Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
27 септември 2010
Мислења
5.073
Поени од реакции
7.160
Ок, ај малце математика. 1 час интензивно возење троши во просек 500-600 калории. Секако зависи од тежина/метаболизам/фитнес и други услови. За 7 часовна тура тоа е 3500 калории. Од каде таа енергија?

Немој да ми кажеш масти, така се топеле тие.

Fitness Instructors hate this one simple trick.

Неколу пати имам осетено што се случува кога ќе снемаш енергија, кога почнував , дали поради лошо планирање, потешка/подолга тура од планираното, итн. Ако се случи ова на сред планина, имаш 2 избори, се враќаш дома пополека или го буташ точакот нагоре.

Пак ќе кажам, збориме за интензивно возење/тренирање, не качување на планина со 22 заби напред, 36 позади, просечна брзина 6-7км/ч. Роад бике најчесто напред е 50/34, позади 11-12 до 28-34.

Друга работа, не ја знаеме ситуацијата на членот, можеби се спрема за трки, можеби само сака да го победи своето претходно време.
Брат, на долги патеки не се користи сила. Ќе пореметиш кортизол, тестостерон и да не редам други параметри. Интензивното се вози максимално 60 минути.

Рекреативци сме на крај на денот. Здравјето треба да ни биде на прво место. Сегменти, просеци заборавете. Дури и компетитивно да се размислува, никој не живее од овој спорт во оваа држава (освен сервисерите и продавачите).
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.964
Поени од реакции
5.822
Кога ќе направиш апдејт до Лесковац и назад 320km или го завртиш кругот од Скопје Прилеп Кичево Тетово Скопје ама со Хибрид не со Роуд тогаш ќе те поканам да возиш со мене до Банско Бугарија и назад со 3 ноќевања таму и едно искачување до Вихрен.
Автоматски споено мислење:

Брат, на долги патеки не се користи сила. Ќе пореметиш кортизол, тестостерон и да не редам други параметри. Интензивното се вози максимално 60 минути.

Рекреативци сме на крај на денот. Здравјето треба да ни биде на прво место. Сегменти, просеци заборавете. Дури и компетитивно да се размислува, никој не живее од овој спорт во оваа држава (освен сервисерите и продавачите).
Користат затоа што немаат никакво искуство а да не зборам дека над 90 посто не знаат технички со само неопходна сила да истераат целодневна тура.
 
Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Тие бројки ги кажав како пример, бидејќи спомнавте 7 саати планинска тура. Не е толку битно колку е интензивна турата, како и да е треба додатна енергија. Тоа што некој може да вози 3/5/7/10 саати без да јаде ништо не значи дека тоа е правилно.

Има луѓе кои прават постови само со вода по 20-30 дена, не значи дека сите треба тоа да го практикуваме.

Гледам дека и двајцата сте искусни, па работи како немора ништо да јадеш не одговараат, некој неискусен ке колапсира на водно.
 
Еве ти пример, земјотресот во Турција. Преживеани наоѓаа и до 10тиот ден. Што мислиш, како телото црпело енергија?

Мастите ги имаме во неограничен број (не значи дека само дебелите ги имаат). Ако возиш лесен интензитет (да можеш да дишеш преку нос и/или да зборуваш без тешкотии додека возеш) тогаш енергетскиот систем ти е масти (сторнирани во телото) и воздухот.
 
Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Не е толку едноставно. Да fasted training се практикува, но не можеш сам да ти текне еј од утре не јадам додека возам.

Прво мора да биде низок интензитетот, инаку телото ќе ги изгори јаглехидратите и ќе падне јако енергијата.

Друго, треба да се меша тренинг на масти и јаглехидрати, дали различни денови или поголеми тури. Ако пробаш само со горење масти, телото се одвикнува од трошење на јаглехидрати при физички напор, па поспор си станал.

Следно, треба да се размисли зашто се практикуваат fasted тренинзи. Најчесто е застапено кај спортисти, кои имаат спортски доктори/нутриционисти/тренери, за да се навикне телото да работи и со двете, јаглехидрати/масти. Еве пример велосипедистите не секогаш имаат пристап до дополнителни јаглехидрати.

Ако станува збор за топење на масти и губење тежина, тоа е сосема различна тема.
 
Знаењето за мастите сум го стекнал од тренерот на Погачар. Дали е спор словенецот? Долната граница (зона 2} ја тренира горната граница (зона 4 и 5) но не и обратно.

Баш со горење масти ќе станеш побрз бидејќи ќе го научиш телото кога да троши масти, а кога шеќери. Нефит велодипедистите бидејќи немаат развиено добро кардио, директно преминуваат во зона 4 и затоа имаат потреба од гелови и им се случува bonking сред вожња. Ги истрошиле шеќерите, а телото не знае како да ги користи мастите (за да се случи тоа, треба да возат енормно споро).

Комплицирана тема е, се гледа дека си читал по нешто, но те охрабрувам подетално да навлезеш во тематиката, па ќе се разбираме.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.964
Поени од реакции
5.822
Тие бројки ги кажав како пример, бидејќи спомнавте 7 саати планинска тура. Не е толку битно колку е интензивна турата, како и да е треба додатна енергија. Тоа што некој може да вози 3/5/7/10 саати без да јаде ништо не значи дека тоа е правилно.

Има луѓе кои прават постови само со вода по 20-30 дена, не значи дека сите треба тоа да го практикуваме.

Гледам дека и двајцата сте искусни, па работи како немора ништо да јадеш не одговараат, некој неискусен ке колапсира на водно.
Види прв услов е пред тура да бидеш добро наспан минимум 6 до 8 саати здраво спиење без чести будења,второ да се најадеш пред да тргнеш и магнезиум 2 саати пред тура значи гладен никако до првите 5,6 саати само вода и тоа голтка по голтка пожелно преку камила за да не вадиш и ставаш бидон и евентуално некоја банана.Што се однесува до техничкиот дел кој 99% воопшто не го практикуваат а многу и не го знаат целата финта е да возиш со темпо со кое ќе направиш компромис помеѓу максимална брзина на возење а минимална потрошувачка на енергија слично кога возиш кола со 90км на сат на отворен пат кога колата најмалку троши гориво а оди со некоја средна брзина.Тоа се постигнува кога во зависност од типот на точакот при некаде 75,80 вртеши во минута да возиш максимално со онаа брзина со која слободно можеш воздухот да го зимаш преку нос а не преку уста,се памти во потсвест тој отпор што го чувствуваат нозете на педалите и во зависност од патот дали е рамен,угорница или удолница се менуваат степените на брзините за во секој момент ти имаш најприближен отпор на самите педали и тука е целиот трик зашто некој како мене вози скоро цел ден а некој ни пола а во зависност.Со ваков режим можеш и да јадеш во вожња ако не сакаш баш да губиш време со паузи а нозете ќе ти бидат делумно уморни мускулите неизгорени бидејки мускул се гори само на поголем отпор отколку што самиот може да трпи долг период.На угорници ако се 5,6% ќе возиш 1 во 1 седнат на седиште а не 1 во 2 или 1 во 3 со станување во орбитрек положба како што прават тркачите за да бркаат време.Генерално проблемот е во самите бајкери што не знаат правилно да практикуваат темпо на движење а не физичката спремност бидејки кондицијата се стекнува со самото возење и потребни се барем десетина тури за да се добие максимумот а во меѓувреме секој ден низ град лабав тренинг од 30 до 40км.
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.838
Поени од реакции
2.106
Може ли да ми кажете каде во ск е најдобро да се направи сервис за велосипед( не работи задна кочница-кочници со течност), се јавив во номад, бараат да им го оставам два три дена за да му променат течност. Не се разбирам многу ама два дена за една кочница нели е малку претерано.
 
Цикло ас позади универзална или порта влае.
 
TNJ

Член од
1 април 2023
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво на сите. Ве молам за информација, ми се оштети капачето од десниот мењач, да ме упатите некаде кај што има стари делови, да видам да не го најдам делот? Или друг совет, ако имате IMG_20230401_112249.jpg IMG_20230401_112249.jpg
 
Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Здраво на сите. Ве молам за информација, ми се оштети капачето од десниот мењач, да ме упатите некаде кај што има стари делови, да видам да не го најдам делот? Или друг совет, ако иматеПрегледај го приврзокот 374167Прегледај го приврзокот 374167
Ќе мораш да купиш нов мењач, не би требало да се многу скапи, но можно е во пар да идат.

Половни види во Fuga, имаат фб страна, мислам имаат доста расклопени делови, но само пластика нема да најдеш.
 
Член од
16 мај 2020
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво дечки.
Деновиве си го средував точакот, до некаде е направен. Фалат уште неколку ситници да се додадат и тоа е тоа.

Подолу ќе ве прашам неколку работи, ќе ми требаат совети и од каде да најдам.

Прво за ново ѕвонче, ќе си земам од пазар. Тоа не ми е проблем.

Имам на велосипедот едно мало апаратче за мерење на брзина. Е сега проблемот е што тој магнетот кој што беше заштрафен на железата ми има испаднато. Да не купувам сосема нов мерач, знаете ли каде може да се најде таков магнет со штраф? Каде да барам? Ако знае некој во Аеродром ако има, уште подобро.
Прегледај го приврзокот 328616
Прегледај го приврзокот 328617

Другата работа, сакам да земам и држач за телефонот. Но не некаков си обичен држач, туку држач за телефон со светло испод него. Предно светло немам, а тоа за ноќна вожња не е баш најбезбедно.

Гледав вакви нешто:
Прегледај го приврзокот 328618Прегледај го приврзокот 328619

Немора баш такви, нешто поедноставно.

Најважно ми е да може да ми го собере телефонот од 6,4 инчи (Samsung Galaxy A50), да го држи цврсто, и да има светло од доле. Друго ништо посебно во врска со тоа не ми треба.

Ако знаете каде има вакво нешто по продавниците овде, пишете каде па ќе отидам да побарам. Ако има и на пазарче, уште подобро. Таму и така ќе одам за ново ѕвонче.

Друго што ми преостанува, можам една торбичка да земам да ја ставам во долниот дел на точакот, ама тоа можеби нема да ми треба толку сега, бидејки не ни одам надвор од градот со велосипед. Можеби во иднина.

Задно светло имам едно црвено, на тоа само треба да му се смени батерии.

И друго горе доле се е океј со точакот.

Ако знаете каде ги има тие работи, пишете.

Edit:
Или пак, да земам ваква торбичка:
Прегледај го приврзокот 328620
Па на неа и телефонот да го наместам, и само предно светло да си ставам? Која би била подобра варијанта? Генерално точакот на кеј го возам, а телефонот го користам за мерење преку Samsung Health, или ако некој ми се јави. Знаете такви торбички каде има во градот?

Edit 2:
Еве за каков магнет станува збор
Прегледај го приврзокот 328623Прегледај го приврзокот 328624

Најдов на интернет од некои Македонски сајтови, ама кога ќе ги отворам ми отвара AliExpess, а нејќам ништо од интернет да нарачувам сега.
Тој магнет што го имав јас беше обичен, со еден штраф. Дури и беше малку рѓосан штрафот. Можеби заради тоа и беше испаднал тој магнет. Уредот за мерење на брзина го земав од Стокомак пред едно 4 години ако не се грешам. Се најде, за едно 250д. ми заврши доста работа. Иако знам дека не е прецизно, важно за чисто информативно, да видам на пример колку е часот е доста корисно. Брзините што ги мери тој апарат и тие што ги добивам од Samsung Health се секако различни. Ама не е да се каже бескорисно.

Гледав за неколку делови во nomad, ама таму со цените се изгор. Не ми се дава 1000 денари за обично предно светло, или торбичка за држач на телефон...

Доколку сеуште немаш најдено држач за телефон со светло.
Screenshot_20230421-091505_Facebook.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom