Македонска берза

Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Во претходните десетина години имаше вонредно добро опкружување за инвеститорите со монетарна експанзија, пад на каматните стапки и раст на вредноста на сите активи. Меѓутоа, овие поволни околности за фондовската индустрија завршија, па во 2022. година се виде колку всушност царот е гол и колку големи паразити се фондовите од вториот столб во македонскиот економско-финансиски систем.

Двете најголеми друштва (КБ Прво и Сава) на крајот на 2022. управувале со вкупно 1,8 милијарди евра (57,4 и 51 милијарда денари). Вредностите на инвестициските единици во 2022. им паднале за 2,43% и за 2,35% соодветно (од 252,37 на 246,23, и од 241,50 на 235,84) во период кога инфлацијата во Македонија била 14,2%, што значи дека оствариле реална загуба од околу 17% :shook: Со ова скоро целосно ги поништиле минималните добивки од претходната деценија и според нивните официјални податоци, реалните приноси за претходните седум години им се само 1,00% и 0,73%.

Веројатно и во оваа година нѐ очекува слична ситуација со висока инфлација и пад на вредностите на активите поради растот на каматните стапки, па најверојатно на крајот на 2023. година ќе остварат реални загуби за своите клиенти, а тоа се сите идни северџански пензионери!

Меѓутоа, за сопствениците и вработените во вториот столб немало зима. Влезните и управувачките провизии постојано им растат, па минатата година наплатиле околу 10,5 милиони евра (327,55 и 294,82 милиони денари), а на своите словенечки сопственици им оствариле околу 4,5 милиони евра нето добивка (154,26 и 120,77 милиони денари). Порано Словенците откупувале евтини скапани јаболка и на Македонците им продавале скапи Фруктал сокови, но овојпат многу посуптилно и подискретно ги експлоатираат собирајќи го кајмакот од заштедите на идните пензионери.

Истото важело и за нивните 33, односно 43 вработени. За нив минатата година биле исплатени скоро 1,7 милиони евра (43,2 и 58 милиони денари). Ова одговара на, за македонски услови огромни, просечни нето плати од по околу 90.000 денари. Никој не би имал ништо против давање големи плати на вработените кога би остварувале и големи поврати за своите клиенти наместо мизерните реални 1% годишно. За споредба, просечниот реален годишен поврат на С&П со вклучени дивиденди за истиот период бил дури 9,22% :shook:

Кога ќе се погледне структурата на трошоците, се забележува дека се плаќаат уште многу непродуктивни трошоци како 450.000 евра за маркетинг (13,5 и 13,9 мд), 550.000 евра за старателски услуги (18,4 и 15,1), 1.400.000 евра за регулаторот МАПАС (44,7 и 40) којшто и самиот паразитира внатре во паразитот, како и уште многу други трошоци што овозможуваат дискрециона распределба на средства на клиентелистички групи.

Од ова јасно се гледа дека вториот столб е тенија во македонската економија којашто го јаде скоро целиот поврат на општествените средства со коишто располага, а на осигурениците им остава само трошки. Доколку и оваа 2023. година биде слична како претходната, а сѐ навестува дека ќе биде, тогаш идните македонски пензионери ќе претрпат реална штета поради тоа што уплаќаат пари во вториот столб :shook:

Поради ова, системот којшто ни во најдобри времиња не се покажува како исплатлив за неговите корисници треба веднаш да се укине!
De be druze, pak se nervirash so ovaa problematika? Kazi neshto fino, sto ima, sto nema? Da ne zamina i ti po stranskite berzi? :)
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 27.03.2023 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
- Комерцијална банка АД Скопје - 28.905 обични акции
- Нова стоковна куќа АД Струмица - 618 обични акции
- Гранит АД Скопје - 90.784 обични акции
- Стопанска банка АД Скопје - 29.997 обични акции
- Триглав осигурување АД Скопје - 160 обични акции
- Грозд АД Струмица - 437 обични акции
- Макпетрол АД Скопје - 1.055 обични акции
- НЛБ Банка АД Скопје - 383 обични акции

P. S. Shteta e vakvo portfolio da ne go potroshish duri si ziv...
 
Член од
21 јуни 2022
Мислења
14
Поени од реакции
15
Zdravo,
Koristam mTrader preku Sprarkase Broker. Nekolku dena (pred 10) ne bese dostapen, sega pak e, megutoa ne mi dava "Market Depth".

Ima nekoja promena vo odnos na ova, ili pak se raboti isklucivo za mojot broker?
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936

Нишо лично. На сите го искинаа шо неплаќаат. Последно и КМБ истото го направија.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
KMB очекува 32% поголема добивка годинава. Тргнете се да помие Иљо со последните букви на регистрацијата ,,КБ'', да :)

:aplauz:

KMB.png

Пошо интервалот за пеј аут останува 40 -70%, еве да земеме умерени 60% на ЕПС 1.258 МКД = 755 мкд дивиденда за оваа година. Мојот омилен малтипл пондериран согласно опкружувањето во кое се наоѓа КМБ останува 11. Значи цената на КМБ пред и после Нова 2024 година потенцијално изнесува 13.838 МКД + дивиденда. Секако услов е да нема рецесија наоколу.
Грејт!

#Силвер лајнинг на тапа изработена година е шо наредната старташ 20 метри понапред :)
 
Последно уредено:
Член од
7 март 2023
Мислења
58
Поени од реакции
53
KMB очекува 32% поголема добивка годинава. Тргнете се да помие Иљо со последните букви на регистрацијата ,,КБ'', да :)

:aplauz:

Прегледај го приврзокот 373622

Пошо интервалот за пеј аут останува 40 -70%, еве да земеме умерени 60% на ЕПС 1.258 МКД = 755 мкд дивиденда за оваа година. Мојот омилен малтипл пондериран согласно опкружувањето во кое се наоѓа КМБ останува 11. Значи цената на КМБ пред и после Нова 2024 година потенцијално изнесува 13.838 МКД + дивиденда. Секако услов е да нема рецесија наоколу.
Грејт!

#Силвер лајнинг на тапа изработена година е шо наредната старташ 20 метри понапред :)
Прогнозираат нето исправка на вредност за 40% помала, и генерално помала исправка во 2023 во однос на 2022. Не знам колку е ова реално во однос на зголемените каматни стапки, лаички би рекол дека ќе има и поголема веројатност за проблеми во отплатите на кредитите. Не знам, претходните години и со пандемијата и со економската криза искочи "expect the unexpected" па така и сега не се осмелувам да прогнозирам. Уште една луда работа како напад на Украина кога таман мислевме дека Ковидот е минато и отиде све у 3 лепе. Не сум застапник во теорија на заговори, но како да на големците им тргна дека "living in fear" е одлична стратегија за да станат уште побогати а средна класа да се урниса. Да сме живи и здрави друштво :)
 
Член од
27 ноември 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0

10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Дали направија тие некоја значајна промена во апликацијата? Не.

Дали инвестираа пари во апликацијата? Не. Им беше дадена бесплатно од ЕБРД мислам.

Дали со користење на апликацијата од повеќе инвеститори тие ќе имаат корист? Да.

Навистина не ја разбирам логиката во донесување на една ваква одлука. Баш ме интересира колкав ќе е бројот на корисници на крајот на месецов.
 
Не ми е јасно само зошо Хрвативе го толерираат чоеков да постои воопшто. Од кај има толкав имунитет глупердава за да биде вечен директор. Абе авторитет на ваква институција крева телефон и го одјебува министерот првин за ступидниот данок на капитална во време кога имаме 10 налози на едвај 3 сироти блу чипа. Наместо тарифници да праќа во комисија за налози треба да бара субвенции за стимулирање и едукација. Да им побара 2 години фор за да успее да ја сврти работата, во спротивно шут во КБ брокер пошо само таму веројатно може да ги помине интервјуата, кај сопругата.
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635

Можеби сопругата која е претседателка на МБА е една од најголемите референци за овој транзициски каубоец и ден денес да опстојува како директор на берза.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom