Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
За прв пат повлеков добивка од Интерактив Брокерс преку НЛБ банка. При распределба на девизи нема информација каков документ треба да се прикачи. Јас го прикачив налогот за повлекување на пари, а на мејл им го испратив договорот со Интерактив Брокерс. Од НЛБ досега не ме контактираа дека има грешка. На шалтер не се многу корисни.

Дали знае некој кој документ се прикачува при распределба на девизи во ваков случај?
Налогот најверојатно е единствениот документ што ти треба. Доколку имаш внесувано преку нив вообичаено би требало веќе да го имаат договорот. Во суштина не знам дали воопшто треба да прикачуваш документ, бидеќи префрлаш пари од твоја сметка на твоја сметка.
И мислам дека не би требало да се приложува ништо до моментот додека банката не ти побара. Кај тебе тие средства најверојатно ќе стојат (ако воопшто се стасани) на твојата сметка како нераспределени и тек тогаш може банката да ти побара некаков документ. Плус ако не е некоја голема сума мислам дека не прават никаков проблем.

Ти кога го достави налогот за повлекување од ИБКР и колку провизија земаат? Иначе можело да поминат и до пет работни дена пред ИБКР да го процесира налогот.
 
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Пошто прв пат повлекувам пари, пратив само $750, ИБКР не ми наплати провизија. Провизија од $11 ми наплатија од банките посредници. Налогот го пратив сабајле, до вечер парите беа стигнати во НЛБ. Колку време ќе им треба за да ги испроцесираат, ќе видиме. За НЛБ очекувам провизија од 0.12% или 500 денари.
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
331
Поени од реакции
319

Kaj IB, vo dogovorot ti stoi ednas mesecno povlekuvas besplatno, sekoe naredno ima odredena provizija.
Toa okolu bankite, tvojata banka nema nikakva vrska so transakcijata, ti sI povlekuvas pari od tvojot account kaj brokerot na tvojot bank account (maticna banka), mnogu ednostavno.

Nekoi brokeri , registrirani kako banka ti nudat sopsthen IBAN isto kako I kaj komercijalnite banki, pa prakas ili povlekuvas direkno ne preku pool account, no toa I ne e tolku vazno.

Okolu prijavuvanje na dobivki, gledam ima mnogu nejasnotii na temava, bankata ne ja interesira ili ne smee da ja interesira od kade se parite. Otprilika vo Fev - Mart brokerot ti izgotvuva izvestaj za tekovnata godina do 31.12. Na taa osnova pravis danocna prijava kaj UJP. Vo tek na edna godina moze da imas ilijadnici transakcii, platformata ke presmeta dali si vo dobivka ili zaguba zaklucno so 31.12. Dobivkata se prijavuva , sekako.

Druga rabota e sto bankite se obvrzani da preveniraat perenje na pari pa nad odredena suma (vo EU obicno nad 15k Eur.) gi prijavuvaat transakciite, pa treba da se dokaze potekloto na parite.
Toa sto se slucuva so nekoi banki vo MK e cist primitivizam I ne veruvam deka ima zakonska podloga.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
BABA_2023-03-29_21-51-19.png

Продадов БАБА лонг акциите на 101$. На моментално 50% Фибо мора да има натурален ритрејс. Остануваат во игра странгл и булл шорт пут спред. Последниот потепа вчера и денес
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Не ја фатив Баба на време. Ја затворив со 31% добивка.
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Малку помош од оние кои користат TWS.
Се утепав барајќи во TWS Guide и на YouTube, Long Positions tool и Short Positions tool на TWS и никако да ги најдам каде се.
На TradingView ги има но трејдингвју во комбинација со ИБКР не работи форекс. :(

Да си прашам до оние кои знаат: Дали воопшто TWS има/подржува Long Positions tool и Short Positions tool како што ги има TradingView ?
Барем да не се мачам да барам.

Благодарам однапред.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Untitled.png

Wooo who, what, wait. Нели крашот беше на мени, шо се задеси ? :)
 
Член од
11 септември 2008
Мислења
106
Поени од реакции
89
Малку помош од оние кои користат TWS.
Се утепав барајќи во TWS Guide и на YouTube, Long Positions tool и Short Positions tool на TWS и никако да ги најдам каде се.
На TradingView ги има но трејдингвју во комбинација со ИБКР не работи форекс. :(

Да си прашам до оние кои знаат: Дали воопшто TWS има/подржува Long Positions tool и Short Positions tool како што ги има TradingView ?
Барем да не се мачам да барам.

Благодарам однапред.
Ако целта ти е да поставиш limit order со stop loss и take profit директно на чартот тоа го нема во tws, или барем јас не сум запознат.
Сепак workaround би ти бил идеата да ја имаш визуелно во trading view а во tws во advanced табот во Attach Stop Loss/Profit Taker/Braket да ги сетираш овие вредности и да креираш limit order или market order.
Автоматски споено мислење:

Kaj IB, vo dogovorot ti stoi ednas mesecno povlekuvas besplatno, sekoe naredno ima odredena provizija.
Toa okolu bankite, tvojata banka nema nikakva vrska so transakcijata, ti sI povlekuvas pari od tvojot account kaj brokerot na tvojot bank account (maticna banka), mnogu ednostavno.

Nekoi brokeri , registrirani kako banka ti nudat sopsthen IBAN isto kako I kaj komercijalnite banki, pa prakas ili povlekuvas direkno ne preku pool account, no toa I ne e tolku vazno.

Okolu prijavuvanje na dobivki, gledam ima mnogu nejasnotii na temava, bankata ne ja interesira ili ne smee da ja interesira od kade se parite. Otprilika vo Fev - Mart brokerot ti izgotvuva izvestaj za tekovnata godina do 31.12. Na taa osnova pravis danocna prijava kaj UJP. Vo tek na edna godina moze da imas ilijadnici transakcii, platformata ke presmeta dali si vo dobivka ili zaguba zaklucno so 31.12. Dobivkata se prijavuva , sekako.

Druga rabota e sto bankite se obvrzani da preveniraat perenje na pari pa nad odredena suma (vo EU obicno nad 15k Eur.) gi prijavuvaat transakciite, pa treba da se dokaze potekloto na parite.
Toa sto se slucuva so nekoi banki vo MK e cist primitivizam I ne veruvam deka ima zakonska podloga.
На еден пријател кој што сакаше да уплати пари кон ibkr преку Стопанска банка уште изводи од трето колено не му побараа и пак не заврши работа.
Милијарди се испраа во земјава а они за една swift трансакција од 5к паника ги фаќа и не сакаат да завршат работа.
Автоматски споено мислење:

Јас правев деј трејдинг но ми беше напорно и не многу профитабилно а доста ризично. А и дел од овие тресат зелени. Со времето изградив систем за тргување и го користам но за подолги времески интервали. Помалку стрес а профитот е ОК. Како што пишав се фокусирам на цели асет класи и макроиндикатори. Од сајтови само на seekingalpha сум претплатен но и тој мислам да го откажам зошто не го користам многу.
Тотално се согласувам.
Daytrade e fulltime job и треба многу вежбање и regression testing пред да станеш профитабилен и тука круцијално е да имаш orderflow, ама ова е прилично скапo за stock market затоа повеќето што ги знам прават scalping на крипто пошо е поевтин orderflowot.

Знам да направам day trade или некој трејд кој ќе трае од недела две можеби месец дена, ама фокусот кај што отварам поголеми позиции ми е на
на временски интервали weekly до yearly со многу едноставна стратегија да ја фатам промената на трендот при што воопшто не ми е битно да го фатам дното пошо сакам да видам потврда дека е сменет трендот и веројатноста за успешен трејд ми е поголема, при што точно знам каде ќе ми биде профит земање и каде сум грешка на трејдот и не отстапувам од ова во никој случај.

Порано слушав анализи и вести од разни таканаречени експерти, профи трејдери и инвеститори, но заклучив дека само ми прават како што викаат америте noise и многу успешни идеи ми имаат пропаднато заради тоа.

Гледам многу често опции се споменуваат на темава и само едно ќе кажам за нив дека се high leverage derivative во кој имаш повеќе непријатели освен цена и ќе ја оставам сликава овде од еден паметен човек.
1680129967641.png
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Okolu prijavuvanje na dobivki, gledam ima mnogu nejasnotii na temava, bankata ne ja interesira ili ne smee da ja interesira od kade se parite. Otprilika vo Fev - Mart brokerot ti izgotvuva izvestaj za tekovnata godina do 31.12. Na taa osnova pravis danocna prijava kaj UJP. Vo tek na edna godina moze da imas ilijadnici transakcii, platformata ke presmeta dali si vo dobivka ili zaguba zaklucno so 31.12. Dobivkata se prijavuva , sekako.
Ова е топ ако е така и навивам да се стави на хартија но со новиот закон за Данок на личен доход обврзан си сите добивки да ги пријавуваш на месечно ниво преку аконтативна пресметка и да ти ги одобруваат во УЈП. Плус, препрека најголема се загубите кои се изоставени во член 62 за трегување со хартии од вредност во странство и кои не се пребиваат со добивките (повторно само за во странство).
Замисли хипотетички да доставиш до УЈП наеднаш годишен извештај од брокерот со истргувани 500 опции во кој графата Realised gains пишува 50.000$ a графата realised losses 51.000$ долари Значи резултатот од брокерот за годината ти е -1000$, но доколку загубите не се пребиваат со добивките ќе треба да платиш 5100$ данок на капитална добивка од фактичка загуба. Никаде го нема ова. Истото е и со акции нема разлика освен шо сумите се помали.
IBKR има аномалија шо во извештаите не можеш да ги поделиш опциите по лотови во суштина како и се тргувани туку системот ги генерира во листинг засебно шо не ти врши работа пред УЈП.Толкав реферат им пишав на ИБКР со детално образложение, одговор ручки.

Се ова шо го напишав е мое видување на работите. Од УЈП ме повикаа на состанок да сум и објаснел на раководителката на сектор за Услуги за даночни обврзници се ова шо го мантрам пошо до сеа немала поплаки. WTF. Јас знам најмалку 10 луѓе од земјава шо тргуваат опции шо кој и да прашам крева раменици како не ми е гајле и онака не ти ги следат парите на платформа. Јас сум загрижен шо сериозни средства имам вложено и планирам во иднина и да повлекувам дел по дел.
Обично не прашувам многу многу по форумов но во овој дел и те како. Пишете нешо ако знаете повеќе во спротивно јас ќе пренесам искуство коа ќе се видам со луѓево.
 
Па друже не знам како нема пополаки кога се искинавме од барања за објаснувања, за признавање на данок и слични работи. И секоја управа си има различно толкување за законот. Но секој со проблемите. Кај мене од ноември ниту една пријава одобрена или поништена.

Во суштина има и уште поголем проблеми со оглед на тоа дека акциите се на омнибус сметка ти никаде не фигурираш како акционер, не си должен на странски даночни служби и не можеш да извадиш потврда за платен данок во странство бидејќи ти не си формален сопственик (освен ако самиот закон во странство не бара да се открие и плати во име на beneficiary owner, како во САД) ниту пак фигурираш кај странските даночки служби.
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Пробувам денес на ИБКР да проверам портфолио преку нивниот портал, и вергла вергла ендлесс.
Вклучив TWS и ми изгледаше ОК.
Ако некој денес 31.03 користел ИБКР портал, дали му се случило нешто слично?

Благодарам однапред
 
myarmyofone

Time and Space Traveller
Член од
23 март 2007
Мислења
72
Поени од реакции
67
Пробувам денес на ИБКР да проверам портфолио преку нивниот портал, и вергла вергла ендлесс.
Вклучив TWS и ми изгледаше ОК.
Ако некој денес 31.03 користел ИБКР портал, дали му се случило нешто слично?

Благодарам однапред
не.
 
Член од
13 ноември 2013
Мислења
24
Поени од реакции
8
Ова е топ ако е така и навивам да се стави на хартија но со новиот закон за Данок на личен доход обврзан си сите добивки да ги пријавуваш на месечно ниво преку аконтативна пресметка и да ти ги одобруваат во УЈП. Плус, препрека најголема се загубите кои се изоставени во член 62 за трегување со хартии од вредност во странство и кои не се пребиваат со добивките (повторно само за во странство).
Замисли хипотетички да доставиш до УЈП наеднаш годишен извештај од брокерот со истргувани 500 опции во кој графата Realised gains пишува 50.000$ a графата realised losses 51.000$ долари Значи резултатот од брокерот за годината ти е -1000$, но доколку загубите не се пребиваат со добивките ќе треба да платиш 5100$ данок на капитална добивка од фактичка загуба. Никаде го нема ова. Истото е и со акции нема разлика освен шо сумите се помали.
IBKR има аномалија шо во извештаите не можеш да ги поделиш опциите по лотови во суштина како и се тргувани туку системот ги генерира во листинг засебно шо не ти врши работа пред УЈП.Толкав реферат им пишав на ИБКР со детално образложение, одговор ручки.

Се ова шо го напишав е мое видување на работите. Од УЈП ме повикаа на состанок да сум и објаснел на раководителката на сектор за Услуги за даночни обврзници се ова шо го мантрам пошо до сеа немала поплаки. WTF. Јас знам најмалку 10 луѓе од земјава шо тргуваат опции шо кој и да прашам крева раменици како не ми е гајле и онака не ти ги следат парите на платформа. Јас сум загрижен шо сериозни средства имам вложено и планирам во иднина и да повлекувам дел по дел.
Обично не прашувам многу многу по форумов но во овој дел и те како. Пишете нешо ако знаете повеќе во спротивно јас ќе пренесам искуство коа ќе се видам со луѓево.
Мислам дека не е паметно ние да им објаснуваме на УЈП и да им ги отвараме очите за тоа како според закон треба да ни наплатат поголем данок од тоа што они мислат дека треба да ни наплата, да не испадне со свој камен да си удираме по глава. Најдобро да не знаат ни тие а и ние "нема да знаеме" и ќе си пријавуваме праведен 10% данок од реално направената добивка (или ќе си направиме некоја друга поправична пресметка како што ни одговара на нас а каква што вработен од УЈП три дена нема да знае да провери да види дали стварно е точна..., а не да плаќаме некој данок на загубата што ја правиме од тргување, каков што нема ни во африка. Да не ја правиме македонската и да си патиме од главата :)
 
Последно уредено:

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Никогаш не сум размислувал за отварање на банкарска сметка во странство, првенствено ЕУ зона.
Дали е возможно/изводливо за не резиденти без виза. Онака да идам со пасош (не БГ) у банка.
Да бидам искрен, почнува да ми се лоши од "панаѓуров" кај нас, Почнувајќи од банкарски сектор па до даночно.

Имам чувство дека сум оставен на лична перцепција и персоналоно толкување на законите на било кој шалтерски работник во било која институција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom