Знам дека не смее, и знам ради што не смее. Затоа циркузантски се обидите на релативизација дека Украина во НАТО безбедносно загрозува Русија. Не, го загрозува Путин и неговата банда. А русинот и даље ќе си живее како што си живее. Сите локации што може да се погодат од Украина, можат и од Финска. Некои чак и боље.
Украина во НАТО секако дека ја загрозува безбедноста на Русија, од аспект на тоа дека едната супер-сила го проширила своето влијание во зоната на друга. Но, не ми е тоа битно.
Битно е тоа што на Русија и се може. И се може да и каже на Украина дека ако не ги прифати политичките услови ќе биде нападната. Што и се случи.
Нападот врз Украина е нарушување на правниот поредок во светот, за сметка на интересите на Русија.
Така беше и при случајот на нападот на САД врз Сирија, Ирак, Афганистан и други. Ние сме против сите тие нелегални инвазии и жестоко протестираме, но ни на крај памет не ни е, на пример, заради воената инвазија врз Јемен (која трае 8 години), ние сега воено да се антагонизираме со КСА - најголемиот производител на нафта. Оттука реакцијата на Западот поголемиот дел од светот ја гледа како дилетантска, наивна и несериозна. Па сега, кај многумина владее дојам дека наместо Русија да биде изолирана, Западоте тој кој е изолиран. Бројките за трговска размена помеѓу Русија и Кина и Индија и др., зборуваат за огромна разлика во количината сега и пред војната. Политички, остатокот од светот уште помалку се однесува како што предвидуваше Западот. А некои земји после почетокот на војната ги зголемија своите врски, не со Русија, не со Западот, туку со Кина.
На пример, прати ја политичката инклинација и работите кои ги направија, во последно време, Бразил и КСА.
Идеолошки подобниот нов бран на политичари на Западот, живее затворен во апстрактниот простор на некакви глупости кои ги етикетираат како социјална правда, новитети во правилна употреба на заменки и сл. идиотизми, несвесен за реалноста.
Тоа дека ова било ватабаутизам, ништо апсолутно не ми значи, како што не ми значи ништо, на пример, приговорот на woke секташите дека си расист ако неќеш да отсуствуваш еден ден од работа за црнците да се осеќаат океј, барем еден ден без белци.
Дали ќе го наречеш ватабоутизам ова или тоа расизам, ништо не ми значи.