Да видам и јас конечно убава и едноставно дизајнирана патика!
Btw, пред еден месец пензионирaв CF Racer bc0023 (вакви исти, не ги сликам моите оти ептен се мршник и излитени..)
И ги заменив со ни повеќе ни помалку:
Да… runfalcon 2.0 што не кошта ни 2500ден, а еден можеби единствен дизајн што ми се свиѓаше!
И ако продолжат Адидас да се заебаваат со екстра глупи дизајни, можеби и ќе ги одјебам! А баш сакав нешто во класата на ултрабуст 22…
П.С. ако некој го интересира ран фалконот…
Екстра патика за парите што многу пријатно ме изненади! Да ефтина е, и делува ефтино на рака..
Ама на нозе е лесна пердув, убаво лежи/опфаќа на пета/глужд, средина на нога прилепена, но не стегната, и комфорна на предниот дел иако можеби малку прениска врз прстите за мој вкус.
Трчање/пешачење/еври деј јус! Асфалт и тротоар.
Одлично ми одговара за сега.
За парите не можам ни да барам повеќе, иако би сакал во скоро време уште еден пар само за трчање(со заоблена пета и поквалитетна пена на ѓонот). А овој модел тоа го нема..