Пред пола година на шега се споменуваше вакво нешто, сега стотици Т-55 на железнички композиции се упатуваат некаде. Пред војната се споменуваа 15К МБТ во рускиот арсенал не сметајќи ги Т-62 и Т-55 туку само Т-64, Т-72, Т-80 и Т-90 во разни модификации. Од нив се сметаше дека барем една третина се активни а остало резерва. Според еден сајт кој се бави само со видео или фото документирани загуби, РФ има неповратно загубени 1895 МБТ до денес што значи би требало да имаат барем 3000 активни и 10К резервни тенкови. Досега се загубени и 73 Т-62 при што се поставува прашање што бидна со сите тие резерви, каква потреба има за Т-62 на фронт?!