Едноставно некои ставови ни се слични, додека други ни се сосема различни.
2. Никој не рече дека животот на село е идиличен, баш напротив, напоменав дека бара голема жртва и откажување од многу работи (се осеќам како папагал, ама ете мора да повторам оти изгледа некој го мрзи да чита, туку само да коментира)
3. Поентата не е да се градат ноќни клубови по селата, туку тој вид на забава и животен стил да се замени со некој друг (не знам кај видовте дека реков да се градат ноќни клубови по селата и да се уништува природата)
4.Некој гледам спомнува метрополи Лондон Берлин Токио итн.. и колку многу луѓе гледале таму да избегаат, океј нека бегаат не знам каква врска има тоа со јас тоа што го напишав? Реков секој со својата глава и памет (пак се повторувам). Тоа што повеќето луѓе сакаат нешто да прават не значи дека сите треба по нив да гледаме и повторуваме(стадо овци размислување)
5.Тоа што луѓе зборувале за села во Франција Италија итн, тоа си е нивно, дали ќе одат или не, пак тоа си е нивна работа, убаво реков на почеток дека и од тие што зборуваат на оваа тема многу малку се одлучуваат да го направат тој чекор (пак се повторувам)
6. Целата поента беше децата да се отргнат од тие социјални мрежи и повеќе време да поминуваат помеѓу луѓе и во природа, тоа што вие сте замислиле да одите у село и пак да лизгате на телефон е друго, јас никаде не се залагав за такво нешто, значи најлесно е да избрзате да коментирате без малку да ги протумачите работите.
Се надевам успеав да дадам некое појаснување, мило ми е што голем број на луѓе се вклучија во оваа дискусија.
Па не гледам причина толку да се дискутира, реално од твојот пост муабетов е мисли со твоја глава, биди свој итн, да, на западу ништо ново, повеќе би очекувал веќе кога вака се залагаш, да видиме аматерски документарец од тебе како веќе живееш на село и ни докажуваш тоа што го збориш, вака реално брат, колку јас/ние тераме една струја, тераш и ти друга струја без докази, ништо ново нит спектакуларно, праен муабет 100 пути и најверојатно уште 100 натака, затоа мислев дека се сака дебата и разни мислења.
 
Член од
2 април 2023
Мислења
262
Поени од реакции
564
За тоа дека животот на село е помачен се согласувам делумно.
Најдобар пример за тоа ми се старите луѓе кои ден денес живеат во селата (како баба ми и дедо ми), кои доживуваат многу подлабока старост од овие што 40 години дремеле по канцеларии и во стари години пијат разноразни лекови и секоја недела се влечкаат по болници. Не познавам некој од село што цел живот работи физичка работа да умре од мозочен или срцев удар на 35-40години, уште помалку некој да има рак или некои други потешки заболувања(нормално конзумирањето алкохол и цигари исто имаат своја улога).
Се на се, темата е за оние кои делат мислење дека животот на село(во природа) е подобра опција, почитувам тоа да има луѓе што не се согласуваат со тоа (дури и очекував многу повеќе негативни реакции)

Мило ми е што сепак заинтересираноста за враќање во село не е претерано голема, тоа значи повеќе простор за оние како мене да најдат полесно и поефтино живеалиште таму.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
347
Поени од реакции
717
Ti da sakase da zivejs na selo nemase da mu ja zduvnis od Veles taka da aman ne se ubivaj do tolku :sneaky:
Моето искуство покажува дека луѓето повеќе сакаат да кажат дека сакаат да живеат на село, не всушност да живеат на село, некој вид квази-помодарско мислење, барем по мое искуство. Еден член кажа, ќе те праат луд ако кажеш дека сакаш да живееш на село, но баш напротив е обратното, во мое опкружување е ееј село права ствар, живееш мирно и идилично, е муабетот и перспективата, нормално додека скролаат социјални мрежи на нивниот смартфон поврзан на интернет додека се у Мош и без кола не идат ни на мочање, но да, село и едноставен начин на живот е права ствар, јухуууу
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
900
Поени од реакции
449
@Nikola Knez баш ме интересира од што ти се состои исхраната.
Ако не си следач на Мирољуб сигурно си следач на некој од тие гуруа што ги викаат или на некој попови/ монаси друго нема.
Тие исто вака зборуваат скроз
 
Последно уредено:
Член од
2 април 2023
Мислења
262
Поени од реакции
564
Па не гледам причина толку да се дискутира, реално од твојот пост муабетов е мисли со твоја глава, биди свој итн, да, на западу ништо ново, повеќе би очекувал веќе кога вака се залагаш, да видиме аматерски документарец од тебе како веќе живееш на село и ни докажуваш тоа што го збориш, вака реално брат, колку јас/ние тераме една струја, тераш и ти друга струја без докази, ништо ново нит спектакуларно, праен муабет 100 пути и најверојатно уште 100 натака, затоа мислев дека се сака дебата и разни мислења.
Па мора од некаде да се почне, зошто мора да направам документарец како таму живеам за да направам ваква некоја дискусија? Можеби целта ми беше да направам место каде повеќе луѓе како мене ќе се здружат и заедно ќе пробаат да направат нешто? Зошто секогаш мора да биде ајде може, ама ти прв биди?
Тоа исто како кога треба да се протестира за нешто и сите патат од тој комплекс, еве брат би протестирал ама прво да видам дека на улица има 1000 луѓе, и нормално секој тоа самиот си го повторува.
Ете се извинувам што специјално за тебе не купив куќа на село и не направив фарма за да можам да дискутирам на оваа тема.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
У принцип повеќето села, бар денеска во 21виов век, бар оние што се во непосредна близина на градовите имаат и асфалт и канализација и струја, вода, интернет, па дури и аптеки, амбуланти, училишта, маркети, градинки, игралишта, спортски сали и.т.н. и пак народот дури и од таквите села кои буквално имаат се од игла до авион што би се рекло се иселува нели кон оние поцентралните урбани средини/општини. А тек па народот да се иселува во уште подалечни и поданбетер села кои немаат апсолутно ништо, ни И од инфраструктурата спомената погоре !
 
Член од
2 април 2023
Мислења
262
Поени од реакции
564
@Nikola Knez баш ме интересира од што ти се состои исхраната.
Ако не си следач на Мирољуб сигурно си следач на некој од тие гуруа што ги викаат или на некој попови/ монаси друго нема.
Тие исто вака зборуваат скроз
Тоа е тоа брат, гледам се знаеш кој сум што сум нема потреба да ти кажувам. Вакви како тебе државата да ја водеа свеЦка сила ќе бевме досега.

Иначе се пишува некои попови а не некој попови, повтори граматика кога веќе се правиш толку паметен. Спортски поздрав.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
347
Поени од реакции
717
[/QUOTE]
Па мора од некаде да се почне, зошто мора да направам документарец како таму живеам за да направам ваква некоја дискусија? Можеби целта ми беше да направам место каде повеќе луѓе како мене ќе се здружат и заедно ќе пробаат да направат нешто? Зошто секогаш мора да биде ајде може, ама ти прв биди?
Тоа исто како кога треба да се протестира за нешто и сите патат од тој комплекс, еве брат би протестирал ама прво да видам дека на улица има 1000 луѓе, и нормално секој тоа самиот си го повторува.
Ете се извинувам што специјално за тебе не купив куќа на село и не направив фарма за да можам да дискутирам на оваа тема.
[/QUOTE]
Извинувањето е прифатено! :D Шала на страна, далеку од тоа дека си прв, а и не си последен овој муабет да го вози, да можеби целта ти е да ги инспирираш луѓето, без ти да го направиш тоа, но има теоретичари, филозофи, па и гледај еден цајтгаст, иста филозофија, ко што реков, на западу ништо ново, но човекот не се стреми кон тоа, едноставно сака да биде хомо релаксус, што на крај ќе му го стави и крајот (терминатор стил, нуклерна војна ќе видиме), но да, еволутивно човекот сака да му е лесно, и со тоа лесно идат и тие социјални мрежи што ги плукаш (а богами и јас зашто се прикриено зло), но вака како дискутираме, не ми е јасна твојата цел, темата е одлична, но после нејзиното отварање, твоите коментари се некако хаотични, немаат цел ниту поента, што сакаш да кажеш, дека ќе живееш на село, нема да живееш на село, туку инспирираш други да го направат, не ми е јасно?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.499
Поени од реакции
18.191
Veke podolgo vreme go zboram istovo megu luge, deka zivotot vo Skopje konkretno stanuva se ponekvaliteten i potezok za podnesuvanje. Imam zelba i rabotam na toa, vo narednite 5 godini da zarabotam i da mozam da si kupam edna kuka, vikendica vo Rastak. Rastak e prekrasno mesto, so kola ne e poveke od 20 min od grad ili 11km, na nadmorska visocina od 700 m, idealno za kardiovaskularen sistem, ubav cist vozduh, ima voda, ima prekrasen pogled kon Skopje, ima ubavo crkvice, ok narod, kooperacija i mnogu od gradot so vikendici gore. Celosno ne bi se izoliral, ama od prolet do oktomvri bi ziveel tamu, podaleku od gradot, od guzvi, prljavstini, gorestini itn.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
900
Поени од реакции
449
Тоа е тоа брат, гледам се знаеш кој сум што сум нема потреба да ти кажувам. Вакви како тебе државата да ја водеа свеЦка сила ќе бевме досега.

Иначе се пишува некои попови а не некој попови, повтори граматика кога веќе се правиш толку паметен. Спортски поздрав.
Па гледам си не писмен и вака полесно ти е да прочиташ и да разбереш.
ПС. Од телефон сум затоа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom