„...Од МВР велат дека „промената на цените се прави поради зголемените набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот, како и набавка на нови машини “.
...а пекарите, земјоделците немаат зголемени трошоци што Владата им ги замрзна цените на производите? ааа? набавните цени на семе, брашно,работна сила не им се зголемени? ааа? за нив не треба нови машини за производство на леб, за нивата обработување или нивните земјоделски машини се перпетум мобиле, па немаат гајле? ааа?
... зашто владата не ги замрзне цените на МЕНУВАЊЕ на лични документи не по наша воља и кривица? зашто Владата не земе ЕУ кредит за цела ова циркусијада на меување на лични документи да докаже дека се грижи за народот за да народот не плати ништо за промени за која „таа потпиша“ да ги сменат личните документи на кои наместо Република Македонија, треба да стои Северна?
...па замислите уште да ги сменат според рокот на старите документи, ако важат на пример уште една година, се менува нови документи ама со ист рок на важење од една година, па по таа една година јово на ново пари за менување на истите лични документи!
... колку первезно Владава „игра“, прво почна со смрзнување на цените и намалување на цени на некои производи за 3 -5 денари помалку, па дури и за еден денар сирењето поевтино, за да не се „збогатат“ производителите или бизнисмените, нели на грбот на народот, арно ама со ова покачување на цените на личните документи кој ќе се збогати?
Кои нели се даватели на личните документи кои сакаат преку ноќ да се збогатат, нема да пишам, погодите сами!