Политички случувања во Израел

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Точно, се е релативно, како и сфаќањата за слобода, Северна Кореја по некои сфаќања е најслободна и најдемократска држава (за шизофреничари можеби). Така да исто е и Северна Кореја и Швајцарија. Се тоа тоталитарни режими. Сега продолжи си со муабетот за педерите, муслиманите и вахабистите
Не, еве кажи ми за тебе што е слобода, за да можам да ти одговорам. Пошто муабетот некако ти е, ќе голтнам све ако треба, пошто бетер има, северна Кореја...

@Bafra ова ако не е типичен пример на девалвација на слободата, што е? Со вакви пароли се изгради најтемното општество некогаш создадено, комунизмот. Ова е добро утро на запад, затоа и све тоа ги снаоѓа. Ние вака се тешевме во транзицијата со Бугарија, Албанија и Романија, додека не станавме бетер.
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
Не, еве кажи ми за тебе што е слобода, за да можам да ти одговорам. Пошто муабетот некако ти е, ќе голтнам све ако треба, пошто бетер има, северна Кореја...

@Bafra ова ако не е типичен пример на девалвација на слободата, што е?
Прашањето се однесуваше на тебе, почна да ми релативизираш, ти беше тој што тврди дека сите биле тоталитарни, ја ти викам дека не се, во Швајцарија нема да те стрелаат пошто си кажал нешто лошо за лидерот, нема да завршиш во затвор пошто си ја критикувал владата (во најголем дел), имаш релативно ниско ниво на корупција, економска слобода, прилично ефикасен правен систем и сл. Не знам по кој критериум ти се сите исти. Ако си утопист тогаш може да ти се исти, ако си малце по зрел ќе сфатиш дека структури на моќ има секаде, и во Швајцарија, и во Русија и во Кина, и на работа во корпоративната средина. Само разликата е огромна од една до друга, објаснато грубо на ова видео
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Тука од прилика
Ок, можеш така да го протолкуваш моето напишано, ќе бидам повнимателен и ќе гледам детално да пишувам во идни комуникации, иначе кој знае што следен заклучок ќе ми наметнеш.
Западот не реков дека се цвеќе за мирисање, но учеле од грешките, дозволиле полиберални односи во одредени периоди, за одредени области, па од примитивци кои живееле во кал и лајна, успеале да постигнат развој кој им овозможил да ги победи источните империи кои иако биле побогати со ресурси и претходно на повисоко општо цивилизациско ниво. Миграцијата (посебно големите умови) зашто беше од исток кон запад.
Не знам што со години се препираш на оваа тематика, кога примерот со Русија и Кина е доказ за тоа што го пишувам. Русија никогаш не дозволила државата да ја тргне контрола од било која област на живеењето, додека Кина во економијата дозволи многу поголема слобода него ли во западните држави. Сега веќе почнува друга песна, но Кинезите нека си мислат.

Еден добар збор немам кажано за Нетанјаху во животот. Напротив секогаш сум сметал дека сите што се дочепале на власт после Шарон го деградираат Израелското општество,
Не реков дека претходно си го сакал Биби, туку целиот муабет започна од твоево тврдење:
Во моментов во светов или се протестира од економски причини или од шарено-куртонски причини. Така да ...

Види на пример во Франција колкав бил стандардот пред 25 години, а колкав е сега, опаѓа значи се протестира од економски причини. Види во Израел колкав бил стандардот пред 25 години колкав е сега, расте, значи се протестира од шарено-куртонски причини.
Значи не може да тврдиш дека во Израел е шарена револуција, бидејќи самиот напиша како функционира Израел, а тоа значи игра по сите правила на западот и глобалистите. Поради која причина западот би им правел шарена циркузијада, при фактот дека Биби сакал над судовите да е...
Освен ако не ги фатиле нешто со Русите да мучкаат, ама па и тоа не е ништо ново, многу доселеници од таму им е потеклото.

