- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.802
- Поени од реакции
- 37.807

Комисијата од Министерството за здравство не најде грешка во лекувањето на малата Јана
По ДСЗИ, и лекарската Комисија формирана од министерот за здравство не утврдила пропусти во третманот на 6 годишната Јана Христовска, која почина во битолската болница само неколку часа по приемот. 5-те специјалисти пред една недела беа во Битола а ја разгледувале и целокупната медицинска...
ОК, да идеме постапно?
...зашто да биде Комисија одредена од Министерство само од доктори, зашто не и од друг високо медицински кадар кои даваат исто услуги со докторите, всушност од какви доктори и со каква пракса и долгогодишно искуство и дали се партиски определени? ова онака како замерка сами грешаваат, сами да си ја најдат грешката, сами да си кажат дека погрешиле и самите да кажат дека се криви?
ај понатака да потенцираме еден момент,
во денешно време постои нели лабораториска анализи за туморски маркери, па и за срцеви маркери, па на малата Јана и' се направиле нели такви испитување, според тоа што прочитавме, дека креатин киназа – CK, CK-MB и биомаркер (тропонин) и' биле со виоки вредности над референтнит вредности? така ли?
што значи дијагностички тоа?
... во клиничката практика квантитативното одредување на СК во серум служи како маркер за инфаркт на миокардот и болести на скелетните мускули, концентрацијата на CK-MB како маркер за рано оштетување на миокардот расте 2-6 часа по нападот, и може да се качува и до 2-3 дена по срцевиот удар.
Причини за покачени вредности:
1. Миокарден инфаркт
2. Миокардитис
3. Перикардитис
4. Мускулна дистрофија
... квантитативното определување на тропонин во серумот служи како маркер за миокардна некроза и акутен миокарден инфаркт, за идентификација на пациенти со висок ризик и следење на состојбата!
... имајќи ги овие два покачени параметри се одредува следен чекор давање САМО инфузија, без разлика дали гликоза или комбинирана со физиолошки, зошто?
затоа што (под претпоставка) педијатрите не помислувале дека ете и во исклучителни случаеви не можело дете да биде во прединфарктна состојба, па тие резултатие не им биле вознемирувачки па да превземат мерки околу тоа, па дале само инфузија како основна дијагноза на дефидрирано дете?
...што ако во моментот било акутен миокарден инфаркт, па со тромболитична терапија се вклучи ткивен активатор на плазминогенот-алтеплаза или било што се превземаат кардиозите при таква состојба за да се спаси животот?
...туку, кога некогаш бил стигматизиран докторот кај нас и пронајдена медицинска грешка во толку случаеви, па трудницата од Струга при породување и' извадиле внатрешните органи јајник, бубрег кој знае што испосекол неукиот гинеколог толку знаел анатомија од тра ла ла медициски студии куј знае каде завршени, па оперира во штала у пм, нит знае каде е сместен крвен сад нит бутур , сечи само и кој знае што хеморагија направил, па морало да се остранат сите засегнати органи, немало медицинска грешка? трагокомично,

да ги видиме и ние превземените мерки и потребните чекори, оти нели запознати сме само со давање инфузија со гликоза и ништо друго или само тоа е доволно за медицина базирана на докази и клиничка слика?
... како тоа пред неколку мееци прележала КОВИД19, што правел матичниот, пак ќе осудуваме дека „корона е крива“? кој тоа и одредил (тестирал) дека била инфицирана со коронавирус, што се превзело после оздравување, пост испитување?
... каде е Извештајот да ја прочитаме стручната евалуација на Комисијата од Министертсво за здравство за третирање на малата Јана Христова, почетокот на ова трагична случка горе доле ја прочитавме и видовме од медиумите, ајде да го прочитаме и крајниот извештај, па да добиеме точна слика дека НАВИСТИНА било превземено све без медицинска грешка? а?
Каде е МЕДИЦИНСКИОТ ИЗВЕШТАЈ?

Јовески за случајот со починатата Јана: Обдукцискиот наод го немаме, работиме со другите докази
Јавното обвинителство работи на расветлување на случајот со починатото малолетно девојче во битолската болница. Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески,

(и тоа пази ваму без извештај од судска медицина овие веќе решиле дека било све во ред, па по инерција на судството да правници партиски привелигирани учат само три години за правници, па пред дипломирање тие веќе полагаат за лиценца, оти факултетот им е САМО ТРИ ГОДИНИ, што очекуваме од господинот кој вели „да им се даде шанса“ на такви правни кадри)!

ООоооооооооо Јана душиче, земја те покри, почивај во мир!
Последно уредено: