Не видов дека некаде имаше ваква дискусија, отварам тема за враќање на животот во села,планини,природа, што подалеку од "демократијата и цивилизацијата".
Некое време веќе размислувам како млад 24год, кој цел живот го помина во строг центар во град, како и после 3 години живеење во европска метропола, да почнам живот во некое планинско село, како што живеел мојот дедо и неговите претци.
Имам повеќе причини зошто вака почнав да размислувам:
1.Случувањата со пандемијата како главен катализатор на оваа идеја
2.Болните вредности кои се повеќе се пропагираат на денешниот човек (лгбт,трансџендери и слично)
3.Неправедноста на законодавните установи и безбедоносни институции, нивната корупција и немоќ да го заштитат малиот обичен човек
4.Здравствениот систем кој катастрофално пропаѓа, поготово кај нас
5.Стресот и стравот кој се повеќе е застапен во денешниот модерен начин на живеење
6.Апатијата и незаинтересираноста која владее се повеќе кај денешната зомбирана младина
7.Перењето мозоци преку мас медиуми и социјални мрежи
8.Враќање кон она кое е во природното битие на човекот- неговата поврзаност со мајката природа и Бог.
П.С. Не сум подржувач на никаква секташка хипи култура, психоактивни супстанци, јога, медитации и слично.
@Nikola Knez ова ми мириса на подржувач на Др.Мирољуб Петровиќ.
И што ако си во село?
И таму за живот ти треба градски стандард, работа,пари,гориво алати и мшини за работа.
Вода,струја,интернет, греење,ТВ станиците секаде истото го емитуваат,пак зависиш од системот здравствените услуги се исти и за тие во град и за тие во село, тоа што државата никого не заштитува и има корупција каде сакаш сели се исто е никој ме те ферма .......ако имаш деца ке одат на училиште...истото ке го учат...
И сите да се преселат во село.
Само природата ке се уништува дека и тука со тек на време ке има болница,пат,училиште,ноќен клуб и тоа ке постане како град....
Затоа ова и баш нека и некоја логика да одиш во село за градски живот...
А за воздух исто ти е не мисли дека таму е многу поздрав воздухот.Освем некаде в џунгла ако не заминиш.
А ти да си направиш како др.Мирољуб Петровиќ да си работиш за власта и да си кажеш дека од Господ е поставена и така да си користиш корупција и да си се спасуваш за сите далавери не е нај паметно ?
Место да и се противиш, вака изгледа дека се повлекуваш од не моќ.
Не слушај многу глупости сега незнам јас како стојат работите во училиштата и системот јас кога одев на училиште учевме паметни работи но тоа не нѐ интересираше и се смеевме.
Како и да е децата 85% наследуваат од родителите не од наставниците...
Во никој закон не си повикан да
Пушиш, пиеш, да менуваш пол,да се дрогираш,да крадиш,да се тепаш и слично.
Од луѓето(од тебе зависи) тоа зависи не од системот.
Јас имав двајца другари опседнати со истиов филм скроз, едвај во живот ги повративме...башка образовани, начитани, со добри примања и слично.
А и доста не образовани го имаат истиов филм. Демек ке се борат против системот и слично...
ПС. Овој наш систем скапан што го плукаш толку даваше субвенции за живот на село и никој не замина.
Поздрав.