Затоа што викам дека сите режими се тоталитарни без исклучок (а се виде на крајот и твојата Швајцарија), ме прави поддржувач на тоталитарни режими?
Секако дека не. Туку тоа што секогаш ги браниш таквите режими, посебно источните, никогаш немаш критика за нив.
Неколку пати те имам прашано, што после распадот на САД и превземање на престолот од страна на Кина, дали сметаш дека тогаш рајата поубаво ќе живее, шќиптарите кај нас нема ли пак да се бели мечки....

Не знам за јамајка, ама Ванлок дефинитивно не е за тоталитарни режими, напротив ја би рекол дека е еден од ретките што е против, тоа што се залага за Асанж, Сноуден, ги подржува протестите во Франција, е против комунистичкиот режим во САД итн.
Ванчо ми е на блок, не го ни читам, доволно време изгубив со телетабисот, кој наметнува заклучоци без врска.
Плус он јавно си кажа дека е целосно на страната на Русија, без разлика што и да прават, па оти би губел дополнително време со лицемери кои парите ги прават на запад, а воспеваат источни диктатури.... Едно е да го пцуеш западот за грешките, за злоделата, со цел да се поправат, да не ги копираат тоталитарните држави, но да се радуваш што Кина ќе го превземе престолот, а која е докажана по диктатура, цензура бем ли га, работа е подобро да ни е.

Никој не резонира ништо, само го коментирав педерското знаме. Исто ко да речам, ако ја видам Најчевска и Милчин на некој протест, тој протест е веќе инфициран
Едно е да носиш заклучок врз едно знаме, покрај илјадници државни, друго е ликовите во први редови што ги наброја.
Јас на пример често си шкртав свастика, тоа за некој ќе значи дека сум за Хитлер, ама ти бидејќи си прочитал колку стар симбол е свастиката, нема така од прва да резонираш. :D
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
Ванчо ми е на блок, не го ни читам, доволно време изгубив со телетабисот, кој наметнува заклучоци без врска.
Плус он јавно си кажа дека е целосно на страната на Русија, без разлика што и да прават, па оти би губел дополнително време со лицемери кои парите ги прават на запад, а воспеваат источни диктатури.... Едно е да го пцуеш западот за грешките, за злоделата, со цел да се поправат, да не ги копираат тоталитарните држави, но да се радуваш што Кина ќе го превземе престолот, а која е докажана по диктатура, цензура бем ли га, работа е подобро да ни е.
Па таа е една варијанта, ја мислам поинтересно е да го тролаш. :D

Шала на страна, пишав и на друга тема, голема е веројатноста дечкото и да е на платен список, барем по патернот на пишување и штанцање постови, фиксацијата кон мајка Русија, целосно усогласување со руската мисла и политика, како да гледам некоја глупа верзија од некој претставник од МНР на Русија. Можно и да е општо глуп, ама не изгледа барем вака. Само не знам како ќе влијае на мислењата тука платеникот од Гремлин, најверојатно исто колку Шеки по другите теми, лош избор дефинитивно за стопаните.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Прашањето се однесуваше на тебе, почна да ми релативизираш, ти беше тој што тврди дека сите биле тоталитарни, ја ти викам дека не се, во Швајцарија нема да те стрелаат пошто си кажал нешто лошо за лидерот, нема да завршиш во затвор пошто си ја критикувал владата (во најголем дел), имаш релативно ниско ниво на корупција, економска слобода, прилично ефикасен правен систем и сл. Не знам по кој критериум ти се сите исти. Ако си утопист тогаш може да ти се исти, ако си малце по зрел ќе сфатиш дека структури на моќ има секаде, и во Швајцарија, и во Русија и во Кина, и на работа во корпоративната средина. Само разликата е огромна од една до друга, објаснато грубо на ова видео
Немора мене да ми ја објаснуваш разликата во општествата, јас многу добро ја разбирам. Објасни ми какво е тоа оправдување на корупцијата во средината во којашто живееш со споредба со Северна Кореја. Во САД е све сјајно затоа што во Северна Кореја ништо не чини. По таа логика можеме да заклучиме и дека Иран е сјајно пошто Северна Кореја не чини и разликата помеѓу Северна Кореја и Иран е поголема од таа на Иран и САД.

Се додека слободата ја компарираш со помала и поголема слобода, се дотогаш си прифатил да си роб, во тоа тотално се слагам со @Bafra. Тоа што не се слагам со него е дека постои можност за идеално општество и неговата „утопија“ Швајцарија, која сепак се покажа за некого мајка (за нацистите во вв2) а за некого маќеа (за Путин и компанија), а со тоа и си го покажа вистинското лице и вистинската намена. Воглавном, не постои можност за едно добро општество бидејќи секоја идеологија на крајот од денот се догматизира према центарот на моќ. Човекот не е толку евоулиран за да може тој вирус да го отклони. Демократиите се само беда флека на идејата за слобода и ништо друго. На крајот на денот ти го бираш тој што има повеќе пари за подобра реклама во социјално нездрави политички кампањи полни со докажани и недокажани клевети кои политички го диференцираат народот до степен на омраза. Западот самоја има таа среќа што империјалистичкото минато им дало можност да си го купат со пари социјалниот мир. Нека им снема пари (а ќе им снема), па ќе видиш колкава е демократијата таму.
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
976
Поени од реакции
3.802
И што искочи работава, кој победи?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.678
Поени од реакции
42.257
на бафра уште не му е јасно кој ја води играта. Сорос едно дугме да стисне и активира илјадници лоботомирани на улица. Он е помоќен дури и од Америка.
 
Не знам од каде заклучи дека оправдувам некаква корупција во смисла дека има негде полошо, ти го негирам тврдењето што викаш дека сите се тоталистички режими, и ти објаснав горе дека не се. Разликата помеѓу мене и тебе е што ја не го гледам спасот во техно диктатурите како Кина, каде што владата цел живот ти го следи и контролира со помош на нови технологии, каде за различно мислење од толпата леташ во зандани заедно со се цела фамилија. Од чиста прагматичност ти давам споредба. Нема совршеност но има можност за подобро, под ова подобро не мислам режимите на Кина и Русија да ни бидат репер, или поново ова што САД / Запад почнуваат да стануваат и да подучуваат од овие држави.

Претежно обожователи на режимите од исток уживаат да го верглаат случајот со Сноуден и Асанж што тотално ја промаршуваат поентата, тоа што се случи/случува со нив е трагедија и целосно нарушување на правата на населението, вакви личности во истокот ги снемува заедно со се цела фамилија а не пак да имаат медиумски простор и да има можност за судење. Значи не е исто. Ако на Запад се користат методи како пропаганда, филтрирање на вести од мас медиумите за да бидат по нивни наратив, маргинализација на битни информации , во други општества имаш целосен мрак, цензура и затвор за се што е надвор од главниот наратив на власта.

Се мразам што ќе мора да ставам цитат на личност што воопшто не ми е мила ама ја доловува поентата.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
на бафра уште не му е јасно кој ја води играта. Сорос едно дугме да стисне и активира илјадници лоботомирани на улица. Он е помоќен дури и од Америка.
Среќа наша тебе те имаме, бисерко :D

Тоа што не се слагам со него е дека постои можност за идеално општество и неговата „утопија“ Швајцарија, која сепак се покажа за некого мајка (за нацистите во вв2) а за некого маќеа (за Путин и компанија), а со тоа и си го покажа вистинското лице и вистинската намена.
Па идеално општество, значи идеални луѓе, а такво нешто со среќа на младите.
Јас не зборам за идеално општество, туку системот да нема моќ во сите полиња на живеење и творење, т.е. што помалку и послаби паразити.

Швајцарија врска парите од Русите, замрзна ц.ц. 9 милијарди, но одма кажаа, дека не смеат да ги одземат, противуставно е, за разлика од други држави, а па уште помалку тие 9 милијарди да и ги дадат на Украина.

Претпоставувам парите сеуште си на сметките во сопственост на Русите, а дали можат сега да ги користат или кога ми можеле, под кои услови, тоа не знам.

Израелците неколку дена пред пропаѓање на СВБ си повлекле се што имале ц.ц милијарда долари.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Ок, можеш така да го протолкуваш моето напишано, ќе бидам повнимателен и ќе гледам детално да пишувам во идни комуникации, иначе кој знае што следен заклучок ќе ми наметнеш.
Западот не реков дека се цвеќе за мирисање, но учеле од грешките, дозволиле полиберални односи во одредени периоди, за одредени области, па од примитивци кои живееле во кал и лајна, успеале да постигнат развој кој им овозможил да ги победи источните империи кои иако биле побогати со ресурси и претходно на повисоко општо цивилизациско ниво. Миграцијата (посебно големите умови) зашто беше од исток кон запад.
Не знам што со години се препираш на оваа тематика, кога примерот со Русија и Кина е доказ за тоа што го пишувам. Русија никогаш не дозволила државата да ја тргне контрола од било која област на живеењето, додека Кина во економијата дозволи многу поголема слобода него ли во западните држави. Сега веќе почнува друга песна, но Кинезите нека си мислат.
Дали масакрирање на цели африкански или нативни амерички народи е повисоко цивилизациско ниво? Дали бомбардирање суверени земји е повисоко цивилизациско ниво? Дури САД и да има идеална демократија дома, тоа нема да ја направи да не е опресор во светски рамки. Тоа што западната цивилизација го постигнала е чисто благодарение на агресијата и врз грбот на други народи.

Значи не може да тврдиш дека во Израел е шарена револуција, бидејќи самиот напиша како функционира Израел, а тоа значи игра по сите правила на западот и глобалистите. Поради која причина западот би им правел шарена циркузијада, при фактот дека Биби сакал над судовите да е...
Освен ако не ги фатиле нешто со Русите да мучкаат, ама па и тоа не е ништо ново, многу доселеници од таму им е потеклото.
Исто како што ти не можеш да тврдиш дека не е шарена револуција. Пошто знаејќи ја многу добро историјата на Израел, не би ме изненадило конзервативното тело да има комуникација и координација со Русија. Е сега све ова ми е малце возможно, бидејќи Биби е претежно играч и избор на САД, додека Либерман е со Руски сентимент. Но во моментов тие двајца се во спротивни тимови, па останува да видиме. Но еве како што читам, законот е да може кнесетот да биде над врховниот суд. Ај нека објасни некој што разбира повеќе ама не е тоа како што функционираат западните демократии, каде што парламентот е над врховниот суд или не?

Секако дека не. Туку тоа што секогаш ги браниш таквите режими, посебно источните, никогаш немаш критика за нив.
Неколку пати те имам прашано, што после распадот на САД и превземање на престолот од страна на Кина, дали сметаш дека тогаш рајата поубаво ќе живее, шќиптарите кај нас нема ли пак да се бели мечки....
Зошто мислиш дека Кина ќе го превземе престолот? Најпрво и најосновно, ниту Кина ниту Русија не претендираат за престол. Ако се деси некој да ја превземе улогата што ја имаше САД во последните 3 децении, несомнено ќе го снајде истата судбина што ќе го снајде САД. Но и САД нема да го снајде некоја драматична судбина, туку едноставно ќе наликува извесен период како Русија под Јелцин и после некој ќе ја врати повторно во игра.

Сум ти кажал 100 пати, само ти не слушаш ништо што е вон „твоите“ проекции за некаков си глобален ресет. Ниту Русија, ниту САД ниту Кина можат да бидат моќни сами по себе без присуство на другите. Ако и ти се сложуваш со мене, дека не постои држава која практикува демократија и дека воопшто тој збор се користи само како како замајување и е девалвиран како поим, тогаш незнам зошто моето тврдењето го земаш како одобрување?

Јас само ја констатирам вистината. И сметам дека таа состојба непроменлива. Било каква идеја да се наметне и да се превземе како идеологија, таа на крај ќе биде догматизирана и злоупотребена. И секоја промена/револуција во суштина ќе носи само непотребни жртви. Па така ние како цивилизација мора да ја прифатиме таа состојба на ограничена слобода. Не викам дека не треба да се бориме за целосна слобода, меѓутоа за да можеш да пробаш да го решиш проблемот, мораш да се соочиш со него.

Е сега светот не е глобалистички, колку и да сакаат западните глобалисти да изгледа така. Нечива идеја и нечив мајндсет е поеднаков од еднаквите и тие што имаат поинакви гледишта од нивните не се баш секогаш добро прифатени. Тоа значи дека колку и да неќеме светот е политички поделен на нации, вери и така натаму. Тоа значи дека во таков еден свет си силен, колку што ти е силна(прифатена) групацијата со која се идентификуваш. Тука сакале или неќеле, доаѓаме кај Израел. Они тоа многу добро го сватиле и многу добро го играат. И немаат проблем утре да го променат провајдерот и да се приклучат на Русија, све во заштита на националните интереси. Затоа јас сметам дека покрај све, само националистичкиот (не шовинистички) пристап во денешницата може да носи успех. И затоа сметам дека ние под закрила на Русија би биле во една привилегирана ситуација за разлика од тоа што сме вазали на САД.

Едноставен е заклучокот, светот нема да се смени во догледно време, тоа што јас го констатирам тоа, не ме прави да го подржувам начинот на којшто светот функционира, туку едноставно, наместо да се борам со ветерници, да пробам да барам подобро место во тој свет, таков каков што е.

Едно е да носиш заклучок врз едно знаме, покрај илјадници државни, друго е ликовите во први редови што ги наброја.
Јас на пример често си шкртав свастика, тоа за некој ќе значи дека сум за Хитлер, ама ти бидејќи си прочитал колку стар симбол е свастиката, нема така од прва да резонираш. :D
Верувај ми, знамето е скоро секогаш знак дека нешто лошо се случува.
Автоматски споено мислење:

Не знам од каде заклучи дека оправдувам некаква корупција во смисла дека има негде полошо, ти го негирам тврдењето што викаш дека сите се тоталистички режими, и ти објаснав горе дека не се. Разликата помеѓу мене и тебе е што ја не го гледам спасот во техно диктатурите како Кина, каде што владата цел живот ти го следи и контролира со помош на нови технологии, каде за различно мислење од толпата леташ во зандани заедно со се цела фамилија. Од чиста прагматичност ти давам споредба. Нема совршеност но има можност за подобро, под ова подобро не мислам режимите на Кина и Русија да ни бидат репер, или поново ова што САД / Запад почнуваат да стануваат и да подучуваат од овие држави.
Глупости, никогаш не сум го сакал Кинескиот режим, ниту воопшто комунизмот ми бил мил, па да го барам спасот таму. Ако не разбираш што соговорникот зборува, поарно малце ѕирни му ги ставовите пред да носиш заклучоци за него. Како што 100 пати сум му објаснил на Бафра, јас не гледам спас во ниеден режим, за мене режим е непоправливо зло со кое морам да се носам.

Претежно обожователи на режимите од исток уживаат да го верглаат случајот со Сноуден и Асанж што тотално ја промаршуваат поентата, тоа што се случи/случува со нив е трагедија и целосно нарушување на правата на населението, вакви личности во истокот ги снемува заедно со се цела фамилија а не пак да имаат медиумски простор и да има можност за судење. Значи не е исто. Ако на Запад се користат методи како пропаганда, филтрирање на вести од мас медиумите за да бидат по нивни наратив, маргинализација на битни информации , во други општества имаш целосен мрак, цензура и затвор за се што е надвор од главниот наратив на власта.
Да, ама затоа на западот наместо цензура имаш море од (дез)информации, па после теоретичари на заговори кои се лепат на секоја вистина која треба да се сокрие, па на крајот го имаш и тој тука со приказната за хазарите, кој кај да е ќе дојде да ни ја објасни поврзаноста на протестиве со хазарите. На крајот тие што навистина се борат за поголема слобода биваат стаени во ист кош со равноземјашите, маргинализирани, исмејувани и девалвирани како личности. Па така како што истокот нашол директен начин да цензурира, така западот нашол уште подобар начин за да не ти задира во „слободната“ мисла, пошто све друго ќе бидеш ставен во кош со тие параничните чичковци со смешни приказни.
Автоматски споено мислење:

Израелците неколку дена пред пропаѓање на СВБ си повлекле се што имале ц.ц милијарда долари.
Не е вистина ова, голем дел од финансиите заглавени во банката се на Евреи. Поточно Еврејски стартапи и Еврејски инвеститори (Venture capitalist).
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Дали масакрирање на цели африкански или нативни амерички народи е повисоко цивилизациско ниво? Дали бомбардирање суверени земји е повисоко цивилизациско ниво? Дури САД и да има идеална демократија дома, тоа нема да ја направи да не е опресор во светски рамки. Тоа што западната цивилизација го постигнала е чисто благодарение на агресијата и врз грбот на други народи
Нормално дека не е, затоа и сегашниве генерации ќе си платат дебела цена.
Но повторно се правиш со сила слеп или треба повторно да напишам.
За западот кој живеел во кал, да може да достигне технолошки развој со кој ќе доминира над претходно понапредни системи, морал нешто различно да направи од тие претходно поразвиени држави. При тој развој, не напаѓале, не правеле злодела, отпосле кога увиделе дека им се може, одредена каста си го злоупотребува тој развој, останатите не се противат, па затоа следи кармата.
Различното ти кажав што е, а тоа е дозволиле најобичен народ да ги покаже своите квалитети и способности, спречиле системот да се меша, кочи одредени процеси, немало потреба од ебаниот печат, што е основна и главна причина за корупција. Тргни ја потребата од печат (дозволи, лиценци, регулации) и ќе видиш како со тек на време квалитетот доаѓа до израз, соодветно награден за тоа и најбитното посветла иднина.

Зошто мислиш дека Кина ќе го превземе престолот? Најпрво и најосновно, ниту Кина ниту Русија не претендираат за престол. Ако се деси некој да ја превземе улогата што ја имаше САД во последните 3 децении, несомнено ќе го снајде истата судбина што ќе го снајде САД. Но и САД нема да го снајде некоја драматична судбина, туку едноставно ќе наликува извесен период како Русија под Јелцин и после некој ќе ја врати повторно во игра.
Затоа што тоа си е природен процес, циклус, оти ако не било природен процес, циклус сеуште ќе зборевме Вавилонски.

Штом САД ќе го изгубат приматот, финансискиот центар автоматски се сели на територијата која ја има најмоќната економија, тоа ќе е Кина, а Русија пак други ќе ја молзат.

За тоа дека светот не е глобалистички, тоа е истата мантра на Светскиот Економски Форум, оној истиот во кој членуваат сите олигарси, многу многу минати и сегашни премиери, претседатели, па објасни како твоево мислење е исто на тие што претходно ги обвинувавте за глобализацијата?
Мене ми изгледа дека глобализацијата е завршена, во сите држави се поставени лидери по мерка, олигарсите си се согласни секој да си го владее својот "феуд", држава, област, медот ќе иде во заедничката светска каса, тие ќе бидат "избраните" што се ќе им е дозволено да прават, остатокот според строги правила, одредени од избраните.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.678
Поени од реакции
42.257
Мене ми изгледа дека глобализацијата е завршена, во сите држави се поставени лидери по мерка, олигарсите си се согласни секој да си го владее својот "феуд", држава, област, медот ќе иде во заедничката светска каса, тие ќе бидат "избраните" што се ќе им е дозволено да прават, остатокот според строги правила, одредени од избраните.
Зошто тогаш ако се избрани лидерите се води најкрвавата војна после WW2? Нели ако се глобалисти треба сложно да работат бафренце?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Нормално дека не е, затоа и сегашниве генерации ќе си платат дебела цена.
Но повторно се правиш со сила слеп или треба повторно да напишам.
За западот кој живеел во кал, да може да достигне технолошки развој со кој ќе доминира над претходно понапредни системи, морал нешто различно да направи од тие претходно поразвиени држави. При тој развој, не напаѓале, не правеле злодела, отпосле кога увиделе дека им се може, одредена каста си го злоупотребува тој развој, останатите не се противат, па затоа следи кармата.
Различното ти кажав што е, а тоа е дозволиле најобичен народ да ги покаже своите квалитети и способности, спречиле системот да се меша, кочи одредени процеси, немало потреба од ебаниот печат, што е основна и главна причина за корупција. Тргни ја потребата од печат (дозволи, лиценци, регулации) и ќе видиш како со тек на време квалитетот доаѓа до израз, соодветно награден за тоа и најбитното посветла иднина.
За западот кој што живеел во кал ја достигне својата величина, најголем придонес имаат крстоносните војни, кои го имаат пренесено целото знаење на запад. Пак ако не си знаел, тоа се серија брутални војни, едни од најбруталните што цивилизираниот свет дотогаш ги видел. Можеби на крајот крстоносците биле избркани од истокот, но резултатот е фрустрација на исток која трае до денеска, а просперитет на запад. Другото све е историја, додека истокот се опоравувал и справувал од крстоносците, Турците, и Монголите, западот безгрижно се развивал и колонизирал нови територии, на крајот вклучително и голем дел од истокот. Нема индивидуални приказни тука (или има попут да Винчи), се до индустријализацијата.
Автоматски споено мислење:

За тоа дека светот не е глобалистички, тоа е истата мантра на Светскиот Економски Форум, оној истиот во кој членуваат сите олигарси, многу многу минати и сегашни премиери, претседатели, па објасни како твоево мислење е исто на тие што претходно ги обвинувавте за глобализацијата?
Мене ми изгледа дека глобализацијата е завршена, во сите држави се поставени лидери по мерка, олигарсите си се согласни секој да си го владее својот "феуд", држава, област, медот ќе иде во заедничката светска каса, тие ќе бидат "избраните" што се ќе им е дозволено да прават, остатокот според строги правила, одредени од избраните.
Само правниот и економскиот систем се глобалистички, све друго е далеку од тоа.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Зошто тогаш ако се избрани лидерите се води најкрвавата војна после WW2? Нели ако се глобалисти треба сложно да работат бафренце?
Ах бе бисерко, за лидерите и олигарсите овој период е измислен, рајата страда, они се богатат. Нив не ги интересира нација, етичка припадност, религиска, не чувствуваат никаква обврска да работат за доброто на нацијата. Таквото ги боли Бушови, Бајденови, Кралските фамилии за народот во нивните граници и така секоја држава е испомешана со разни националности.
Трилиони се одлеваат од рајата кон големите фирми, Британскиот премиер јавно изјавува дека трилиони долари чекаат спремни за имплементација на новиот систем, тоа нели е сложно работење бе бисерко.

Само правниот и економскиот систем се глобалистички, све друго е далеку од тоа.
o_O o_O
само правниот и економскиот систем биле глобалистички, демек никому ништо. Економијата е моторот на планетата, а правото е за да може одредена каста да воспостави невалидна моќ со примена на сила. Многу од џандарите да не се во униформа не би кренале рака на протести против сограѓаните, ама под наредба, со оправдување дека штом судот пресудил, тоа е исто ко божја наредба и они идат спроведуваат, без разлика дали е праведно или не.

Значи најбитнтие работи се под контрола на светската елита, ама голема работа. o_O Така и Римската империја функционирала, битно и било економијата она да ја контролира, а се друго им дозволувале на народ да си практикува. Е сега овие планираат целосно да не контролираат, за случајно да не ни текне дека таквата поделба не е според природните правила.
Исто и религискиот ситем спремаат да го сменат, баш да видам како тоа би идело. Може и поради оваа причина Израел ќе гори, сепак и локациски, а и тие фанатиците евреи тешко да ги промениш.
 
чекај, големиот ресет помина? сега на ред е новиот систем?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom